Контакт

Економија

Бектеши: Дигитализацијата и интернационализацијата се иднината на индустријата

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на третата меѓународна научна конференција за бизнис и економија со наслов „Од транзиција до развој: Предизвици и перспективи“, која се одржа на Универзитетот на ЈИЕ во Скопје.

Како што информираат од Министерството, Бектеши на конференцијата се осврнал на влијанието на економијата базирана на знаење во процесот на креирањето политики.

„Преку планот за економски раст и новата ревидирана индустриска политика, фокусот го ставивме на преработувачката индустрија, стимулирање и поддршка на инвестициите, трансферот на технологиите, поддршка на иновациите, вработувањето, зајакнатата соработка на науката со индустријата и интернационализацијата. Со нов сет мерки се обидуваме да ја отвориме иднината на индустријата кон паметна специјализација, дигитализација на индустријата, воведување циркуларна економија и интернационализација базирана на нови поквалитетни и поконкурентни производи“, нагласил министерот.

Според Бектеши, индустрискиот сектор претставува темел на економијата и е тесно поврзан со економски раст, инвестиции, извоз, вработувања, истражување и развој, продуктивност, додадена вредност, иновации…

„Затоа, со особена сериозност пристапивме кон изготвувње стратегија за паметна специјализација, која треба да биде готова во 2020 година. Изготвувањето, а особено со имплементацијата на оваа стратегија, ќе значи и зголемување на соработката меѓу јавниот сектор, бизнис-секторот и научноистражувачкиот и иновативен сектор, стимулирање на приватните инвестиции во истражување и иновации, пристап до европските структурни и инвестициски фондови, пристап до фондови за истражување, инструменти за технолошки иновации и трансфер на технологии на МСП“, објаснил министерот.

Економија

Димковски: Со санирањето на браната Слатино ќе се обезбеди вода за земјоделските површини

Објавено пред

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар и постојаниот претставник на УНДП во земјава, Нарине Сахакјан, ја посетија браната Слатино, која беше реконструирана во рамките на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015.

Како што инстакнуваат од ресорното министерство, оваа брана е од исклучително значење за општина Дебарца, за заштита од поплави и сега се изврши темелна санација на телото на браната како и на преливникот.

„Со реконструкцијата се постигна структурна стабилност на браната, отпорност на надојдени води, со што се намалува ризикот од поплавите. Од друга страна, санирањето на браната ќе овозможи навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските површини. Вкупната вредност на проектот е над 1,1 милиони евра, обезбедени од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015“, изјави министерот Димковски.

Евроамбасадорот Жбогар, истакна дека санирањето на браната Слатино е дел од кампањата „ЕУ за вас“ чија цел е да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта од ЕУ за земјава.

„Оваа помош од ЕУ ги опфати приоритетните потреби и помогна во реконструкција на транспортната и водната инфраструктура во најзасегнатите области, во согласност со принципите на одржливост “да се изгради подобро”. Со оглед на големината на штетата направена на браната Слатино, со санирањето значително се намали потенцијалот за ризик од поплави и со тоа ќе се овозможи поддршка на системот за наводнување“, кажа евроамбасадорот.

Со Програмата на УНДП се опфатени две компоненти, транспортна и водостопанска, појаснуваат од министерството. Изградени и санирани се мостови, свлечишта и локални патишта, додека со водостопанската компонента беше опфатена санација на пет брани, и тоа браните Мавровица во Свети Николе, Браната Липа, неготинско, Браната на Дренска река кај Демир Капија, Браната Слатино, општина Дебарца, и браната кај Прилеп.

Прикажи повеќе...

Економија

Министерката Апостолска пред прилепчани ја промовираше мерката „Мој ДДВ“

Објавено пред

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во Прилеп се вклучи во промотивната кампања која Управата за јавни приходи (УЈП) ја реализираше за мерката „Мој ДДВ“, преку која граѓаните од 1 јули годинава добија можност да остварат поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Како што информираат од владината прес-служба, министерката разговарала со повеќе граѓани за примената на оваа мерка и за бенефициите кои истата ги носи за нив.

„Мерката поврат на 15 отсто од ДДВ е значајна и за државата и за граѓаните. Ова е за прв пат државата да враќа пари директно назад кај граѓаните и дава можност за плата плус за секое семејство на крајот од годината“, рече Апостолска.

Зборувајќи за позитивините ефекти кои преку спроведувањето на оваа мерка се очекува да се остварат во напорите за сузбивање на сивата економија, министерката оцени дека тоа е од суштинско значење за обезбедување на стабилен и предвидлив деловен амбиент, исполнет со лојална конкуренција, што пак има значајно влијание и врз мотивацијата на странските инвеститори да реализираат инвестициски проекти.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Просечната плата зголемена на 25.270 денари

Објавено пред

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Просечната нето плата во мај 2019 изнесувала 25.270 денари и споредено со мај 2018 година е поголема за 3,1 отсто, велат од владејачката партија преку соопштение.

„Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард. Приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, придонесува за одржување на позитивен тренд на раст на платите, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година“, додава СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

На „Табановце“ за влез, на „Богородица“ за излез од државата се чека по 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во своето пладневно соопштение....

Македонија1 час

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници: „Тука има градинка со најголем капацитет во градот“

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 час

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет2 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија2 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет4 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет16 часа

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет17 часа

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија23 часа

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија24 часа

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија1 ден

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија1 ден

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија1 ден

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион1 ден

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија1 ден

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија2 дена

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија2 дена

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија2 дена

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија2 дена

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Досие