Контакт

Економија

Бектеши: Со воведување ХАЛАЛ-стандарди до поголем извоз и повеќе туристи

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, присуствуваше на церемонијата на доделување сертификати на компании што го имплементирале ХАЛАЛ-стандардот во периодот од јануари до јуни 2019 година, настан што беше организиран под покровителство на Агенцијата за спроведување на ХАЛАЛ-стандардот во Македонија.

На церемонијата, предводена од директорот на Агенцијата, Муамер Весели, министерот Бектеши истакна дека доделувањето сертификати за компании што го применуваат ХАЛАЛ-стандардот, за што седма година по ред Министерството за економија доделува субвенции, претставува своевидна потврда за подобрување на конкурентноста на компаниите и зелена карта при обезбедувањето пласман на нови пазари.

„Сакам да потсетам дека оваа иницијатива на Министерството за економија почна во 2013 година со скромен буџет од 500 илјади денари наменети за кофинансирање на трошоците на компаниите за консултантски услуги за воведување на ХАЛАЛ-системот, кои се потребни пред издавањето на ХАЛАЛ-сертификатот. Буџетот за финансисрање на сертификација на ХАЛАЛ-стандарди се зголемуваше од година на година. И оваа година Министерството за економија продолжи со поддршката на компаниите за сертифицирање ХАЛАЛ-стандард и за оваа намена предвиде средства во вкупен износ од 2.000.000 денари. Средствата се наменети за субвенционирање 60 отсто од докажаните трошоци за сертификација на ХАЛАЛ-систем, но не повеќе од 200.000 денари од апликант“, истакна министерот Бектеши.

Министерот ги повика сите компании и деловни субјекти, кои сакаат да го зголемат својот извоз, да настапат на трети пазари, но и да ги подобрат своите услуги за туристите да аплицираат и да ги користат средствата што секоја година ги одобрува Министерството за економија.

„Од оваа година е отворена можноста и угостителските објекти и хотелите да може да аплицираат и да добијат ваков сертификат со цел да привлечат туристи од земјите што имаат вакви стандарди. Тоа ќе помогне за зголемување на бројот на туристи во Северна Македонија, ни и исполнување на бараните стандарди. Министерството за економија заедно со Агенцијата за спроведување ХАЛАЛ-стандарди и понатаму ќе продолжи со поддршката на сите компании да станат сè поконкурентни како на домашниот така и на странските пазари, но и да се зголеми туристичката понуда на земјата“, истакна министерот Бектеши и додаде дека тоа е важно поради фактот што глобалниот ХАЛАЛ-пазар се проценува на повеќе од 800 милијарди долари, а само европскиот над 66 милијарди долари годишно.

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, му се заблагодари на министерот Бектеши за поддршката што Министерството за економија им ја дава на компаниите, на кои им честита за добивањето сертификати што беа доделени во оваа пригода.

На денешната церемонија беа доделени сертификати за исполнување на ХАЛАЛ-стандардите на 14 компании.

Економија

„Тесла“ доби одобрение за производство во Кина

Објавено пред

Компанијата „Тесла“ е додадена на списокот на кинеската влада за овластени производители на автомобили, соопшти денеска Министерството за индустрија кога на производителот на електрични возила му е издаден сертификат неопходен за да почне со производство во земјата.

Списокот го објави кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Ова значи дека ‘Тесла’ во целост доби зелено светло за производство во Кина“, рече Џел Џанг, шеф на консултантската компанија „Аутомотив форсајт“, со седиште во Шангај, додавајќи дека „Тесла“ може да почне со производство во секое време.

Фабриката вредна 2 милијарди американски долари, што „Тесла“ ја гради во Шангај, е првиот странски објект на компанијата.

„Ројтерс“ неодамна објави дека „Тесла“ планира да почне со производство во својата фабрика во Кина во текот на месецов.

Компанијата планира во фабриката да произведува најмалку 1.000 примероци од „модел 3“ неделно до крајот на годинава бидејќи се обидува да ја зголеми продажбата на најголемиот светски автомобилски пазар и да ги избегне повисоките тарифи за увоз на американски автомобили.

Властите во Шангај понудија помош за „Тесла“ со цел да се забрза изградбата на погоните, а на 30 август Кина ги ослободи моделите на „Тесла“ од данокот од 10 проценти за продажба на возила.

Прикажи повеќе...

Економија

Почнал од нула, а сега годишно заработува 115 милиони евра

Објавено пред

Економистот Тимо Болт, сопственик на фирмата „Густо“, поради прекувремена работа, немал време да готви, но проблемот го решил многу успешно.

