Контакт

Економија

Бектеши: Со Законот за стратешки инвестиции се отвора можност за голем инвестициски циклус

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција го образложи новиот Закон за стартешки инвестиции. Тој рече дека овој закон е во согласност со регулативата на Европската Унија за вакви инвестиции и е доставен во Собранието со европско знаменце.

„Целта на овој закон за стратешки инвестиции кој за првпат од ваков тип се носи во земјава е да поттикне, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Република Северна Македонија, економски раст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на земјата, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република Северна Македонија. Со овој закон се отвора можност за голем инвестициски циклус во државата, не само на државно туку и на локално ниво и сето тоа со поддршка директно од државата бидејќи Стратешкиот инвестиционен проект може да користи државна помош согласно Законот за контрола на државната помош“, истакна Бектеши.

За стратешки инвестициски проекти, како што образложи министерот, ќе се сметаат проекти со кои се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на Република Северна Македонија, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

„Она што исто така е важно е дека предложените стратешки инвестиции, кои на предлог на Владата ќе ги усвојува Собранието на Северна Македонија, мора да бидат усогласени со стандардите за животна средина утврдени во законите на земјата и тоа за проекти за енергетиката со инфраструктурата, транспорт и телекомуникации, туризам, преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство; прехранбена индустрија, здравство, индустриски и технолошки паркови, управување со отпадни води и отпад, информатичко-технолошки зони, спорт, наука и образование, како и за градење големи мултифункционални градежни комплекси на градежни објекти кои имаат во својот состав повеќе од една од наведените области.

Кој проект ќе биде стратешки инвестиционен проект, ќе одлучи комисија која треба да биде формирана десет дена по донесување на овој закон. Комисијата ќе биде составена од 9 членови од Владата и министерствата и три привремени членови од министерствата во чија надлежност е проектот, од општината и од регулаторното тело. Владата до крајот на годината треба да објави јавен повик на кој сите заинтересирани инвеститори ќе можат да аплицираат со проекти кои согласно условите во јавниот повик ќе се сметаат за стратешки.

„Во апликацијата за стратешки инвестициски проект меѓу другото инвеститорот треба да достави: инвестициски бизнис-план или студија за изводливост за јавни стратешки проекти, детално портфолио на субјектот што инвестира, референтна листа од искуства на инвеститорот во слични проекти, опис на начинот и изворите на финансирање на проектот, доказ за финансиска способност за остварување на стратешкиот инвестиционен проект, годишни сметки, банкарска гаранција, потврда дека не е отворена стечајна или ликвидациона постапка. Ако предлог-проектот ги исполнува сите услови од јавниот оглас тогаш Владата донесува одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект и склучува договор за стратешки инвестиционен проект во кој е утрдена динамиката за неговата реализација“, информираше Бектеши.

И потенцираше дека за спроведувањето на овој закон, како и постапка за стекнување статус стратешки инвестиционен проект, од страна на сите страни, ќе се спроведува на фер, транспарентен и недискриминаторен начин, со активно учесто на стручната и поширока јавност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ЕСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага цената на струјата да биде повисока од новоопределената од РКЕ?

Објавено пред

Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага цената на струјата да биде повисока од новоопределената од РКЕ?, прашуваат од „Електрани на Северна Македонија“ како реакција на обвинувањата изнесени од опозицијата.

„Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се залага АД ЕСМ да не му ја продава на универзалниот снабдувач ‘ЕВН хоум’ целата електрична енергија што му е потребна за снабдување на граѓаните, туку само 75 %, а остатокот ЕСМ да го продава на слободниот пазар и да заработи повеќе. Дали во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека тоа значи оти универзалниот снабдувач ќе мора остатокот од 25 % да го докупи токму на слободниот пазар за многу повисоки цени? И дека тоа ќе значи драстично зголемување на цената на струјата? Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага за двојно повисока цена на струјата за граѓаните?“, прашуваат од ЕСМ.

Додаваат дека е очигледно оти опозициската партија се занимава само со дневна политика и безидејни неконзистентни изјави, од кои никој во државата нема корист. Оттука, напоменуваат дека цената на АД ЕСМ е пониска 55 проценти од цената на струјата на слободниот пазар.

„Потенцираме и дека компанијата ги презема сите мерки за оптимизирање на производството и на трошоците, а во исто време спроведува инвестиции во обновливи извори од сопствени средства, кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира“, велат од ЕСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Економската активност на Франција блиску до нормалното ниво пред пандемијата

Објавено пред

Економската активност во Франција дополнително се нормализира во јули и е само седум проценти под предпандемиското ниво благодарение на подобрувањата во градежниот сектор, објави Централната банка.

Во јуни активноста беше девет проценти под нормалното ниво и значително закрепна од март кога беа воведени мерки за блокада за да се запре ширењето на коронавирусот. Резултатот беше пад на активноста 32 процента под нормалното ниво.

„Закрепнувањето продолжи во јули, иако со поумерено темпо, во согласност со трендот предвиден минатиот месец“, покажува месечното истражување на централната банка за деловните услови.

Стапката на искористенот на капацитетите во индустријата порасна во јули три процентни поени, на 72 процента, наведуваат од Централната банка проценувајќи дека активноста во прозиводствениот и услужниот сектор ќе биде стабилна во август.

Позитивниот тренд продолжува во контекс на воведувањето на ограничувањата во Франција и другите европски земји поради скокот на нови случаи на Ковид-19, при што владите настојуваат да избегнат целосна блокада, која би ги уништила економиите.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на горивата остануваат исти

Објавено пред

Цените на бензините, дизелот и на екстра-лесното масло ќе останат исти во согласност со одлуката од 4.8.2020 година, а зголемување ќе има на малопродажнaта цена на мазутот М-1 НС за 1,611 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра- лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 60,00 денари/литар, малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 62,00 денари/литар, малопродажната цена на „евродозелот“ (Д-Е V) изнесува 52,50 денара/литар и малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,412 денари/килограм и од полноќ ќе изнесува 26,121 денари/килограм.

Од 11.8.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 62,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 52,50 (денара/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,00 (денара/литар)
– мазут М-1 НС – 26,121 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување од 2,262 %, на дизелот – 1,045 % и на екстра-лесното масло – 1,048 %, а кај мазутот има зголемување од 3,899 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок 1,023 %.

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 11.8.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија1 час

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет2 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет2 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет3 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија4 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија5 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија5 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија7 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет8 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија8 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет9 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион10 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија10 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет21 час

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија22 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија22 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион1 ден

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија1 ден

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет1 ден

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Досие