Контакт

Економија

Бектеши, Груби, Бесими и Нуредини во посета на компанијата „Кипер маркет“: Поддршката за компаниите кои инвестираат во време на криза продолжува

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за финансии, Фатмир Бесими, и министерот за животна средина, Насер Нуредини, денеска ја посетија компанијата „Кипер маркет“ од Тетово којашто е една од од 400-те компании кои добија грант за реализација на нова инвестиција преку Јавниот повик за зголемување на конкурентноста што го спроведе Министерството за економија.

На средбата менаџментот на „Кипер маркет“ ги информираше за реализацијата на последната инвестиција во изградба на дистрибутивен центар, како и за плановите за раст и развој на компанијата во наредниот период.

Министерот Бектеши искажа задоволство што компаниајта „Кипер маркет“, која е една од најголемите во општина Тетово, инвестираше во време на пандемија и со тоа го означи успехот за во иднина.

„Ова уште еднаш докажува дека во Северна Македонија се создава стабилна клима во однос на инвестициите и не само во привлекување странски инвестиции, туку и во поттикнување и стимулирање на растот на домашните инвестиции.Би сакал јавно да му честитам на менаџментот, раководството, сопствениците на компанијата ‘Кипер маркет’  кои континуирано ги зголемуваат своите капацитети и не само во однос на зголемување на инвестициите, туку истовремено индиректно и директно влијаат на зголемувањето на другите економски капацитети“, кажа министерот Бектеши.

Бектеши додаде дека од менаџментот е информиран дека „Кипер маркети“ соработуваат со речиси 50 локални добавувачи, што докажува дека покрај отворањето работни места директно од компанијата, тие влијаат и на растот на работните места во другите производствени компании во Република Северна Македонија.

„Во текот на изминатата година ние како Влада започнавме со мерки за директна финансиска поддршка за сите компании кои земаат храброст и инвестираат дури и во време на пандемија, го зголемуваат бројот на вработени дури и во време на пандемија и мило ми е што токму со оваа помош колку и да е мала за компанија како ‘Кипер маркет’, со поддршка на Владата се зголеми нивниот капацитет. Сакам јавно да го повторам фактот дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите и другите владини мерки и програми Владата, Министерството за економија, сите централни и локални институции секогаш ќе бидат покрај инвеститорите за заеднички да ја зголемат благосостојбата во нашата земја за граѓаните“, кажа министерот.

Бектеши потенцираше дека со последните измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кои веќе стапија на сила се зголемува поддршката на компаниите во останатите понеразвиени региони во државата, со цел да има поголем регионален развој.

Генералниот директор на „Кипер маркети“, Висар Јакупи, се заблагодари на поддршката од Владата и од Министерството за економија за реализација на инвестицијата во изградба на дистрибутивен центар во Желино, и потенцираше дека тоа за нив ќе продонесе за поголем раст и развој на компанијата.

Економија

Заев, Шекеринска и Ковачевски: НАТО пазарот со годишна вредност од 5 милијарди евра стана достапен за македонските компании

Објавено пред

Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното законодавство, компаниите од нашата земја сега имаат можност да учествуваат во постапките за набавките за потребите на НАТО и земјите-членки, и вкупната вредност на овие набавки, за кои на ниво на Алијансата е задолжена Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО надминува 5 милијарди евра годишно, беше речено на денешната прес конференција на претседателот на Владата Зоран Заев, на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, по повод промоцијата на НАТО Центарот за поддршка на компаниите.

Премиерот Заев истакна дека Владата ги направи првите чекори за да го обезбеди рамноправното учество на нашите компании во набавките за НАТО и дека освен обезбедувањето на нашата иднина на безбедносен план, обезбедени се и низа други можности од кои непосредни придобивки ќе има нашата економија, нашите компании, нашите граѓани.

„Сакаме да ги увериме деловните луѓе, стопанските комори и сите останати бизнис асоцијации, дека НАТО Центар за поддршка на компаниите не е само уште една бирократска алка во постапката, туку доверлив партнер со сите информации и знаења за да ви ја олеснат процедурата и да ви помогнат дали ги исполнувате условите за да учествувате во набавките за НАТО за да станат деловен партнер на најголемата воена алијанса во светот“, нагласи премиерот Заев.

Тоа се потенцијали за дополнително раздвижување на целата наша економија, посочи премиерот, затоа што е широк спектарот за потребите на НАТО за кои се распишуваат набавки, а за огромен дел од тие потреби во нашата земја има компании што ги нудат тие производи или услуги со конкурентни цени.

Огромни можности се отвораат и за компаниите од информатичко-компјутерската дејност, потенцираше премиерот Заев, и тие да бидат контрактори или подизведувачи на софтверски и други компјутерски решенија за компании како што се Ер Бас Дифенс енд Спејс, Атос Белџм, Ај-Би-еМ Белџм, Вектор Синерџи и други информатички џинови.

„Ние сме НАТО, и сега, како дел од евроатлантското семејство, сите нејзини земји членки ја прифаќаат Република Северна Македонија како доверлив и достоинствен партнер во најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот и во делот на економската соработка во поддршката на мисијата на алијансата“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во обраќањето на прес-конференцијата за промоција на НАТО Центарот за поддршка на компаниите.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нагласи дека Центарот за поддршка на компании веќе е формиран во Министерството за одбрана и ги повика компаниите да го прифатат предизвикот и да учествуваат на тендерите за набавки на потребите на Алијансата.