„На 26 години работев како економист во лондонска корпорација. Дури и кога готвев или ако купев нешто во продавница, најголем дел од таа храна ја фрлав во ѓубрето“, се сеќава Болт, денес сопственик на лондонската компанија „Густо“, која им го решава проблемот со набавка на продукти на сите оние што немаат време да одат на пазарење.

„До оваа идеја всушност дојдов инспириран од моите потреби. Сфатив дека има голем број луѓе што сакаат да готват јадење дома, но едноставно немаат време да одат на пазарење. Во тоа време имаше неколку слични компании во Германија од кои презедов некои делови од работењето“, додава Болт.

Како што објаснува, неговата компанија на домашната адреса на клиентите ги доставува сите продукти што тие ќе ги нарачаат, а им се потребни за подготовка на оброк. Состојките претходно се мерат и се приспособуваат на потребите на клиентите, а со нив доаѓа и рецепт за подготовка на јадењето.

Болт посочува дека најчесто негови клиенти се млади семејства со деца и вработени луѓе што живеат сами.

Денес, седум години подоцна, неговата компанија годишно од продажба остварува приходи во виснина од 100 милиони фунти (115,3 милиони евра), а како што пренесува Си-ен-ен, заедно со своите конкуренти компанијата на Болт е дел од индустрија што во моментот само во Британија вреди повеќе од милијарда долари. Според проекциите, до 2025 година оваа индустрија на глобално ниво ќе вреди над 9 милијарди долари.

Со седиште во Хамерсмит и сопствена фабрика, фирмата на Болт во моментот е во состојба да испорача во просек 250.000 пакувања месечно. Вработени се повеќе од 500 луѓе во цела Британија, а тој планира в година да го зголеми бројот на вработени на 1.200.

Прикажи повеќе...

Економија

Гувернерката и министерката за финансии на средби со ММФ и Светската банка

Објавено пред

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и министерката за финансии, Нина Ангеловска, учествува на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светскатa банка (СБ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

Како што соопшти Народната банка, закажани се одделни состаноци на делегацијата со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршниот директор на ММФ задолжен за Конституенцата, во која членува нашата земја, Антони де Ланој, и неговиот заменик Ричард Дорнбош, како и со вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле, и со шефицата на мисијата на ММФ за Република Северна Македонија, Берглјот Бјорнсон Баркбу. Се очекува дека на овие состаноци акцентот ќе биде ставен и на монетарната политика, економскиот развој и економските показатели што ги следи централната банка, како и на состојбите во банкарскиот сектор кај нас.

Постигнатите резултати од досегашната успешна соработка меѓу Народната банка и ММФ подетаљно ќе бидат анализирани на состаноците што гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе ги оствари со раководителите на неколку дирекции на оваа меѓународна организација, вклучително и дирекциите за статистика, за монетарни и капитални пазари и за фискални прашања. На нив ќе продолжат веќе почнатите дискусии во врска со можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење.

Предвидено е делегацијата да оствари состаноци и со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Мулер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, како и со извршниот директор на СБ за Конституенцата, во која членува и нашава земја, Кун Дависе. На овие состаноци ќе се говори и за финансискиот и банкарскиот систем, како и воопшто за финансиската стабилност на нашата земја.

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии ќе остварат средби и со потпретседателката на ИФЦ за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер, и со потпретседателот на ЕИБ, Андре Мекдовел. На средбата со Мекдовел се очекува дека ќе се дискутира и за остварувањето на зацртаното во меморандумот за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на анкетата за кредитната активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, кој беше склучен во април годинава во рамките на пролетните средби на ММФ и СБ.

Како претставник на шесте земји од регионот, кои сѐ уште не се членки на Европската Унија, во рамките на средбите во Вашингтон, Ангеловска-Бежоска ќе учествува и на состанок на надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2.

Годишните средби на ММФ и СБ се одржуваат секоја година и на нив учествуваат гувернерите на централните банки и министрите за финансии на земјите членки. Редовно, во дискусиите на средбите акцентот е ставен на актуелните случувања во светската економија и на важни теми, како што се поттикнувањето на економскиот раст, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето одржлив и инклузивен економски развој за сите целни групи во општеството.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Топ2 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија2 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа2 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија3 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа4 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион5 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет5 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа5 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија16 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија17 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија20 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа21 час

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија22 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија24 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија1 ден

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија1 ден

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет1 ден

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион1 ден

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија1 ден

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Досие