Контакт

Економија

Бензините од утре поскапуваат за 2,5 односно 3 денари

Објавено пред

Според најновата пресметка на регулаторната комисија, цените на бензините значително ќе се зголемат од вечерва на полноќ.

Имено, бензините од утре поскапуваат за 2,5, односно 3 денари. Според новиот ценовник, од утре за литар еуросупер БС-95 корисниците ќе плаќаат по 2,5 денари, а за еуросупер БС-98 по 3 денари повеќе во однос на досегашните цени, односно новата цена ќе изнесува по 68,5 денари за литар и 70,5 денари за литар, соодветно.

Малопродажните цени на дизелот еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,5 денари. Новата цена на еуродизел (Д-Е V) изнесува 61 денар за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,677 денари по килограм и ќе изнесува 33,375 денари.

 

Економија

Заев до шефицата на ММФ: Насочени сме кон флексибилчни мерки за сите инвеститори

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министреката за финансии Нина Ангеловска, вечерва се сретна со делегација Меѓународниот монетарен фонд предводена од Берглјот Бјорсон Баркбу, шефицата на мисијата на ММФ за земјава.

На средбата е заеднички констатирано дека стабилната политичка клима, добрите реформи, зајакнати капацитети на институциите, ефикасна администрација, фискалната стабилност се клучни за развојот на економијата во државава.

Оценето е дека земјава има силен економски контекст за развој. Нотирано е намалувањето на невработеноста. Изразена е согласност дека рационалните политики носат предвидливи резултати.

Премиерот Заев ги објасни мерките што ги презема Владата за покачување на платите, како што се зголемувањето на минималната плата, што се очекува уште повеќе да ја покачи спиралата на покачувања на платите, субвенционирањето придонеси со цел да се мотивира покачувањето на платите во земјава, мерките за борба против сивата економија, адаптирањето на даночките политики, иницијативите за зголемување на капиталните инвестиции, со цел овозможување мотивирање на економскиот раст.

„Пред нас е важен политички и еконoмски период. Успешните интеграции директно влијаат на поголем интерес на странските инвеститори за вложувања во државата и на охрабрување за инвестирања на домашните мали и средни претпријатија. Како Влада насочени сме кон флексибилчни мерки за сите инвеститори. Ги зајакнуваме административните капацитети за да ја олесниме реализацијата на капитални инвестиции. Преку статегијата за развој на човечкиот капитал и посветеноста за развој на информатичките технологии ги мотивираме младите да живеат и работат во родната земја. Знаеме дека пред нас има уште многу работа, но сите сили ни се насочени кон подобар живот на граѓаните, кон зголемување на животниот стандард и кон економски развој на нашата држава“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со претставниците на ММФ кои се во редовна годишна посета.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Анѓушев – Грин: Северна Македонија има историска можност да обезбеди иднина цврсто вградена кон западот и евро-атлантските институции

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретна со администраторот на УСАИД, амбасадорот Марк Грин, со кој разговараа за досегашната поддршка од страна на УСАИД, тековните проекти кои се спроведуваат во Северна Македонија, како и за идните форми на соработка, пред сè во насока на унапредување на економијата, демократијата, транспарентноста и повисок квалитет на живот на граѓаните.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека УСАИД е организацијата којашто ја даде најголема поддршка на нашата држава на патот кон демократијата и евро-атлански интеграции од постоењето на државата, односно нејзината независност. Американскиот народ, преку УСАИД, дава силна поддршка на македонските граѓани и државата да бидат на правиот пат, помогнаa да се стигне до оваа точка, на која денес се наоѓаме и во процесот на измените на нашето општество во насока на транспарентност, демократија и просперитет.

„Како и секогаш така и во овој период УСАИД го поддржува развојот на нашето општество и денеска разговаравме со господинот Грин за сите проекти коишто ги спроведуваме заеднички во моментот и тие се во сите области на нашето општество. Поаѓајќи од програми за развој на социјалното живеење, унапредување на медиумската сфера,  транспарентноста, унапредување на изборниот процес и развојот на  демократијата, па сè до развојот на квалитетот на живеење на младите  луѓе во нашата држава и секако во делот на економијата која е  една од најзначајните точки што е поддржана и тоа преку повеќе програми. Моментално се спроведува Програмата за подобрување со конкурентноста, со која се влијае на подобрување на околината за правење бизнис во нашата држава. Би сакал да подвлечам дека ќе беше речиси невозможно ние да ги постигнеме резултатите за адаптирање на нашата легислатива во делот на енергетика согласно европските барања и третиот енергетски пакет на ЕУ, кои требаше да се имплементираат во нашето законодавство во делот на енергетиката, без помошта на УСАИД. Тука не застанува делот од помош и соработка помеѓу  нашата држава и УСАИД.

