Контакт

Економија

Бектеши со поглаварот на ИВЗ: Потребна е помош од верските заедници за да се поттикнат граѓаните да штедат струја

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Шаќир Фетаху.

dobivaj vesti na viber

Бектеши после состанокот кажа дека во овој момент е потребна помош од сите верски заедници со цел да се поттикнат граѓаните да штедат струја за да се обезбедат вишоци кои ќе им се дадат на компаниите.

„Со поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху разговаравме за енергетската криза со која се справува државата  со цел да ја добиеме поддршката од ИВЗ за штедење  енергија, која е многу важна во делот на покажување на општествена одговорност од страна на сите институции, но и на сите граѓани на Северна Македонија. Нашата цел е да се подгигне свеста кај сите верници и кај сите граѓани за во овој тежок период којшто следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со цел за побрзо пребродување на оваа криза“, кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека сите институции во државата треба да постапуваат согласно препораките, да заштедат во делот на електричната енергија со тоа ќе заштедат и на сметка на граѓаните и на стопанството кои го полнат државниот буџет.

Поглаварот на ИВЗ по средбата изјави дека ИВЗ и досега штедела енергија бидејќи како што рече дека потрошената енергија се финансира од донации на верниците, но ќе ги повика и граѓаните да штедат струја.

„Ние и досега рационално ја користиме енергијата и мислам дека ќе помагаме за излез од кризата и за малку трошење пари од буџетите на нашите семејства за струјата со тоа што ќе апелираме тоа да го направат и граѓаните. Ние треба да бидеме свесни дека треба да придонесеме да се надмине кризата. Ќе преземеме мерки за рационализирање на енергијата.

Имаме повеќе од 700 џамии и над 200 вработени и на средбите со верниците ќе зборуваме за рационализација на потрошувачката на струја. Ние имаме и верска обврска да внимаваме како ИВЗ бидејќи трошењето е грев во нашата вера“ рече Фетаху и најави дека во активноста ќе бидат вклучени сите вработени во ИВЗ.

Економија

Владата ја обврза ЕСМ да обезбеди парно греење во Скопје

Објавено пред

Владата на денешната седница, со цел обезбедување топлинска енергија во Скопје, донесе одлука со којашто на ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје му се наметнува обврската за обезбедување на оваа јавна услуга.

dobivaj vesti na viber

Обврската на ЕСМ ДООЕЛ Скопје се однесува на вршење енергетска дејност: регулирано производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите на дел од подрачјето на градот Скопје и тоа за подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир, како и за обезбедување топлинска енергија за покривање на загубите во системот, системска резерва и системски услуги за одржување на потребните работни параметри во рамките на системот за топлинска енергија за овие делови од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Економија

„Адора инженеринг“: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Објавено пред

Менаџментот на „Адора инженеринг“ соопшти дека добил цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи, ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе ѝ бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите.

dobivaj vesti na viber

„ Адора инженеринг“ во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво.

„Адора инженеринг“ со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава, додаде компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Од 15октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

Објавено пред

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат од ЕСМ, договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г, а закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.

„ Двете компании покажаа општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период“ , додава ЕСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави контактите за набавка на поевтини енергенси и ќе се разгледаат предлозите

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за...

Македонија10 часа

Ахмети: Во ДУИ немало оган, ниту ќе има

Заврши средбата во седиштето на ДУИ во Мала Речица. По речиси шест часа, лидерот на партијата Али Ахмети рече дека...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Пред состанокот бев загрижен, истата загриженост ја споделувам и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ја има истата загриженост како и пред...

Свет11 час

(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа Џо Бајден за време на неговото официјално патување во Порторико уште еднаш го...

Свет12 часа

Путин заминал во бункер од каде ги носи клучните одлуки, го предупредил и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми....

Економија13 часа

Од 15октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна...

Европа14 часа

Лукашенко: Украинците постојано провоцираат на границата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана...

Регион15 часа

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

Две силни експлозии ја потресоа фабриката за оружје „Арсенал“ во Казанлак, јавија бугарските медиуми наведувајќи дека сè уште не е...

Европа15 часа

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените...

Македонија17 часа

Обвинителството: Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба...

Економија18 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет18 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет19 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет21 час

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет21 час

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет21 час

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Јан, кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Јан на Флорида и во Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови вторпат...

Свет21 час

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет21 час

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил

Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет21 час

(Видео) Северна Кореја лансира проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја лансира балистичка ракета, која утринава прелета над Јапонија првпат по пет години, што предизвика предупредување до населението на...

Регион1 ден

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...