Економија
Бензините поевтинуваат 3 денари, дизелот 2,5

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат три денари, а цената на дизелот 2,5 денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат три денари за литар и ќе изнесуваат 64 денари за литар за „евросупер БС-95“ и 66 денари за литар за „евросупер БС-98“.
Малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 2,5 денара за литар и од ноќеска на полноќ малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) ќе изнесува 56 денари за литар, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) на полноќ ќе изнесува 45 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 3,175 денари, на 30,390 денари за килограм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонската компанија BtoBet на чекор да го освои пазарот во Северна Америка

Една од водечките IT компании во светската iGaming индустрија, македонскиот BtoBet, се стекна со регулаторна дозвола која ќе ѝ овозможи да почне да ги обезбедува своите услуги и водечка технологија на пазарот во Северна Америка.
Според Тсахи Маимон, претседател на групацијата NeoGames од која BtoBet е дел, ова е важна пресвртница за компанијата која се стреми да го прошири своето глобално присуство преку позиционирање во перспективниот северноамерикански регион.
„Навистина сме возбудени што сме во позиција да започнеме со испорачување на нашата врвна технологија за електронско спортско обложување на клиентите во Онтарио. Оваа дозвола која инаку ја издава Комисијата за алкохол и игри на Онтарио (AGCO) е потврда за способноста на BtoBet да ја прилагоди својата понуда според барањата на различните пазари“, истакна Маимон, додавајќи дека безбедноста на играчите кои ја користат онлајн платформата за спортско обложување на компанијата останува број еден приоритет.
Регулаторното одобрување од AGCO доаѓа по неодамна стекнатиот „GLI-33“ сертификат за усогласеност кој практично го забрза доближувањето на BtoBet до државите во Северна Америка каде електронското спортско обложување е легализирано или во процес на легализација.
Во моментов, македонскиот BtoBet има водечка позиција на регулираните пазари во Европа, Латинска Америка и Африка со повеќе од 30 склучени партнерства меѓу кои светските William Hill, Betfair, FanDuel, Intralot и други.
ПР
Економија
Ковачевски: Иако сите очекуваа зголемување на цената на струјата, сметките за малите потрошувачи се намалија

Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешната панел-дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.
Тој потенцира дека стратегијата на Владата, како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.
„Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 % во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија, што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на кои нема да има зголемување на цената на електричната енергија“, рече тој.
Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100 % покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата сметките за малите потрошувачи се намалија 20 %.
„Со зголемување на производството на државните електрани имаме намалување на цената на електричната енергија во првите два блока, а таму е најголемиот број од домаќинствата што трошат електрична енергија. Многу благо покачување во третиот блок и поголемо покачување во четвртиот блок. Четвртиот блок се практично наши граѓани што трошат поголеми количини електрична енергија, кои загреваат поголеми површини, загреваат и базени во текот на зимата, но тоа за нив не претставува проблем и добро е што тоа може да го прават, но плаќаат нормално поскапа електрична енергија. Дополнително, и што е најважно, за малите компании цената на електрична енергија се намали 20 %, тоа се компании во кои се 98 % од вработените во државата“, истакна Ковачевски.
Економија
Произведени 19.942 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 30.01.2023 година произведe 19.942 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.
Во Термоелектраните произведени се 14.845 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.097 MWh.
* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 30.01.2023 година