Контакт

Економија

Бабовски: Исплатени речиси 138 милиони денари за субвенци за градинарски култури

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска, на сметките на 2.944 субјекти исплати речиси 138 милиони денари за градинарски култури предадени во преаботувачки капацитети.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појаснува дека станува збор за исплата на средствата од мерката 1.7, односно исплатени се субвенциите од дополнителната мерка за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Средствата за оваа намена, како што информираат од Агенцијата, им се исплаќаат на земјоделците во време кога се во полн ек подготовката и почетокот на есенската сеидба на градинарски култури за новата реколта.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пред неколку дена исплати и 195 милиони денари за предадено млеко и за оризова арпа. Од вкупната сума, 153,4 милиони денари легнаа на сметките на млекопроизводителите и 41,4 милион денари на сметките на 1.130 оризопроизводители за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа, која се донесе поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа нова дополнителна субвенција се поттикна договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, информираат од Агенцијата.

Економија

Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

Објавено пред

Вкупните депозити во август бележат годишен раст од 5,2 % при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите поизразен кај секторот домаќинства. Со изземање на податоците за Еуростандард банка АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 % соодветно, соопшти Народната банка.

Вкупните кредити исто така бележат годишен раст од 6,9 % како резултат на кредитирањето кај двата сектора. Со изземање на податоците за Еуростандард банка АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 и 8,8 % соодветно.

„Во август вкупните депозити бележат месечен пад од 1,1 %, што се должи на намалувањето на депозитите на секторот домаќинства во услови на раст на депозитите на корпоративниот сектор. Вкупните депозити се зголемени 5,2 % на годишна основа при раст на депозитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот домаќинства. Доколку се исклучат податоците за депозитите на банката во стечај, вкупните депозити во август бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 % соодветно“, се наведува во соопштението.

Вкупните кредити во август се пониски 1,4 % на месечна основа, што во услови на раст на кредитите на домаќинствата во целост го одразува намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. На годишна основа вкупните кредити бележат раст од 6,9 % како резултат на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај секторот домаќинства. Доколку се исклучат податоците за кредитите на банката во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 и 8,8 % соодветно

Според податоците на Народната банка, кредитите на домаќинствата овој месец бележат месечен раст од 0,3 %, што е резултат на повисоките кредити одобрени во денари, а кредитите во странска валута бележат пад. На годишна основа растот изнесува 9,0 % и е поизразен кај кредитите одобрени во денари. Со исклучување на податоците за кредитите на домаќинствата на банката во стечај растот на месечно и годишно ниво изнесува 1,2 и 10,0 % соодветно.

Во август, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, бележат месечен и годишен раст од 0,4 и 9,6 % соодветно. Станбените кредити се намалени 0,3 % на месечно ниво при остварен годишен раст од 13,0 %. Кај автомобилските кредити падот на месечна и на годишна основа изнесува од 0,9 и 10,7 % соодветно.

Кредитите одобрени на кредитни картички бележат минимален месечен раст од 0,1 % при годишен пад од 3,7 %, а негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,1 % при годишен пад од 10,9 %. Кредитите одобрени врз други основи во август се непроменети на месечна основа, а на годишна основа се намалени 5,4 %.

Прикажи повеќе...

Економија

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Објавено пред

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во договорот за концесија со ТАВ Македонија, наменети за изградба на карго -аеродром во Штип да се пренаменат за проекти од јавен интерес на државата. За ова информираше министерот за економија, Крешник Бектеши, кој денеска оствари работен состанок со менаџментот на ТАВ Македонија.

Министерот рече дека до во наредниот период Владата и концесионерот ќе склучат анекс на договорот за концесија со што од следната година ќе започне реализацијата на проектите.

„Анализите покажуваат дека изградбата на карго-аеродромот во Штип не е економски оправдана и сакаме тие средства да ги пренамениме за проекти од јавен интерес за подобрување на животот на сите граѓани, како што се училишта, градинки, водоводи, канализации и реконструкција на општински згради со цел да се олесни пристапот до услуги за граѓаните. Се работи за сума од 49,7 милиони евра“, кажа Бектеши.

Министерот информираше дека општините веќе минатата година доставиле свои проекти кои се приоритетни за реализација.

„Владата има список на проекти кои се приоритетни за реализација, а се доставени од општините. Кога ќе се потпише анекс-договорот ќе бидат објавени и проектите коишто ќе се реализираат и динамиката за новна реализација“, рече министерот Бектеши.

Тој кажа дека и во наредниот период ќе продолжи успешната соработа помеѓу Министерството за економија и ТАВ Македонија со цел подобрување на услугите за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ бензините поскапуваат за два, а дизелот за половина денар

Објавено пред

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 2 денари по литар, во однос на цените утврдени минатата недела и со тоа цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 ден/лит.

Цените на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, па така еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 49,50 ден/лит, а цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.

Од Комисијата информираат дека во изминатиот седумдневен период сите цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа: на бензинот за 4,663%, на дизелот за 3,692%, на екстра лесното масло за 2,769% и на мазутот за 5,388% .

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија9 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет9 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија9 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија10 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија11 час

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија12 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија13 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа14 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија15 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија15 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет16 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија17 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет1 ден

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија1 ден

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија1 ден

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија2 дена

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија2 дена

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија2 дена

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Досие