Контакт

Економија

Бектеши: Ќе продолжиме со поддршка на женското претприемаштво со цел јакнење на економијата

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, се обрати на регионалниот бизнис-форум за жени претприемачи од Западен Балкан, кој денеска и утре се одржува во Скопје. На настанот свое обраќање имаа и Анка Јонеску, директор на ЕБРД, како и Маја Коистра, главен менаџер во ЕБРД за мали бизниси.

Бектеши истакна дека стратегијата за развој на женското претприемаштво, изготвена во Министерството за економија со акциски план, кој ќе се имплементира во периодот 2019 – 2023 година, има цел економско јакнење на жените преку создавање поволна бизнис-клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемачки потенцијал, истовремено ќе придонесе кон развојот на постојните и отворање нови претпријатија, создавање нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

„За имплементација на стратегијата, Министерството за економија носи годишна Програма за конкурентност, иновации и претприемаштво, за која годинава само за оваа цел се обезбедени 2.500.000 денари, а се субвенционираа претпријатија во сопственост на жени (над 50 отсто) и управувани од жени, преку кофинансирање на 60 отсто од докажаните трошоци направени за набавка на опрема и алати; уредување на деловниот простор и воведување софтверски решенија“, информира министерот дополнувајќи дека јавниот повик е активен од февруари и дека жените претприемачи може да аплицираат до конечно исцрпување на средствата. Но, истовремено, имаат можност да аплицираат и за сите други мерки од Програмата за конкурентност, иновации и претприемаштво, која има обезбеден буџет од 53 милиони денари.

Директорката Јонеску истакна дека Програмата е пласирана во октомври 2014 година и има цел да го промовира женското претприемаштво, да го подобри пристапот до финансирање и консултантски услуги, како и да даде поддршка на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) од Западен Балкан, кои се управувани од жени. ПЖПЗБ е финансирана од ЕБОР, Луксембург и од Шведска, со интегриран пристап на таргетирање на жените од ММСП во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и во Србија.

„Денеска, посетивме неколку компании кои ги искористија придобивките од Програмата за жени претприемачи од Западен Балкан благодарение на континуираната поддршка на донаторите и на овој начин ќе се зајакне женското претприемаштво, економиите во регионот, а со тоа ќе го забрзаме процесот на интегрирање на Западен Балкан во ЕУ“, истакна Коистра.

Настанот овозможи водечките жени претприемачи од Западен Балкан да се вмрежат и да разменат искуства. Споделени ќе бидат и резултатите од Програмата за жени претприемачи за Западен Балкан (ПЖПЗБ) и најдобрите меѓународни пракси за финансирање на жените, а ќе бидат доделени и награди за најуспешните жени претприемачи и најдобрите службеници за кредитирање на бизнисите управувани од жени.

Економија

(Видео) Николовски: Ги преземаме сите мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

Објавено пред

Од оваа година за прв пат и земјава се вклучи во одбележување на Светскиот ден на пчелата. По тој повод, денеска министерот Љупчо Николовски присуствуваше на манифестацијата организирана од Сојузот на пчеларски здруженија, а поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На денешниот Светски ден на пчелата, целиот свет се потсетува на важноста на пчелите за животната средина и се испаќаат пораки за заштита на пчелите.

Министерот изрази посебна благодарност до Република Словенија и до амбасадата на Словенија во Република Северна Македонија, за нивната заложба и иницијатива до Организацијата на Обединети Нации, за 20-ти Мај да биде прогласен за Светски ден на пчелата.

„Република Северна Македонија беше дел од земјите кои ја поддржаа оваа иницијатива и активно се вклучи во политиките за заштита на пчелите. Минатата година во Словенија, кога за прв пат се одбележа Светскиот ден на пчелата, потпишавме Декларација со која се обврзавме на преземање на мерки за поддршка и заштита на пчелите и на другите опрашувачи. Владата на Република Северна Македонија и МЗШВ ќе дадат силен придонес во процесите на зачувување на пчелите и развој на овој сектор, бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка. Денес испраќаме порака дека зависиме од пчелите и од другите опрашувачи. Затоа, наша должност и обврска е секојдневно да работиме на заштита на пчелите, бидејќи тоа е важно за нашата иднина, за решавање на проблемите поврзани со глобалното снабдување со храна и за справување со гладта во светот“, изјави министерот Николовски.

Пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на диверзитетот и загадувањето. Со поддршка од Светската здравствена организација, Организацијата за храна и земјоделство –ФАО, го разви Меѓународниот Кодекс на управување со пестициди, што обезбедува најдобри практики кои можат да помогнат во намалување на изложеноста на опрашувачите на пестициди. РСМ како држава активно се вклучува во преземање на сите мерки кои што ќе придонесат за заштита на пчелите, преку едукација особено во делот на правилна употреба на пестицидите.

Пчеларството е гранка која има важен придонес во земјоделскиот сектор и во зачувување на животната средина. Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е силно посветена на развојот на оваа значајна земјоделска гранка. Преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и ИПАРД Програмата, создаваме институционална поддршка за пчеларството, со што директно го поттикнуваме зголемувањето на пчелните семејства и целокупниот капацитет на пчеларскиот сектор. Бројот на пчелни семејства последните три години бележи пораст и според последните податоци за пријавени субвенции за 2018 година, изнесува 240.000 пчелни семејства. Со техничка поддршка од словенечкото Министерство за земјоделство, шумарство и прехрана, МЗШВ ќе започне да работи на модел на пребројување на пчелните семејства со цел да се добие точна бројка, што е важно за понатамошните политики за развој на оваа гранка и за поделбата на субвенциите.

Прикажи повеќе...

Економија

Биткоинот продолжи да расте и ги надомести загубите од петокот

Објавено пред

Биткоинот продолжи да расте и ги надомести речиси сите загуби од петокот кога криптовалутата потона повеќе од осум проценти.

Во петокот најпознатата криптовалута изгуби речиси илјада долари на вредноста за помалку од еден ден. Биткоинот се искачи на најновата висока вредност оваа година во вторникот кога достигна 8,3 илјади американски долари пред да настапи турбулентниот период на тргување кон крајот на неделата.

Прикажи повеќе...

Економија

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Објавено пред

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства, за кој се обезбедени 5 милиони денари и за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2019 година, за кој обезбедивме 25 милиони денари, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

„Согласно повиците, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 30 јуни годинава, ќе им биде обезбеден поврат на дел од средствата до 30 отсто, но не повеќе од 15.000 денари. За купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци со потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на огласот, заклучно со 30 јуни, ќе се реализира поврат на дел од средствата до 50 отсто, но не повеќе од 25.000 денари, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена“, објасни министерот.

Бектеши посочи дека единствениот услов за аплицирање е купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за конкретните намени врз основа на јавните огласи на Министерството за економија во претходните години.

„Само за илустрација, заклучно со 2018 година на 6.538 домаќинства им се обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за купени и вградени сончеви колектори, а исплатени се приближно 96 милиони денари, додека во претходниве две години, откако стартуваше мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци субвенциниониравме 2.350 домаќинства и исплатени се приближно 66.000.000 денари од Буџетот на Република Македонија“, кажа министерот нагласувајќи дека јавниот оглас за печки на пелети во домаќинствата за 2019 година ќе биде објавен во третиот квартал од 2019 година.

„Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 20.000.000 денари“, најави Бектеши.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија1 час

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија2 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа3 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион4 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech4 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет5 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа22 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија23 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија24 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада1 ден

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Досие