Контакт

Економија

Бектеши: Над 53 милиони денари годинава за малите и средни претпријатија

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска ги промовираше мерките од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2019 година, за која од година во година расте интересот кај бизнис-заедницата, со оглед на максималниот степен на реализација на средствата од оваа програма. Годинава е обезбедено и зголемување на средствата за таа намена во оваа програма, која е збогатена со нови мерки на барање на бизнис-заедницата, согласно со нивните потреби за зголемување на нивната конкурентност, а со тоа и конкурентноста на македонската економија.

„Сакам да напоменам дека оваа програма во континуитет бележи зголемување на буџетот, согласно со популарноста на мерките во неа и интересот на малите и средните претпријатија за користење на средствата од овие мерки. Ќе потсетам дека во втората половина од 2017 година, со ребалансот на буџетот овие средства ги зголемивме за цели 180%, односно тогашните 10-тина милиони денари ги дополнивме со нови 16 милиони, па претприемачите имаа на располагање солидна сума од 25 милиони денари, со која на над 150 бизнис-субјекти им помогнавме барем малку да ги подобрат своите бизнис-перформанси. Во 2018 година таа поддршка повторно ја зголемивме, односно бизнис-субјектите имаа на располагање 47 милиони денари, а годинава имаат дури нешто над 53 милиони денари. Оваа програма содржи 3 дела, и тоа за мерки за МСП, за мерки од индустриска политика, за кластерско здружување, а од годинава имаме и нов дел, тоа се мерки за општествена одговорност“, рече Бектеши на пресот.

Притоа за мерките во делот на МСП обезбедени се 41.280.000 денари, што претставува зголемување од речиси 3 милиони денари од минатата година, и тоа за кофинансирање проекти за поддршка на претприемништвото, МСП и занаетчиството, обезбедени се средства за проекти на граѓанскиот сектор и коморите, кои се во насока на остварување на целите зацртани во двата стратешки документи: Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023, како и Стратегијата за женско претприемништво. Притоа, за разлика од минатата година, оваа година максималната сума по проект е зголемена на 450 000 денари за поддршка на претприемништвото и 300 000 денари по проект за поддршка на занаетчиството со цел да се добијат што поквалитетни проекти кои ќе придонесат кон поттикнување на претприемништвото и унапредување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и промоција на занаетчиството.

Со мерката субенционирање на МСП, занаетчии и претпријатија раководени од жени, се предвидува надомест од по 300 000 денари за МСП за набавка на опрема и алати, но од оваа година и за набавка на софтверски решенија, како и консултантски услуги за поврзување во синџирите на добавувачи и изработка на проекти со цел аплицирање во  фондовите на ЕУ, бидејќи ова произлезе како потреба на бизнис-субјектите од бројните посети и средби минатата година. И оваа година се поддржуваат МСП во делот на подобрување на нивната конкурентност преку воведување нстандарди за ИСО и ХАЛАЛ (3 милиони), а од оваа година ќе ги поддржиме и во настапите на саемите, со кофинансирање на трошоците за закуп на штанд, и тоа на домашни, регионални и меѓународни саеми. И ова се покажа како потреба на компаниите за да се зголеми нивната видливост на домашниот и меѓународните пазари. Во насока на обезбедување стручен кадар за потребите на бизнис-секторот, оваа година ќе се поддржи опремување на акредитирани претпријатија за обука и стекнување вештини со 50% од трошоците, но не повеќе од 400 000 денари за набавка на опрема и алат што ќе служат исклучиво за обука, а воедно ќе се финансираат и сертифицираат обуки за потребите на бизнис-секторот во износ од 50% од трошоците или 60 000 по апликант.

Во делот индустриска политика обезбедени се средства во вкупен износ 3.700.000 денари преку неколку мерки, како поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачката индустрија во вкупен износ од 2.500.000 денари, кофинансирање за организирање на специјализирани обуки – длабински и детални технолошки обуки за преработувачката индустрија во вкупен износ од 1.200.000 денари, при што се воведени нови обуки како специјализирани обуки во кожарската и чевларската индустрија, за воведување на концептот на „зазеленување – greening of manufacturing industries“ во повеќе избрани сектори од преработувачката индустрија, како и за воведување на концептот на циркуларна економија во преработувачката индустрија.

Во делот поддршка и развој на кластерското здружување, средствата се зголемени од 5 на 7 милиони денари, а одобрувањето на средствата ќе се одвива преку реализација на повеќе активности и проекти од кластерските здруженија, со иста динамика како и во 2018 година, во континуитет, додека во делот општествена одговорност за првпат се воведува поддршка за развивање, одржување и применување на социјално прифатливи практики на деловните субјекти во вкупен износ од 1.200.000 денари. Во овој дел се креирани мерки за воведување и сертификација на систем за општествена одговорност на претпријатието, согласно со стандардот SA 8000, кој обезбедува етичко управување при производство на стоки и услуги и бара да се гарантираат основните права на работниците, во вкупен износ од 831 000 денари, како и за воведување и сертификација на систем за одговорни односи на пазарот, согласно со сертификациската марка Фер со потрошувачот, кој обезбедува систем за електронско управување со поплаки од потрошувачи и купувачи и спогодбено решавање на проблеми и спорови, во вкупен износ од 369 000 денари.