„Станува збор за навистина компетитивен пазар кој не треба да ни претставува пречка, туку да ни биде дополнителен мотив да бидеме подобри, поефикасни и поквалитетни“, рече министерката Шекеринска.

Шекеринска порача дека поддршката ќе биде суштинска и сеопфатна и ги охрабри домашните компании да се впишат во евиденцијата на економски оператори и да се здобијат со потврда за исполнетоста на условите за учество во постапките за НАТО набавки.

„Преку Центарот за поддршка на компании, ќе им помагаме на компаниите првенствено да извршат регистрација во НАТО агенциите, а потоа да добијат пристап кон објавените тендери. Центарот ќе помага со пренесување на научените лекции за успешно аплицирање на тендери, како и за поврзување на македонските компании со светските гиганти кои веќе имаат активни договори со НАТО агенциите, а имаат потреба од добавувачи“, рече министерката и додаде дека процесот на регистрација е едноставен, а сите информации можат да се најдат на веб – страницата на Министерството (Центар за поддршка на компании).

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски рече дека со влезот во НАТО освен безбедносните и политичките, се зголемија и економските потенцијали за нашата земја и како придонес во таа насока Министерството за финансии ги реализираше своите обврски од Програмата за продолжување на реформите за членството во НАТО со новиот Закон за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста со што се воведоа процедури кои им овозможуваат на нашите компании да учествуваат на НАТО тендерите.

„Отворањето на овој голем пазар е шанса за нашите компании и импулс за раст на економијата. Министерството за финансии ќе продолжи со средби со бизнис заедницата за да им помогнеме да бидат квалификувани за учество во набавките на НАТО“, потенцираше заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на промоцијата на НАТО Центарот за поддршка на компаниите.

Прикажи повеќе...

Економија

„Никоб лаб“ со нова мобилна локација – Бибај групација (Качанички пат)

Објавено пред

Oд денес 24.9.2021 (петок) ќе биде отворен мобилен пункт за PCR и брзи антигенски тестови во комплекот на Бибај групација – ул. Јадранска магистрала (Качанички пат) во Скопје.

Работното време на мобилниот пункт е секој ден од 8 до 16 часот.

Тестирањето е без закажување и регистрација на термин, а резултатите можат да се добијат во рок од 30 минути (за брзите антигенски тестови) или истиот ден (за PCR-тестирање).

„Никоб лаб“ како општествено одговорна компанија вложува огромни средства и напори да им излезе во пресрет на сите граѓани кои сакаат да се тестираат по најниски цени, а истиот тест може да им послужи за патување во странство.

За повеќе информации можете да се јавите на телефонскиот број 02/274-1000 или да ја посетите веб-страницата nikoblab.mk.

Напомена: При тестирањето задолжително е носење на документ за лична идентифиција, како што е лична карта или патна исправа (пасош).

НИКОБ ЛАБ – БРЗИ, ДОСТАПНИ И КВАЛИТЕТНИ!

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Средба на гувернеркатав Ангеловска-Бежоска со шпанскиот амбасадор, Сера

Објавено пред

Активностите за поголема транспарентност, коишто постојано се преземаат од Народната банка, придонесуваат за кредибилитетот на политиките коишто ги води Народната банка, како и за стабилноста на финансискиот систем. Ова беше оценето на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера.

Неговата екселенција, амбасадорот Сера, посочи дека го поддржува транспарентното работење на Народната банка и информирање на јавноста, особено во делот на макроекономските показатели и проекции и движењата во банкарскиот систем, како основа за појасно разбирање на макроекономските состојби во државата.

На средбата, гувернерката на Народната банка се осврна на економската состојба во оваа година, при што посочи дека олабавената монетарна политика придонесува за закрепнување на економијата. Во првата половина од оваа година е остварен раст од 5,2%, што речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка (5,4%). Согласно со последните макроекономски проекции, очекувањата се дека економската активност ќе се врати на преткризното ниво од почетокот на 2022 година. Притоа, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките на Народната банка овозможија намалување на цените на кредитите и постојан кредитен раст во текот на пандемијата. Оттука, беше оценето дека банкарскиот сектор досега добро се справува со ризиците од пандемијата и е подготвен да им одговори на предизвиците и во следниот период. Постепеното закрепнување на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за одржување на макроекономската и финансиската стабилност и ги ублажува системските ризици. Сепак, неизвесниот карактер на корона-кризата наметнува потреба од постојана подготвеност и будно следење на состојбите, заради преземање соодветни мерки за справување со предизвиците.

На средбата се разговараше и за европските перспективи на нашата држава, при што беше оценето дека евроинтеграцискиот процес има потенцијал да придонесе за јакнење на институционалниот потенцијал и за спроведувањето на структурните реформи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија17 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа18 часа

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион22 часа

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа22 часа

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија23 часа

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија23 часа

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 дена

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 дена

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет2 дена

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија2 дена

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет2 дена

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија3 дена

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет3 дена

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Досие