Контакт

Економија

Бектеши: Владините мерки за поддршка на туризмот дадоа резултат, туристичката сезона беше успешна

Објавено пред

Туризмот во светски рамки беше една од најпогодените индустрии од пандемијата на Ковид-19 во изминатите две години, но главниот фокус на Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот беше да се поддржи овој сектор со конкретни мерки и активности. Според сите показатели оваа година, ние ги постигнавме очекуваните резултати. Туристичката сезона беше успешна, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, на обраќањето по повод Светскиот ден на туризмот – 27 Септември, кој Министерството за економија традиционално го одбележува секоја година.

„Имајќи ги предвид бројките на туристи и ноќевања, можеме да кажеме дека мерките што се имплементирани дадоа видливи резултати. Според последните статистички податоци, во периодот јануари – јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен 56,6 %. Во истиот период регистрирани се речиси 320 илјади туристи во земјата, кои оствариле над еден милион ноќевања. Како главни проекти што придонесоа за зголемување на бројот на туристи беа кампањата ‘Дома си е дома“’ и ваучерите за домашен туризам, а кај странските туристи безбедносниот печат (safe travel stamp)“, рече Бектеши.

Тој потсети дека секторите туризам и угостителство и оваа година беа поддржани со директни грантови од страна на Владата сѐ со цел надминување на оваа криза и закрепнување од последиците на пандемијата.

„Можеме да резимираме дека имавме успешна сезона благодарение на политиките и мерките што беа донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија во консултација и соработка со приватниот сектор“, рече тој.

Во својот говор го пренесе годинешното мото на Светската туристичка организација за Светскиот ден на туризмот, кое гласи „Туризам за инклузивен раст“ и потенцира дека ова е можност да се види подалеку од статистиката за туризмот и да се признае дека зад секоја бројка стои човек.

„Затоа оваа година ние како Министерство за економија од присутните претставници на коморите и здруженијата конкретни очекуваме предлози и мерки за инклузивен раст и развој на туризмот во нашата земја во постковид-периодот со цел надминување на сите предизвици“, изјави министерот во своето обраќање.

Тој на сите претставници од туристичко-угостителскиот сектор во државата им го честиташе Светскиот ден на туризмот – 27 Септември и им посака успешна работа и плодна година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Владата претстави петгодишен економски план – 12 милијарди евра инвестиции и 156.000 нови работни места

Објавено пред

Економски раст над 5 % годишно, инвестиции во јавниот и приватниот сектор од 12 милијарди евра, нови 156.000 работни места, а истовремено фискална консолидација, односно одржување стабилен јавен долг, се дел од очекуваните ефекти на Планот за забрзан економски раст за периодот 2022-2026 година што денеска го усвои Владата, а на прес-конференција го претставија премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Планот за забрзан економски раст го подготви Министерството за финансии во соработка со владините ресори, со амбициозна, но остварлива цел да се поддржи економското закрепнување и забрзаниот раст.

Планот се темели на нов пристап и нуди координирана поддршка за поттикнување на инвестициите на јавниот и приватниот сектор во повеќе приоритетни области, преку детално наведување на расположливите извори на финансирање и инструментите и механизмите за финансирање, со проценка на очекуваните ефекти.

„Клучна цел е креирање нови работни места и поттикнување на растот на економијата во нашата земја, со нови инвестиции, со 5 % раст на бруто-домашниот производ и со одржување на стабилен јавен долг“, рече премиерот Заев.

Осврнувајќи се на трите основни цели на планот, премиерот Заев истакна дека истиот нуди иновативен пристап до капитал за финансирање за забрзување на економскиот раст и кој покрај планираните јавни инвестиции од 4 милијарди евра ќе мобилизира дополнителни инвестиции од страна на приватниот сектор, кои се проценуваат на 8 милијарди евра.

Тој ја потенцира важноста на капиталните инвестиции за економскиот развој, напоменувајќи дека и во услови на пандемија тие не запреа.

„За таа цел“, рече тој, „во функција е КАПЕФ механизмот, со кој се наградуваат буџетските корисници кои имаат висок степен на извршување на капиталните расходи и дека проценките се дека тој може да генерира дополнителни 1,5 милијарди евра капитални расходи во периодот 2022-2026 година“.

