Контакт

Економија

Бектеши: За субвенционирана струја се пријавиле само 233 основни и средни училишта

Објавено пред

Од 474 јавни основни и средни училишта, за субвенционирано снабдување се пријавиле само 233 установи кои ќе плаќаат по 95 евра за мегават-час.

dobivaj vesti na viber

Педесет претпријатија за водоснабдување и прочистителни станици, а од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот сектор, се пријавиле 235 субјекти кои ќе купуваат цена од 80 евра за мегават час.

„Ова е повеќе од двојно помалку од цената на струјата на регулираниот пазар. Кај некои производители ќе има пониски цени, а кај некои производители на млеко и леб има пониски цени, што е за пофалба. Во следните 4 месеци додека трае кризната состојба како резултат на мерките и стабилизацијата на цените на увозните компоненти да предизвика нови намалувања на цените“ – објасни министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој ги искара општините за нивното однесување затоа што не ги пријавиле половина од училиштата.

„Не сите училишта не се пријавени за ова, ниту не сите јавни претпријатија. Значи дека во време на криза државата треба со одлука директно да ги преземе надлежностите на општините, што е за жалење и тоа морам да го кажам. До вчера и во ЕСМ и кај нас се јавија одредени општини за да ги стават и административните згради под ова мерка, односно државата да им ги покрие трошоците преку ЕСМ Продажба. Јас сакам да ги повикам градоначалниците да ги следат сите можности на државата затоа што на крајот на денот тоа значи поголеми цени на нивните услуги од 1 јануари 2023 година“ – додаде тој.

Васко Ковачевски, директор на ЕСМ, рече дека по завршувањето на постапката има 518 нови субјекти за кои ЕСМ преку ЕСМ Продажба ќе треба да обезбеди струја со пониски цени.

„Овие претпријатија и установи од први декември ќе имаат испорака на субвенционирана електрична енергија. Не се знае колку електрична енергија ќе биде потребна за да се задоволат нивните потреби. Предвидени се набавки и во декември на електрична енергија за да се задоволат потребите на сите субјекти на регулираниот пазар“ – истакна Ковачевски и додаде дека досегашните набавки на 80.150 мегават-часови ја чинеле државата 19,6 милиони евра.

Орце Костов

Економија

ЕСМ произведе 12.634 MWh електрична енергија, задоволена е потрошувачката на домаќинствата

Објавено пред

АД ЕСМ на 07.12.2022 година произведe 12.634 MWh електрична енергија и со своето производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

dobivaj vesti na viber

Во Термоелектраните произведени се 11.410 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.224 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 5.964 MWh електрична енергија, наменета за дополнителни снабдувања по владини одлуки за потребите на Електродистибуција, МЕПСО, капацитети од прехранбената индустрија, училишта, јавни претпријатија и други објекти од виталната инфраструктура во државата.

Прикажи повеќе...

Економија

Андонов: Енергетската транзиција е реалност, за една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

Објавено пред

Регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција, истакна Виктор Андонов соработник за енергетика во Владата на Република Северна Македонија на регионалната експертска Конференција за енергетика и клима „Look Up“ која се одржува во Копаоник.

dobivaj vesti na viber

Андонов на панелот „Обновливи извори реалност или мит” потенцираше дека токму оваа европска енергетска криза придонесе за зголемени активности во нови инвестиции во обновливи извори на енергија.

„За само една година во Северна Македонија изградени се над 80 мегавати на сончеви електрани, а се очекува до крајот на 2023 во македонскиот енергетски систем да има инсталирано околу 300 мегавати од фотонапонски електрани. Обновливите извори веќе се реалност во Европа и европските земји засилено инвестираат во нив. Владата на Република Северна Македонија, ја прифати таа реалност и ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040, базирана на Европскиот зелен договор. Во Стратегијата предвидена е изградба над 1.500 мегавати на фотонапонски електрани, над 700 мегавати ветерни електрани и над 500 мегавати големи хидроелектрани” истакна Андонов.

Андонов во своето обраќање го потенцираше значењето на пумпно акумулационата хидроцентрала Чебрен, за успешна енергетска транзиција на земјата и регионот. Исто така, ги потенцираше и големите проекти од стратешки интерес, како што се најголемата фотонапонска електрана Стипион од француската компанија Akyo Energy, најголeмиот ветерен парк Вирови од германската компанија WPD, како и комбинираната гасна електрана која треба да се изгради во Скопје од Mytilineos од Грција. Сите овие проекти треба да придонесат за успешна енергетска транзиција на земјата и да бидеме пример во регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

МТСП: Министерството во октомври со 47.4% заштеда на електрична енергија

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика во октомври 2022 година, со примена на мерките за заштеда на електрична енергија, евидентира помала потрошувачка од 47.4% во споредба со потрошувачката на електрична енергија истиот месец претходната година.

dobivaj vesti na viber

Податоците покажуваат дека во текот на октомври 2022 година се потрошени 6.776 kWh електрична енергија што е за 47.4% помалку споредено со истиот месец минатата година.

Министерството за труд и социјална политика и вработените во оваа институција продолжуваат со примената на воведените мерки и во наредниот период, коишто овозможуваат рационално користење на ресурсите, а притоа непречено одвивање на целокупниот работен процес.

Мерките што ги презема Министерството за труд и социјална политика се дел од пакетот што го усвои Владата за да се намали потрошувачката на електрична енергија во државните и јавните институции, со цел сигурност и безбедност во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион9 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија10 часа

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија12 часа

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа14 часа

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија15 часа

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет15 часа

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...

Европа16 часа

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски...

Европа16 часа

Шолц: Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека...

Свет1 ден

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија1 ден

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа1 ден

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија1 ден

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија1 ден

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија1 ден

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија2 дена

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија2 дена

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија2 дена

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет2 дена

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет2 дена

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...