Контакт

Економија

Банкнотата од 500 евра заминува во историјата

Објавено пред

Централните банки на Германија и Австрија само до крајот на неделава, односно до 26 април ќе издаваат банкнота од 500 евра. Преостанатите 17 централни банки во еврозоната го прекинаа печатењето на таа банкнота уште во јануари.

Европската централна банка во 2016 донела одлука во новата серија банкноти со зголемени безбедносни карактеристики повеќе да не биде и таа од 500 евра. Надлежните сметаат дека укинувањето на оваа банкнота ќе придонесе за сузбивање на тероризмот и работата на црно.

Претседателот на германската централна банка, Јоханес Берман, за весникот ,,Франкфуртер алгемајне цајтунг” изјави дека централните банки во Германија и Австрија досега издавале најмногу банкноти од 500 евра.

„Затоа беше донесена одлука тие последни да го престанат со издавањето. Голем логистички потфат е сите банкноти од 500 евра да се заменат со банкноти од 100 евра”, рече Берман.

Моментно уште во оптек се 509 милиони парчиња банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.

Економија

ССК до Владата достави 78 економски мерки за подобрување на работењето на компаниите

Објавено пред

Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК) на традиционалниот деловен појадок со претседателот на Владата достави пакет од 78 мерки во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, претседателот на Владата, Зоран Заев, и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во присуство на деловната заедница, дипломатскиот кор, ресорни министри, претседатели на комори, во своите официјални обраќања jа истакнаа важноста од активно вклучување на Сојузот, во креирање политики за создавање подобри услови за деловната заедница со континуирано јакнење на јавно-приватниот дијалог, а со тоа и на влијанието за раст и развој на националната економија.

Пораката што деловната заедница ја упатува со економските мерки на годинешниот деловен појадок сублимирано е да се спроведе сериозна борба со сивата економија, да се елиминираат големиот број парафискални давачки што го оптоваруваат стопанството, да се создадат стабилни услови за водење бизнис за да се охрабрат претпримачите и граѓаните да инвестираат и да работат во приватниот сектор, кој треба да биде двигател на економскиот раст во земјата, рече Арсовска во своето обраќање.

„Сојузот подготви пакет од 78 економски мерки што се однесуваат на измена на законската регулатива,  административните бариери и парафискалните давачки, кои се голем предизвик во секојдневието на приватниот сектор, неопходност од дигитализација, поддршка на компаниите во надворешната и внатрешната трговија, индустријата и градежништвото. Секоја од предложените мерки е утврдена во согласност со истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во областа“, изјави Арсовска и доби ветување од претседателот и заменик-претседателот на Владата дека сериозно ќе се пристапи кон нив и сооодветно ќе реагира со точно утврдени рокови за реализација.

Во своето обраќање претседателот на Владата, Заев, упати апел до компаниите оваа година да ги искористат сите можности понудени преку планот за економски раст и Законот за државната помош за што годинава од буџетот се издвоени 70 милиони евра за поддршка и за развој на приватниот сектор и за домашните и странските компании. Тој додаде дека и оваа година со измените на законот ги олесниле критериумите, со тоа што и трговските компании, кои реализираат производство стануваат корисници, исто така и компаниите од ИТ-индустријата, како и компаниите од преработувачката индустрија од земјоделството, мерки што биле предлози и од Сојузот.

Заменик-претседателот на Владата, Анѓушев, ги информира присутните за досегашните резултати од реформите, странските инвестиции, кои веќе почнаа со инвестицискиот процес, новата чешка инвестиција, планираниот тендер за изградба на фотоволтаици, како и новите мерки за стучно усовршување на кадарот.

На деловниот појадок претседателството на Сојузот ги елаборира економските мерки што треба да се преземат за подобрување на деловниот амбиент. Сојузот на стопанските комори е познат по своите значајни достигнувања во креирањето економски мерки базирани на анализи на предизвиците и конкретни предлози за нивно надминување, мерки што во изминатите години имаa и до 80 отсто реализација.

Прикажи повеќе...

Економија

„Панасоник“ ги прекина сите трансакции со компанијата „Хуавеј“

Објавено пред

Јапонската компанија „Панасоник“ објави дека ги прекинала трансакциите со кинеската компанија „Хуавеј“. Вашингтон ја стави оваа кинеската компанија на црната листа и ја обвини дека придонесува за шпионски активности на Пекинг.

„Ги прекинавме сите наши трансакции со ‘Хуавеј’ и нејзините 68 разграноци што се опфатени со забраната на американската влада“, рече портпаролот на „Панасоник“, Џо Флин.

„Хуавеј“ набауваше електронски компоненти од јапонската компанија.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, воведе вонредна состојба за да ги заштити американските компјутерски мрежи од нападот на „странските противници“. Не е познато поради која компанија беше воведена вонредната состојба, но се верува дека тоа е „Хуавеј“.

Прикажи повеќе...

Економија

Мобилните оператори во Европа и Азија ги откажуваат нарачките на телефоните „хуавеј“

Објавено пред

Си-ен-ен јавува дека мобилните оператори во Европа и Азија почнале да ги откажуваат нарачките за паметните телефони на „Хуавеј“. САД ја стави компанија на црната листа поради што овој кинески гигант не може да добие софтвер и одделни компоненти од доставувачите во САД, без специјална дозвола.

Постојните уреди не се загрозени, но забраната ќе влијае на новите телефони, како и на водечката позиција на „Хуавеј“ во светот во однос на 5Г-мрежата.

„Водафон“, вториот по големина мобилен оператор во светот, вчера објави дека ги запира нарачките за паметните телефони Huawei smartphone 20X за Велика Британија. Ова е модел компатибилен со 5Г-мрежата.

„Ова е привремена мерка што ја воведуваме додека постојат неизвесности за новиот уред на Huawei 5G“, изјави портпаролката на компанијата.

Најголемиот оператор ЕЕ во Велика Британија исто така го одложува воведувањето на новите паметни телефони на „Хуавеј“. Минатата среда сличен потег беше направен и од најголемиот јапонски мобилен оператор, кој го одложи претставувањето на Huawei P30 Lite.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ7 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски8 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија9 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион11 час

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет12 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт13 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа13 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија1 ден

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија1 ден

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија1 ден

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија1 ден

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија1 ден

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет1 ден

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет1 ден

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие