Економија
Бензините и дизелот поскапуваат

Од ноќеска на полноќ ќе поскапат бензините и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините ќе поскапат за 1, а дизелот за 0,50 денари.
Новите цени од ноќеска се за еуросупер БС 95 – 64,5 денари за литар, за еуросупер БС 98 – 66 денари, а новата цена на дизелот е 55 денари за литар
Новата цена на екстра лесното масло (ЕЛ-1) е 44 денари за литар, а на мазутот 34,759 денари за килограм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Во Ресен доделени седум договори преку ИПАРД-програмата за набавка на земјоделска механизација

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Агенцијата на финансиска поддршка во земјоделството, Никица Бачовски, и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, денеска, во големата сала на Општината, свечено доделија седум договори за набавка на приклучна земјоделска механизација.
Како што информираат од Министерството, средствата се обезбедени преку ИПАРД-програмата.
Вредноста на набавката изнесува 65.000 евра прифатливи трошоци за инвестиции за набавка на атомизери, косачка, ножици за режење, фрези, платформи со хидраулично подигање, тањирачи, приколки со агробар, екобоксови за скалдирање овошје, електричен стакер и друга механизација што на земјоделците ќе им го олесни и ќе им го осовремени производството.
За сите седум договори вредноста на кофиннсирањето од ИПАРД-фондот изнесува 70 отсто од прифатливите трошоци.
„Земјоделското производство е повеќе од само професија. Тоа е начин на живеење, најчесто на целото семејство. Токму затоа, ценејќи го вашиот труд и вреднувајќи го вашиот ангажман во производството на храна, државата прави напори да ви помогне во производството за вие да имате поголема и сигурна заработка. Тоа најдобро се прави со модернизирање на производството, со што ќе ви се олесни работата, а ќе имате повисоки и поквалитетни приноси од земјоделските култури“, изјави Хоџа на настанот.
Министерот им честита на земјоделците и им посака успех.
Тој истакна дека ваквите примери треба да послужат како мотивација за други земјоделци и агробизнисмени да аплицираат и да ги користат средствата од ИПАРД.
„Ваквите примери на инвестиции во земјоделското производство се најдобриот показател дека европските фондови се достижни за секого и за секоја идеја за развој“, посочи Хоџа.
Економија
Нови повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 % во однос на одлуката од минатата недела.
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“, на „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1 денар за литар и ќе изнесуваат: за „евросупер БС-95“ – 65,50 денaри, за „евродизел“ (Д-Е V) – 56 денaри, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари за литар.
Цената на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува еден и пол денар и од полноќ ќе изнесува 67,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 35,396 денари.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот 4,364 %, дизелот 2,798 %, екстра-лесното масло 3,039 % и кај мазутот 3,013 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок 0,43 %, информираат од Регулаторната комисија.
Економија
Средба на Бектеши со новиот амбасадор на Катар

Министерот за економија, Крешник Бектеши, оствари средба со Јасим бин Хамид ал-Тани, новиот амбасадор на Државата Катар во нашата земја.
На средбата министерот и амбасадорот разговарале за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, информираат од Министерството за економија.
Бектеши го информирал амбасадорот за потенцијалите што ги има Северна Македонија, пред сè, во делот на привлекување странски инвеститори, а од амбасадорот бил пренесен интересот за разгледување на можностите за инвестиции во земјата.
„Податоците за трговската размена помеѓу Северна Македонија и Државата Катар покажуваат дека има голем простор за зголемување на билатералната трговија. Според статистичките податоци, билатералната размена помеѓу двете земји покажува значителен раст во вкупната трговија од 371,1 % во 2018 и 55,8 % во 2019 година и благо намалување од 8,9 % во 2020 година како резултат на пандемијата, што дава голем простор таа да се подобри во иднина“, стои во податоците од Министерството за економија.
Од таму истакнуваат дека на средбата било констатирано во наредниот период засилено да се работи на подобрување на соработката меѓу двете земји и создавање бизнис-партнерства, кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Државата Катар.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер