Контакт

Економија

Бектеши-Азески: Правиме напори бизнисот да добие доволни количини на електрична енергија со порационални цени

Објавено пред

Работиме на обезбедување дополнителни количини на електрична енергија за потребите на стопанството. Во изминатиот период сме во директни преговори со Србија и со Албанија, во рамки на Отворен Балкан, а изминатиот период владина делегација предводена од премиерот Ковачевки беше во Софија и Атина со што веќе имаме договори за обезбедување на суровини за зголемување на домашното производство, како и дополнителни количини на електрична енергија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешната работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваа и претставници на 10-те најголеми компании потрошувачи на енергија во земјата.

На работната средба како што информираше министерот Бектеши и претседателот на Комората Азески е договорено компаниите да достават конкретни предлози до Владата кои ќе бидат инкорпорирани во новиот пакет мерки за поддршка на домаќинствата и стопанството кои се подготвуваат и ќе бидат објавени до крајот на месецот.

„Работиме да им обезбедиме на компаниите доволни количини на електрична енергија, а со преговорите коишто интензивно ги водиме правиме максимални напори цената на електричната енергија да биде порационална од онаа што е на светските берзи“, кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека регионалниот пристап на кој работиме во моментов со соседните земји е најдобриот начин за да се справиме со една од најтешките зими кои нè очекуваат не само нас туку и цела Европа.

„ЕСМ ќе ги покрива целосно потребите за електрична енергија за домаќинствата и за микро и малите компании кои се на регулиран пазар, а ние се обидуваме со обезбедување дополнителни количини на електрична енергија да им излеземе во пресрет на големите компании кои се на отворен пазар или околу 1.500 фирми кои се од огромно значење за економијата“, кажа Бектеши и му се заблагодари на Азески за континуираниот придонес на Стопанската комора во разговорите и заедничко изнаоѓање решенија за справување со енергетската криза.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески истакна дека соработката со Владата во последните месеци е на највисоко ниво, а суштината е да се помогне таму каде е тоа најпотребно.

„Во изминатиот период имавме една многу добра размена на мислења во коишто ние правиме подготовки за концепирање на пакетот на мерки за поддршка на бизнисот кои се очекува да бидат објавени на 28 септември“, кажа Азески.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност

Објавено пред

„Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем “ – беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, насловен „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици“, кој се одржа во Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Во текот на Самитот гувернерката Ангеловска-Бежоска зема активно учество во дискусиите на панелот на тема „Монетарната политика во инфлациско опкружување“, на кој говореа и гувернерите на Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и вицегувернерот од Хрватска. Учесниците на панелот го потенцираа значајното забрзување на инфлацијата во сите земји во регионот, која во просек достигна 13,5%, како и притисоците од енергетскиот шок врз девизните пазари што резултираше со потреба од затегнување на монетарните политики во регионот. Ова особено доаѓа до израз во услови кога ФЕД и ЕЦБ, кои во значајна мера ги дефинираат глобалните финансиски пазари, веќе во неколку наврати ги зголемија каматните стапки, а ФЕД веќе и ја намалува ликвидноста од пазарите. Со ова се намалува и просторот за маневар на останатите централни банки.

„Доколку централните банки во регионот не преземаат мерки кои ќе го следат циклусот на ФЕД и ЕЦБ, тогаш може да се соочат со ризици за капитални одливи или помали капитални приливи, а со тоа и зголемени притисоци на девизниот пазар.“ истакна гувернерката. Сите учесници на панелот се согласија дека одржување на стабилноста на девизниот курс е од исклучително значење за стабилизирање на инфлацијата.

Самитот на едно место ги собра клучните креатори на фискалната и монетарната политика, претставниците од меѓународни финансиски институции и водечките луѓе од најголемите банки, компании и осигурителни компании од целиот регион, кои годинава разменија мислења за неопходната соработка на монетарната и фискалната политика во справување со предизвиците и преземањето мерки за ублажување на негативните последици од економската криза.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Пензиите годинава се зголемени за 10 отсто

Објавено пред

И во време на светска економска криза, преку одговорен пристап и инклузивен процес обезбедивме средства за рекордно зголемување на пензиите, велат од СДСМ утрово преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Околу 330.000 пензионери добиваат покачување од 6,8 отсто на пензиите. Во пракса тоа значи дека оној кој добива просечна пензија од околу 17.000 денари, сега има покачување од околу 1.200 денари.

Ова е второ покачување на пензиите за годинава, откако во март тие беа зголемени за 2,9 отсто, што значи дека во период од само шест месеци имаме вкупно околу 10 отсто зголемување на пензиите.

Ваквото покачување се должи на новата методологија на усогласување на пензиите, договорена заедно со пензионерските здруженија.

Согласно овој модел процентот на покачување е збир од 50 отсто од порастот на трошоците на живот и 50 отсто од растот на просечната плата.

Грижата продолжува, нашите највозрасни сограѓани, кои ја граделе оваа земја, заслужуваат да имаат достоинствена старост“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Објавено пред

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе порасне за најмалку 10 проценти.

dobivaj vesti na viber

Бараат субвенции за струја или да бидат додадени на регулираниот пазар.

Претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора, Горан Малишиќ рече дека од голема корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, зашто 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува ноќе, пренесе Радио Слободна Европа.

„Во сегашната консталација, берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период од максимум 40 до 50 дена“, истакнува Малишиќ.

Додава дека залихите на пченица кај приватните субјекти, силоси и мелници се на историски најмал минимум поради намалената домашна жетва во 2022, но и неможноста на мелниците да набават пченица од увоз поради високата цена.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа36 минути

Зеленски: Лиман е денес целосно исчистен

Украина има целосна контрола врз Лиман со најзначајното освојување на бојното поле на Киев во последните неколку недели, за кое...

Македонија1 час

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија2 часа

Пронајдено машко тело во Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобилот

Пронајдено е машко тело во реката Вардар, а во моментов се идентификува дали станува збор за 22-годишниот кумановец кој излета...

Македонија2 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија3 часа

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион5 часа

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет5 часа

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија20 часа

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет21 час

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион23 часа

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија24 часа

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија1 ден

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион1 ден

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа1 ден

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија1 ден

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија1 ден

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија1 ден

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија2 дена

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа2 дена

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...