Контакт

Економија

АХВ: Граѓаните да не го посетуваат ресторанот „Мир“, затворен е поради нехигиена

Објавено пред

Агенцијата за храна и ветеринарство поднесе кривична пријава против сопственикот на ресторанот „Мир“ во прилепското село Ораовец, кој е лоциран на вештачко езеро, поради сомневање за сторено кривично дело симнување службен печат или знак, односно поради отстранување службен знак – лепенка „Затворено од Агенцијата за храна и ветеринарство“. Лепенката е поставена од инспекторите за храна на Агенцијата по извршената вонредна инспекциска контрола на 4 септември годинава.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите апелираме до граѓаните да не го посетуваат овој угостителски објект бидејќи тој не е под контрола на инспекциските служби на АХВ и тој е ризичен за нивното здравје. Доколку се решат на тоа, посетата ќе биде на нивна лична одговорност. Ресторанот ‘Мир’ ДООЕЛ не е регистриран од АХВ“.

Со извршените три инспекциски контроли (вонредна контрола на 17 август, контролен инспекциски увид на 29 август и извршен вонреден инспекциски увид на 4 септември), од страна на инспекциските служби на АХВ утврдено е дека ресторанот не ги исполнува основните услови за хигиена на храна, односно во него нема безбедна вода за пиење, подготовка и хигиена (на храна и општа хигиена на гостите) бидејќи тој е исклучен од градската водоснабдителна мрежа. За констатираните недоследности со контролите, покрај изречените парични казни, поведената прекршочна постапка, издадено е и решение за забрана за вршење угостителска дејност во ресторанот, кое сопственикот не го почитува, а поради што, и по последната спроведена вонредна инспекциска контрола поставен е службен знак – лепенка „Затворено од Агенцијата за храна и ветеринарство“, кој тој самоволно ја отстранил“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Економија

Менаџерски промени во „Триглав осигурување – живот“ АД Скопје – Вилма Учета-Дузлевска нов генерален директор

Објавено пред

Компанијата „Триглав осигурување – живот“ овие денови доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презеде челната позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето.

Учета-Дузлевска е добитник на годинешната награда Business Elite’s 40 under 40 како една од најуспешните млади бизнис-лидери во Југоисточна Европа.

Компанијата „Триглав осигурување – живот“ АД Скопје како дел од Групацијата Триглав, која е воедно најголемата осигурително-финансиска групација во регионот – „Адрија“, на македонскиот осигурителен пазар постои од 2017 година.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Нов протест на оштетените од Еуростандард банка

Објавено пред

Оштетените од пропаѓањето на Еуростандард банка најавуваат дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, како што наведуваат, на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, а тоа е Народната банка.

Протестот ќе почне во 15 часот на 30 октомври, еден ден пред Светскиот ден на штедењето.

„Ги повикуваме на поддршка сите граѓани што досега биле оштетени на кој било начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани што сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции што работат во интерес на граѓаните, а не на криминалците. На 30 октомври ќе протестираме, а на 31 октомври ќе мечтаеме дека еден ден, доколку проработат правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно“, се вели во повикот.

Прикажи повеќе...

Економија

Вработените во државните органи и судството ќе земаат К-15 од следната година

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ) предводена од претседателот Пецо Грујовски и генералниот секретар Трпе Деановски.

Од Владата соопштија дека е договорено во буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди и исплата на регрес за годишен одмор согласно потпишаниот Грански колективен договор, односно за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

„На средбата со претставниците на Синдикатот на УПОЗ е разговарано дека Владата на Република Северна Македонија ќе даде насока исплатата на регресот за годишен одмор да се одвива во месеците јули, август и септември 2021 година, односно веднаш по исполнувањето на условот вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај работодавачот“, соопштија од Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет1 час

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија2 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет3 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија4 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет4 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет4 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет5 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа5 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет15 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија16 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа18 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија19 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија19 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија20 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт22 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет22 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет24 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија24 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука1 ден

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Досие