Контакт

Економија

Бачовски: Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 41 субјект исплати близу 22 милиони денари за плата за овчарите. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите регистрирани земјоделски стопанства кои се стекнале со право за добивање ваква поддршка.

dobivaj vesti na viber

„Финансиската поддршка за оваа мерка е исплатена на сите сточари кои во период од една година не го намалиле бројот на вработени. Фармерите кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска висина над 700 метри, односно регистрираните одгледувачници се наоаѓаат во населени места со надморска висина над 700 метри добија поддршка од 100% од просечната плата во дејноста за период ноември 2018 до декември 2020 година. Оние фармери кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска висина под 700 метри надморска висина добија помош од 60 % од просечна месечна нето-плата во секторот“ – информира Бачовски

Средствата се доделуваат во сооднос едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда. Максималниот износ на исплатени средства е до 360.000 денари од вработен и за не повеќе од 20 вработени.

Агенцијата продолжува да биде партнер на земјоделците и сточарите. Во еден ден, без селекција се исплаќаат средствата за субвенции на сите кои правно-законски ги исполниле условите за добивање на истата и не се должници кон АД „Водостопанство“, АД „Пасишта“ или за закуп на земја преку МЗШВ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Битиќи: Странските компании и Владата имаат стабилно партнерство за работа и развој

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и економскиот тим на Владата на РСМ, остварија редовна квартална работна средбa со Асоцијацијата на странските компании со технолошко напредно производство, на која дискутираа разни предлози и решенија што би влијаеле за подобрување на условите за водење бизнис во државата.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разгледани клучните иницијативи и предлози во врска со прашањата за енергетика и инфраструктура во делот на олеснување на процедурите за поставување фотоволтаици во големите производствени компании.

Другите теми на состанокот беа царина, даноци, државна помош, пазар на труд и грижа на инвеститори.

Дел од барањата на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство се однесуваа на усогласување на царинските стапки до ниво на ЕУ, за дополнителни тарифни ознаки за суровини и репроматеријали, продолжување на примената на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, превод на меѓународни стандарди за финансиско известување и ред други теми што би ги подобриле условите за водење бизнис во државата.

„Секогаш со внимание ги слушам забелешките на инвеститорите и сум отворен за забелешки за тоа како да ги подобриме условите за работењето на компаниите. Нашите напори одат во правец на поддржување на економијата од обновливи извори на енергија, што е многу значајно за нас како Влада“, рече вицепремиерот Битиќи.

Присутните претставници од Асоцијацијата на странските компании го изразија нивното задоволство од соработката со државните институции, а што е во интерес на економијата и граѓаните на Северна Македонија во целина.

Прикажи повеќе...

Економија

Андонов: Државите што направија стратешка транзиција полесно ја поминаа енергетската криза

Објавено пред

Соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов, учествуваше на четвртиот самит за енергетика „СЕТ Требиње 2023“ во Требиње, Бoсна и Херцеговина, кој се одржа со слоганот „Енергетска стабилност на Западен Балкан“ и на кој учество зедоа 720 учесници од целиот регион, меѓу кои беа и креатори на регионални енергетски политики и иницијативи.

dobivaj vesti na viber

Андонов имаше свое обраќање на првата панел-дискусија со наслов „Забрзување на регионалниот одржлив план и транзиција кон чиста енергија“, на која зборуваше за националната стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, како и за енергетските политики што ги спроведува Владата на Република Северна Македонија.

„Кризата нѐ научи да размислуваме и да дејствуваме постепено, чекор по чекор да ја правиме транзицијата, да не брзаме. Се прават анализи за влијанието на новиот механизам на Европската комисија CBAM (Carbon Border adjustment mechanism) врз домашната економија.

Преку зголемување на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан успешно можеме заеднички да се справиме со предизвиците што ни доаѓаат“, рече соработникот за енергетика, Виктор Андонов, на панел-дискусијата посветена на забрзување на регионалниот одржлив план и транзиција кон чиста енергија во Требиње, Босна и Херцеговина.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи: Со инфраструктурните проекти од програмата на ТАВ го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, ја посети општина Чучер Сандево, каде што e завршен инфраструктурен проект од ТАВ-програмата.

dobivaj vesti na viber

„Во оваа општина се работеше на реконструкција со асфалтирање улица во должина од 2 километри, која ги поврзува селата Мирковци и Бањани, односно поврзува 2 илјади наши сограѓани од овие села или речиси 10.000 сограѓани од целиот овој регион, кои секојдневно ја користат.

Токму ова се придобивките од инфраструктурните проекти на ТАВ-програмата, локални инфраструктурни проекти во сите општини, во целата држава, кои го подобруваат квалитетот на живот на сите наши граѓани“, изјави Битиќи.