Според премиерот, втората цел од Планот за забрзан економски раст веќе почнува да се реализира. БДП во првата половина од годината е 5,6 %, а во вториот квартал беше 13,1 % што е потврда дека економијата се враќа на патеките на раст.

„Неодамна и Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Северна Македонија во 2021 година, од 3,6 на 4,6 %, што ги надминува дури и нашите проценки за раст од 4,1 %. Активноста на приватниот сектор ќе се зголеми, преку воведувањето нови начини за пристап до капитал, инструменти, фондови и извори на финансирање со кои се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции токму од приватниот сектор. Со тоа се делува на зголемување на вкупните инвестиции, на забрзан растот на бруто-домашниот производ и ќе се забрза отворањето нови работни места.

Невработеноста сега е на ниво од 15,9 %, што е најниско ниво во поновата македонска историја. Согласно планот, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %“, рече премиерот Заев и додаде дека важно е да се напомене дека поволните макроекономски случувања ќе ги подобрат јавните финансии, што ќе доведе до фискална одржливост, со намалување на јавниот и јавно гарантираниот долг под 60% од БДП во 2026 година.

„Карактеристика на оваа Влада е домаќинско, отчетно, одговорно и транспарентно работење, а тоа се гледа и во стабилниот буџет како на централно така и на локално ниво. И во услови на пандемија, немаше застој во исплата на плати, пензии, приватниот сектор и најпогодените гранки беа финансиски поддржани, а паралелно ги креиравме и овие крупни долгорочни планови од кои бенефит ќе имаат сегашните и идните генерации“, потенцира премиерот.

Министерот за финансии Бесими истакна дека планот е продолжение на сите мерки што беа преземени за справување со кризата предизвикана од пандемијата од Ковид-19.

„Пандемијата која се појави минатата година предизвика длабока здравствена и социо-економска криза. Создаде потреба да реагираме брзо и навремено зa што дизајниравмe мерки за заштита на здравјето и шест пакети економски мерки во износ од над 1 милијарда евра. Сега пак со Планот за забрзан економски раст продолжуваме понатаму и ќе одговориме на потребите за поддршка на заздравувањето и на повторниот раст на економијата, истовремено обврзувајќи се да спроведеме фискална консолидација на среден рок, односно да го намалиме и буџетскиот дефицит и јавниот долг“, рече министерот Бесими.

Планот за забрзан економски раст е реализација на она што го најавивме во буџетот за 2021 година, односно Стратегијата за заздравување на економијата и забрзан раст или SmartER Growth, Политиките за буџетска консолидација од 2021 до 2025 година и Планот на јавни инвестиции 2021-2025 година.

„Планот е комбинација на традиционални и иновативни инструменти за финансирање. Предложени инструменти преку кои ќе се обезбедува финансирањето на проектите во планот се: механизмот за поголема ефикасност на капиталните расходи, развојната обврзница, проектните обврзници, зелените обврзници, обврзница индексирана на инфлација, јавно-приватните партнерства, управувањето со јавни средства, гарантната шема, Фондот за енергетска ефикасност, Фондот за локален и регионален развој, Фондот за истражување и развој, Фондот за поддршка на мали и средни претпријатија за нивен раст и развој, Стратешкиот зелен инвестициски фонд, Фондот за зголемување финансиски средства, Фондовите за ризичен капитал, и групното финансирање (краундфандинг)“, истакна министерот Бесими.

Планот за забрзан економски раст ќе поддржи инвестициски проекти во јавниот и приватниот сектор, кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, а ќе се концентрирани во повеќе приоритетни области: зелена економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, развој на физичката инфраструктура и човечкиот капитал, како и социјална кохезија.

Министерот истакна дека воспоставена е прецизно дефинирана институционална структура за управување со целиот процес заради негова успешна реализација.

