Контакт

Економија

Бектеши: Работниците ангажирани во недела ќе земаат 100 проценти поголема дневница

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши соопшти дека со новиот закон за трговија се предвидува 100 проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела.

„Сто проценти проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела, со новиот закон за трговија“, наведе Бектеши.

За законот за трговија ќе има јавна расправа, а измените се во согласност со најавите за недела да биде неработен ден.

Економија

(Видео) Костадинов: Со планот за економски раст со речиси 70 милиони евра се поддржани 800 компании

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет е посветена на поддршка на домашната економија, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, освен помошта за спас на работните места, Владата ги помага и инвестициските подвизи во домашната економија.

„Преку планот за економски раст во изминатите три години, со речиси 70 милиони евра поддржани се 800 компании, од нив, 42 милиона евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој“, вели Костадинов.

Ова се пари од буџетот вложени директно во домашната економија, вложени во развој и отворање нови добро платени работни места, смета портпаролот на СДСМ.

Тој потенцира дека државната помош, освен што обезбедува сигурност, директно влијае и на долгорочен развој на компаниите и севкупната економија.

„Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и тоа е потврдено со многубројни статистички податоци. Се надминуваат последиците од корона-кризата, во изминатите месеци бележиме раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, a стапката на невработеност благо опаѓа. Сето тоа се податоци што покажуваат дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична“, констатира тој.

Напомена дека поддршката за домашната економија продолжува и понатаму и дека во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет економски мерки.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонскиот ИТ-пионер „Еконет“ станува дел од реномираната ИТ-компанија „Синами“

Објавено пред

Од април 2021 година една од постарите ИТ-компании „Еконет“ се спојува кон визијата на реномираната ИТ-компанија „Синами“, која веќе 20 години успешно дејствува на домашниот, но и на меѓународните пазари. Спојувањето кон визијата доаѓа по најавите на „Синами“ за нејзин раст и проширување како во бројот на вработени така и за развој на нови напредни софтверски решенија и продукти.

Зад двете компании стои искусен тим од ИТ-професионалци, а од „Синами“ и „Еконет“ велат дека спојувањето отвора нови можности и перспективи за освојување нови меѓународни пазари, особено имајќи го предвид исклучително големиот потенцијал што индустријата го нуди.

„Проширувањето на ‘Синами’, која од неодамна функционира како самостоен бренд, е само логична последица на нашата бизнис-стратегија за раст на компанијата. Имаме навистина огромен потенцијал и верувам дека овој чекор само дополнително ќе придонесе за исполнување на нашата амбициозна визија за развој. Располагаме со силни човечки ресурси, односно добро подготвен и мотивиран кадар со повеќедецениско искуство, кому сега му се придружува и нов тим од висококвалификувани ИТ-професионалци, па сигурен сум дека со овој состав ќе го одржиме растот што веќе го имаме во Европа и Северна Америка, но и ќе продолжиме со освојување нови пазари“, истакна Бојан Тасевски, извршен директор на „Синами“.

Инаку, компанијата „Еконет“ е еден од ИТ-пионерите на македонскиот пазар основана во 1999 година, која се позиционира како прв и единствен овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и за Косово, а потпирајќи се на своето искуство во дистрибуцијата на софистицирана ИТ-опрема, подоцна стана овластен дистрибутер и за уште еден светски бренд – Microsoft. Следењето на глобалните трендови во ИТ-индустријата, навремената дистрибуција на најсовремените ИТ-продукти, како и искуството во обезбедување консултантски услуги за дизајнирање и имплементација на технички решенија за голем број компании, беа главен мотив за „Еконет“ во 2016 година и самата да стане компанија за развој на нови софтверски решенија и услуги.

„Еконет“ е една од постарите домашни ИТ-компании присутна на регионалниот пазар повеќе од 20 години. Спојувањето со реномираната компанија „Синами“ е продолжување на нашата успешна приказна, но и нов почеток што ни отвора можност за уште поуспешно дејствување во ИТ-секторот. Повеќедецениското искуство што го имаат нашите кадри ќе биде дополнителна помош за тимот на „Синами“ во справување со секојдневните предизвици што ги носи новото време, а со примена на нашите вештини сигурен сум дека ќе придонесеме во континуираниот развој на нови напредни ИТ-решенија. Се чувствуваме задоволни што се придружуваме на искусен тим, кој постигнува исклучителни резултати и на меѓународниот пазар и веруваме дека заедно ќе се позиционираме уште подобро и ќе постигнеме уште повеќе“, истакнуваат од „Еконет“.

Инаку, „Синами“ е софтверска компанија, која дејствуваше речиси 20 години во рамките на „Сеавус“, а по аквизицијата на „Сеавус“ од страна на чешката Групација АРИКОМА, компанијата се издвои како нов самостоен бренд. Во клиентите на „Синами“ денес се вбројуваат дури 70 % од најуспешните Fortune 500 компании, како Airbus, Rolls Royce, McLaren, SAP, Tesla и слични профили на клиенти од разни индустрии, со просечен број од 40.000 вработени.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Поскапуваат горивата

Објавено пред

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат еден и еден и пол денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,5 денар за литар, а малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, „на евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1 денар за литар.

Новите цени на горивата од ноќеска на полноќ се: „евросупер БС-95“ – 68,5 денари, „евросупер БС-98“ – 70 денари, „евродизел БС“ (Д-Е V) – 60 денари и маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 59,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,800 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,243 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион10 часа

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија16 часа

Потврдени 25 случаи на коронавирус во Македонија, 16 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 25 случаи на коронавирус, 16 лица починаа, а 408 пациенти оздравеа, соопшти...

Македонија17 часа

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија17 часа

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија19 часа

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија21 час

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија22 часа

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет23 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Свет24 часа

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож на Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба кога биле прободени со нож во супермаркет на Нов Зеланд,...

Свет24 часа

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет1 ден

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет2 дена

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион2 дена

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ2 дена

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија2 дена

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија2 дена

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија2 дена

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет2 дена

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Досие