„Со сите овие новитети во програмите, од типот на мерки кои се реална потреба на бизнис-секторот, како и со зголемениот буџет во поедините делови и во програмата во целост, верувам дека ќе го поддржиме зголемувањето на конкурентноста на нашите мали и средни претпријатија, а со тоа и зголемување на вработувањата во нив и подобрување на конкурентноста на домашната економија во целост. Така ќе ги оствариме нашите заеднички очекувања – 2019 година да биде економска година, со придобивки што ќе ги почувствуваат граѓаните“, рече Бектеши.

Економија

Тевдовски: СБ одобри 420 милиони долари за проекти

Објавено пред

Бордот на извршни директори на Светска банка ја одобри четиригодишната Рамка за партнерство со Република Северна Македонија, која содржи проекти во вредност од околу 420 милиони. Преку овие проекти ќе се поддржи изградба на инфраструктура, вложување во човечки капитал и фискална и одржливост на животна средина.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, го поздрави донесувањето на Рамката за партнерство и истакна дека Светска банка е наш партнер во развојот и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани.

„Со овие средства ќе се поддржат проекти што ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните и ќе се постигне праведен раст. Тоа ќе се реализира преку вложување во подобра инфраструктура, подобра деловна клима, подобро образование и други проекти кои ќе продуцираат повисок економски раст“, вели Тевдовски.

Проектите се поделени на три области. Првата област ќе го подобри деловното окружување за поконкурентен приватен сектор. Тоа ќе се реализира преку инвестиции во инфраструктурата со кои ќе се подобри поврзаноста. Исто така, предвидени се проекти за подигнување на конкуретноста и иновативноста на фирмите.

Проектите од втората област ќе го поддржат развојот на човечкиот капитал, преку инвестиции во образованието, обезбедување подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување  поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област се однесува на проекти за зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.

Како дел од Рамката за партнерство со земјата е и проектот со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), кој министерот за финансии, Тевдовск,и го договори во рамки на Пролетните средби, а се однесува на поврзување на домашните компании со странските инвеститори.

Инаку, еден од проектите од Рамката беше усвоен вчера од Бордот на директори на Светска банка. Станува збор за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот помеѓу земјите од Западен Балкан. Тој ќе го олесни тргувањето во регионот и ќе ги намали трошоците за фирмите. Станува збор за проект во вкупна вредност од 140 милиони долари, од кој првата фаза 90 милиони долари. Уделот на Република Северна Македонија во проектот е 30 милиони долари. Проценето е дека преку овој проект извозните и увозните трошоци за фирмите ќе се намалат за околу 10%.

Прикажи повеќе...

Економија

Почна аплицирањето по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување барања за субвенции за 2019 година е почнат и ќе трае до 30 мај.

Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство, и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство, и тоа за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели што не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба од помош при создавање електронското барање може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.

Агенцијата ги потсетува одгледувачите на стока, пред поднесување на барањето, задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
Сите корисници на оваа финансиска поддршка по аплицирањето и добивањето на отпечатениот примерок, добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања, во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“ ја проширува програмата за практикантство и со средните училишта

Објавено пред

По успешната имплементација на програмите за практиканство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“ одлучи соработката од овој вид да ја прошири и со средните училишта. Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата потпиша меморандуми за соработка со две средни училишта на територијата на град Скопје: средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.

„Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, каде добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на младите, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет а при тоа да се има обостран бенефит, одлучивме да ги отвориме вратите и за практична соработка со средните стручни училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и стекнување на нови практични вештини рамки на реални процеси“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“.

За целите на спроведување на проектот, кој е верифициран од страна на „Стопанската комора на Македонија“, а поддржан и од управата на „Град Скопје“ денес во седиштето на „Алкалоид“ беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу компанијата и образовните институции:

„Оваа програма за изведување практична настава отвора нова можност за учениците да стекнат практични вештини, знаења и искуства во оваа компанија. Верувам дека учениците ќе ја искористат оваа можност и стекнувајќи практично искуство, ќе ја зголемат својата атрактивност на пазарот на труд по завршувањето на образованието“, изјави Блерим Небиу, директор на СУГС „Марија Кири-Склодовска“.

Според ВД директорката на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, Маја Салиу, потпишувањето на меморандумот за соработка со „Алкалоид АД Скопје“ е резултат на зедничката визија за поттикнување на вработливоста на младите:

„Стратешка ориентација на нашето училиште е да се продуцираат стручни кадри кои ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот преку стекнување вештини низ практична работа во реални услови. Сето ова е во насока на воспоставување систем на дуално образование во склоп на заложбите за одржлив економски раст и развој“, рече Салиу.

Поаѓајќи од фактот дека квалитетното и соодветно образование е темел на општествениот и економски развој на секој град и држава, а во насока на унапредување на стандардите на образовните услуги во средните училишта и подигање на компетенциите на учениците раководителката на секторот за образование на Град Скопје, Даниела Адамова, изјави:

„Наша цел е преку поддршката на позитивните пракси од европските модели на дуално образование, да креираме сопствени модели на соработка со бизнис-заедницата кои ќе ги рефлектираат нашите специфични потреби за ефикасен и продуктивен образовен систем“.

Првиот циклус од програмите за практиканство „Алкалоид АД Скопје“ и Универзитот „Св. Кирил и Меториј“ го почна во април 2018 година. Преку истиот, 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за компанијата. Целта на новиот циклус на практиканство со средните училишта е да се поттикне развојот на младите стручни кадри преку нивен активен ангажман во автентични процеси. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест од компанијата, а првата група од околу петнаесетина практиканти се очекува да почне со практичната обука кон средината на месец јуни годинава.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201911 час

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија17 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија18 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија20 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија20 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток21 час

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија21 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа22 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие