Контакт

Економија

Бабовски: Истекува рокот за поднесување апликации за мерката 3 по ИПАРД-програмата

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој информира дека утре истекува рокот за доставување апликации за мерката 3 – „Инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ по ИПАРД-програмата.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека со овој јавен повик им се овозможува на домашните претпријатија и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Притоа, нагласува Бабовски, 75 отсто од средствата што ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија – ИПАРД 2014- 2020, а 25 отсто од средствата ќе бидат кофинансирани од буџетот на Република Македонија.

„Ги охрабрувам сите стопанственици што сакаат да ги зголемат капацитетите да градат нови или да ги опремат со нови современи машини за преработка на земјоделски производи, месо, млеко, да аплицираат затоа што на располагање само со оваа мерка се 13,2 милиони евра, средства што може да им го олеснат работењето, да ги направат нивните производи со поголема додадена вредност, а претпријатија да станат поконкурентни,“ истакна Бабовски.

Оваа мерка се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за млеко, млечни производи, месо и производи од месо, вклучително и јајца и живина, овошје, житни зрна, мелнички продукти, вино и шира. Дополнително, финансиската поддршка се зголемува 10 отсто доколку се работи за инвестиции во згради или опрема чија намена е да се подобри енергетската ефикасност, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој.

Ефикасното искористување на парите од ИПАРД-програмата е врвен приоритет на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но и на Владата, затоа што вложувањето на овие средства во агросекторот значи модернизација и зголемување на конкурентноста на македонското земјоделство, се посочува во соопштението на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Оттаму додаваат дека само на првиот повик од ИПАРД 2 се склучени околу 940 договори со вредност од 18 милиони евра, што е повеќе од целиот програмски период за ИПАРД 1.

Најново

Спорт7 минути

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија17 минути

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија49 минути

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт1 час

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија2 часа

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...

Црна хроника2 часа

Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна...

Регион2 часа

Една од моите најтешки ноќи, на патот на пожарот се најдоа многу куќи, туристи и жители, изјави командирот на пожарникарите во Омиш

Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново...

Македонија2 часа

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е...