Планот е донесен во интензивна комуникација со меѓународните финансиски институции и други развојни партнери, кои изразија подготвеност да обезбедат финансиска и техничка поддршка. Преку воспоставената СЕФФ платформа (Skopje Economic and Finance Forum, SEFF), после одржаната Прва годишна конференција на Министерството за финансии, планот веќе беше претставен и пред бизнис заедницата, банкарскиот сектор и другите засегнати страни.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски: Македонија е пред енергетски колапс и рестрикции во текот на зимата поради неодговорните политики на Заев

Објавено пред

Македонија е пред енергетски колапс, ѝ се заканува тешка зима со рестрикции и проблем со затоплување. Оваа неспособна власт на Заев ја донесе Македонија во ситуација во која никој не можеше да ја замисли и сега разговараме дали Македонија воопшто ќе има струја, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при денешната посета на Битола.

Николоски истакна дека како резултат на неспособните политики на Заев многу веројатно Македонија ќе нема струја во текот на зимата и ќе има рестрикции и тоа е така не само поради енергетската криза во Европа, туку и поради неодговорното работење на власта.

„Македонија има доволно капацитети да ја произведе целокупната струјата што ја троши. Кога би работеле како што треба РЕК Битола, РЕК Осломеј и хидроцентралите, Македонија може сама да си ја произведе целокупната потрошувачка на електрична енергија за домаќинствата и стопанството. Но поради неодговорниот однос, тоа не се случува“, рече Николоски.

Тој додаде дека оваа власт нема решение за јагленот затоа што со години наназад комбинатот се уништуваше, додека идеите за носење јаглен од Косово се нереални. Прво нема толку јаглен, никој не се јавува на тендерот, а покрај тоа, 500 камиони треба да транзитираат и нема инфраструктура што може да го издржи тоа.

Во однос на најавите на Заев за гаснење на РЕК, Николоски изјави дека тоа ќе ја уништи и македонската економија, но и животите на околу 7.000 жители кои својата егзистенција ја обезбедуваат преку комбинатот.

„РЕК произведува над 80% од електричната енергија што ја троши Македонија, тоа е практично срцето на македонската економија и домови, но, за жал, изминативе 5 години е континуирано уништуван и има најави од Зоран Заев дека од 2025 и 2027 целосно ќе биде изгаснат. Неговото гаснење ќе значи уништување на животите 5 до 7 илјади битолчани кои директно или индиректно ја наоѓаат својата егзистенција преку РЕК, но уништување на македонското стопанство“, рече Николоски.

Прикажи повеќе...

Економија

До 2026 година воздушниот сообраќај нема да се врати на исто ниво како пред пандемијата

Објавено пред

Британскиот аеродром „Хитроу“ предупреди дека постои голема опасност авионскиот сообраќај да не се врати на нивото како пред пандемијата на Ковид-19 до 2026 година и покрај тоа што бројот на патници е зголемен во последните три месеци.

Аеродромот објави и дека загубите што ги претрпе од почетокот на пандемијата сега достигнаа дури 3,4 милијарди фунти.

Како што истакнаа, меѓународните воздушни патувања можеби се на работ на закрепнување, но има уште долг пат да се помине.

Според извештаите, аеродромот пријавил загуба од нешто повеќе од милијарда фунти во деветте месеци до крајот на септември, а изгубил 786 милиони во истиот период минатата година.

Компанијата во својот извештај предупреди дека воздушниот сообраќај, најверојатно, нема целосно да закрепне во следните пет години.

Џон Холанд-Кеј, извршен директор на аеродромот „Хитроу“, вели дека Велика Британија е на работ на закрепнување, што ќе ја зголеми побарувачката, ќе создаде нови квалитетни работни места и ќе ја оживее британската економија, но исто така предупредува дека сето ова може да биде загрозено ако не се осигури на долг рок.

Тој ги повика земјите да се фокусираат на глобалната програма за вакцинација за да се овозможи меѓународното патување да се одвива без тестирање и повика на фер финансиска регулација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија5 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија5 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Свет6 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија7 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија10 часа

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија12 часа

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија12 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија14 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија15 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија16 часа

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија17 часа

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Свет17 часа

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија18 часа

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Свет18 часа

ЕМА ја одобри вакцината на „Модерна“ како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 како трета доза за лица над 18 години....

Регион1 ден

Рама: Ако Западен Балкан не може во ЕУ, нека дојде ЕУ на Балканот

Влезот на Западен Балкан во Европската Унија се чини дека е привремено замрзнат, но ако регионот не може да се...

Македонија1 ден

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија2 дена

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет2 дена

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија2 дена

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Досие