Отворивме и некои нови теми за можна соработка. Го отворив прашањето за креирање на централна единица за креирање јавни-приватни партнерства, коишто цениме дека се иднината за развојот на економијата, дека не може економијата во нашата држава да се развива само врз база на државни инвестиции, туку ние јасно и недвосмислено сме како држава за патот на евро-атлантски интеграции. Тој пат на евро-атлантски интеграции подразбира демократија, транспарентност и приватна иницијатива која треба да биде движечка сила на развојот на општеството и  посебно на економијата и тоа да биде провлечено на долг рок и на одржлив начин, што е многу важно“, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Амбасадорот Грин нагласи дека УСАИД е присутна од 1993 година, во овие 26 години реализирани се низа програми и проекти преку кои се поддржани речиси сите области, почнувајќи од земјоделството, економијата, социјалното живеење, образованието, па сè до филмската индустрија.

„Ние сме посветени на континуираниот развој на Северна Македонија. И ние веруваме дека со искористување на моќта на приватното претпријатие и поттикнување на нови партнерства помеѓу приватниот сектор, владата и другите засегнати страни, можеме да работиме кон посветла, попросперитетна иднина. Северна Македонија има историска можност да обезбеди иднина цврсто вградена кон западот и евро-атлантските институции, вклучително и НАТО и Европската Унија. УСАИД се залага за поддршка на напредокот на Северна Македонија кон оваа цел. Програмите на УСАИД му даваат приоритет на патувањето во Северна Македонија да стане поиздржлива, просперитетна и самоуверена демократија“, потенцира УСАИД Администраторот Марк Грин.

Прикажи повеќе...

Економија

Елези: Повеќе проекти за подобра инфраструктура во Полошкиот Регион преку МСИП

Објавено пред

Изградба на булевар, филтер-станици, реконструкција на локални патишта и училиште – се проектите кои се финансираат годинава преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП во Полошкиот Регион, рече заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, на вчерашната владина седница што се одржа во Тетово. Заменик-министерката истакна дека преку инвестиции во вакви проекти се подобруваат општинските услуги, а со тоа и условите за живот за граѓаните во овие општини.

Заменик-министерката Елези посочи дека Министерството за финансии во август годинава склучило договор со општина Тетово за изградба на дел од булеварот Видое Смилевски-Бато во Тетово. Во рамки на проектот предвидено е продолжување на булеварот за дополнителни 671 метри со што ќе се овозможи премостување на сообраќајот од централниот дел на градот кон периферијата. Таа рече дека имајќи  предвид дека булеварот поминува по должина на индустрискиот дел од градот Тетово, тој истовремено претставува и главна комуникациска артерија за товарниот сообраќај кој од Скопје, Тетово и Гостивар се движи кон граничниот премин.

Исто така, општина Тетово подготвува проектна документација за да аплицира за набавка на автобуси за јавен превоз преку Проектот за подобрување на општински услуги, рече заменик-министерката за финансии, Ширет Елези.

Таа посочи и дека преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој Министерството за финансии го реализира со поддршка од Светска банка, опфатена е и реконструкција на училиштето во општина Желино во с. Палатица. Проектот опфаќа реконструкција на училишната зграда, подови и покрив, замена на прозорци и врати, молерисување на внатрешната површина на зградата и набавка на мебел. Во Желино се реконструираат и два локални пата преку проектот, односно локален пат во с.Групчин и во с. Ново Село.

Во општина Врапчиште пак, преку проектот се опфатени изградба на филтер-станици во с. Неготино и с. Добри Дол.
Преку МСИП и ИПА-грант за општина Гостивар обезбедени се средства за набавка на опрема за одржување на улично осветлување, како и фотоволтаични системи за јавни објекти.

Инаку, Проектот за подобрување на општински услуги го реализира Министерството за финансии со поддршка на Светска банка, како и со ИП-средства од ЕУ. Целта на проектот е преку инвестиции во инфраструктурни проекти во општините, како локални патишта, водоводи, градинки, училишта, опрема, да се подобрат општинските услуги и условите за живот во сите општини во земјава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион50 минути

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија2 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија5 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија7 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија9 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија9 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија10 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија11 час

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа11 час

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија12 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија12 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија12 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет12 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет13 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија13 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт13 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија23 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион24 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион1 ден

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Досие