Тој информира дека веќе се реализирани 70 % од почнатите проекти од ТАВ-програмата, а сите ќе бидат завршени во предвидениот рок до крајот на 2023 година.

„Со добро планирање и работа, сѐ се може! Градиме водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти, кои се значајни за сограѓаните што живеат во овие општини.

Ја јакнеме локалната инфраструктура, задоволен сум кога ја гледам динамиката на реализација на проектите, тоа значи дека моите сограѓани добиваат и квалитет и навременост“, изјави Битиќи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Апелација одлучи за „Плацови на Водно“: Мијалков ослободен од затвор, Груевски треба да издржи девет години

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот познат како „Плацови на Водно“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во...

Топ2 часа

(Видео) Запленети четири вреќи со марихуана вредни околу 100.000 евра, дилерите при бегство оштетиле полициско возило

Полицијата спречила транспорт на речиси 35 килограми дрога, а во врска со настанот уапсени се две лица од скопско Арачиново....

Македонија2 часа

Побарал кисела вода, а добил корозивно средство – битолчанец завршил со труење на Токсикологија

45-годишен битолчанец пред два дена завршил на скопската Клиника за токсикологија во лоша здравствена состојба, ова во изјава за „Фокус“...

Македонија3 часа

Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој парламент нема мандат да го менува Уставот

„Ќе продолжат, притисоците нема да престанат. Ако мислите дека ќе се откажат, нема да се откажат. Затоа што овие од...

Македонија5 часа

Обвинители, полицајци и инспектори влегоа во битолската болница за Јана, директорот не може да каже дали има лекарска грешка

Обвинителство, полиција, Инспекторат – ова се трите институции кои од се влезени на контрола во Клиничката болница – Битола откога...

Македонија6 часа

Инспекции ја тресат болницата во Битола по смртта на петгодишното девојче, на семејството не му се јавил никој од здравствените власти

Вонредниот надзор, кој треба да утврди како починало петгодишното девојче од Битола, е во тек, а досега здравствените институции не...

Македонија6 часа

Задоцнета и селективна правда во случајот со „Маѓар телеком“, велат од „Транспаренси интернешнл“

Од „Транспаренси интернешнл“ гледаат задоцнета и селективна правда во случајот со „Маѓар телеком“. „Транспаренси интернешнл – Македонија“ од 2012 година...

Свет6 часа

Медведев: „Ќе одиме до Киев“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека ништо не може да се исклучи и дека, доколку...

Европа6 часа

Хил: Бомбардирањето на НАТО на Србија е дипломатски неуспех, граѓаните на Србија никогаш не треба да го заборават

Американскиот амбасадор Кристофер Хил го оцени бомбардирањето на НАТО на Србија како дипломатски неуспех, изрази сочувство до сите семејства на...

Свет7 часа

(Видео) Запалено градското собрание во Бордо на протестите против пензинската реформа во Франција

Градското собрание во францускиот град Бордо беше запалено на протестите што се одржуваат во целата земја против подигање на старосната...

Регион7 часа

На денешен ден почна бомбардирањето на Југославија од НАТО

Сирените се слушаа 78 дена, а вкупниот број на жртвите никогаш не е утврден. Се проценува дека во текот на...

Топ8 часа

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината...

Свет8 часа

(Видео) Пожар во Русија: има опасност пламенот да се прошири на складиште со запалива течност

Пожар избувна во зградата на истражувачко-производствениот комплекс во градот Арамил, Русија, соопшти прес-службата на регионалната главна управа на Министерството за...

Свет8 часа

Турската парламентарна комисија го одобри влезот на Финска во НАТО

Комисијата за надворешни работи при турскиот парламент го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО. Сега претстои предлог-законот да...

Спорт18 часа

Македонија се намачи, но ја победи Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 на арената „Тодор Проески“ и со успех тргна во новите квалификации...

Македонија18 часа

Таткото на починато петгодишно девојче за последните моменти: Сакаа и втора инфузија да ѝ дадат, но кај ќе удреа со иглата крв избиваше

Стојче Христовски, таткото на починатото петгодишно девојче од битолско Кравари кое вчера почина во Клиничката болница во Битола откако прими...

Регион21 час

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби, пишуваат бугарските медиуми. Ова го покажуваат податоците на...

Топ23 часа

Учителка нападнала ученик во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И. (53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Почина шестгодишно девојче на инфузија во болницата во Битола, било примено со температура и повраќање

Шестгодишно девојче вчера почина во Клиничката болница Битола додека примало инфузија. Директорот на болницата, Александар Обедниковски, за „Макфакс“ вели дека...

Македонија1 ден

Мијалков доби конечна слобода за апсењето на Бошкоски, Апелација ја потврди пресудата

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како...