Контакт

Економија

Бесими: Вториот ребаланс на буџетот обезбеди средства за четвртиот пакет мерки

Објавено пред

Вториот ребаланс на буџетот е ребаланс за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија, за кога кризата ќе заврши да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими, презентирајќи го вториот ребаланс на буџет.

Со вториот ребаланс се ревидира економскиот резултат за 2020 година на -4,4%. Како што беше истакнато, доколку не се преземеа пакетите мерки, падот веројатно ќе беше повисок.

Приходната страна на буџетот со ребалансот останува иста, односно од 196,4 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, додека расходната страна се проширува на 253 милијарди денари или за 4,2%, односно за 10,1 милијарди денари повисоки во однос на ребалансот, со кои ќе се финансираат дел од мерките. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари, односно 8,4% од БДП.

„Овие средства се распределени во буџетите на соодветните министерства и институции надлежни за имплементација на владините мерки преку посебна владина Потпрограма П1- мерки за справување со корона-кризата. За финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор се предвидени 70 милиони евра, за домашна платежна картичка за ранливи категории од Ковид-19 27 милиони евра, за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња 6,7 милиони евра, за поддршка на дејноста туристички водич 160.000 евра, за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања 2 милиони евра, за македонски викенд-шопинг со Мој ДДВ 17 милиони евра, за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка 13 милиони евра и за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби 5,5 милиони евра“ – вели министерот за финансии.

Кратења има кај расходите за стоки и услуги се планирани во износ за 1 милијарди денарии кај капиталните расходи 1,2 милијарди денари, притоа капиталните расходи на ниво на основниот буџет се на исто ниво.

Во однос на финансирањето на дефицитот, ново задолжување кон странство нема да има. Проширувањето на дефицитот ќе се финансира во одреден дел од депозитите на државата и дел преку државни хартии од вредност.

Инаку, реализацијата на буџетот заклучно со септември, на приходната страна изнесува 136 милијарди денари или 69,1% во однос на планираните приходи за 2020 година со ребалансот од мај, што е за 4,9% помалку во однос на истиот период од лани. Реализацијата на расходната страна изнесува 171,9 милијарди денари, што претставува 70,5% во однос на годишно планираниот износ со првиот ребаланс, или за 10,7% повеќе во однос на лани. Согласно ова во периодот јануари-септември 2020 година остварен е дефицит на буџетот на Република Северна Македонија во висина од 35,8 милијарди денари или 5,3% од БДП. Според овие податоци, реализацијата на буџетот одеше согласно планот, но со носење на четвртиот пакет  мерки кој е во насока на поттикнување на економската активност и поддршка на фирмите и на граѓаните се јави потреба за финансирање на истите, а со тоа и преструктуирање на позициите во буџетот и обезбедување дополнителни финансии, посочи министерот за финансии.

Економија

Бежоска – Гир: Усогласеноста со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е важна за напредокот на земјата

Објавено пред

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите.

Функционалната и институционалната независност се неопходни барања на секоја централна банка во ЕУ. Овие принципи што се опфатени во законот треба да се применуваат целосно во земјата. Ова се дел од заклучоците од првата работна средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата се разговараше и за предизвиците за економијата по избувнувањето на ковид-кризата, при што беше посочено на важноста на поддршката добиена од ЕУ, вклучително и преку макрофинансиската поддршка добиена од ЕУ неодамна. Како што беше истакнато, за овозможувањето поддршка од ЕУ се клучни и позитивните оцени за работењето на Народната банка и за нејзината поставеност во текот на ковид-кризата. Според оцените на ЕУ, во текот на актуелната глобална криза, Народната банка покажа дека е подготвена за максимално користење на монетарните инструменти коишто се клучни за одржување на макрофинансиска стабилност, којашто е неопходна за побрзо заздравување на економијата во посткризниот период. Како што е истакнато и во извештајот на ЕК, Народната банка реагира брзо, со целни мерки за поддршка на економијата, како преку инструментите на монетарната политика, така и со промените во регулаторната рамка.

Соговорниците напоменаа дека е исклучително важна и поддршката што Народната банка ја доби од Европската централна банка (ЕЦБ), преку пристапот до девизна ликвидност во евра, овозможен за првпат, којшто може да се користи доколку е потребно, што е дополнителна потврда за подготвеноста на Народната банка за успешно одржување на макрофинансиската стабилност. Со пристапот до девизна ликвидност обезбедена од ЕЦБ, Народната банка доби уште поголем простор за брзо и ефикасно дејствување во случај на остварување негативни ризици поврзани со ковид-кризата, што како што беше кажано на средбата, може да биде особено важно за јакнењето на финансиската стабилност на земјата.

На средбата се разговараше и за проектните активности коишто ги спроведува Народната банка со поддршка од ЕУ, меѓу коишто особено се издвојува твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“. Гувернерката и амбасадорот на ЕУ искажаа заемно задоволство за спроведувањето на проектот. Досегашните остварувања овозможуваат простор и за натамошни проекти преку коишто ЕУ ќе ги поддржува определбите на Народната банка за постојано следење на најновите и највисоки европски стандарди и регулативи.

Во завршницата на средбата, гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари за поддршката којашто Народната банка постојано ја добива од ЕУ и за успешната соработка со Делегацијата на ЕУ. Амбасадорот Гир истакна дека таквата соработка продолжува и дека во натамошниот период може да се одвива и преку низа нови заеднички активности.

Прикажи повеќе...

Економија

Самостојните вршители на дејност три месеци ќе добиваат по 17.410 денари државна помош

Објавено пред

На својата 15-та седница Владата денеска го утврди текстот на предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствената и економска криза предизвикана од коронавирусот, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

„Целта на овој предлог-закон е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Осум општини потпишаа грантови за развој на социјални услуги

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Клубот на пратениците, заедно со градоначалниците на осум општини, потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги.

„Владата и Министерството за труд и социјална политика заедно со општините и невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една и единствена цел – услугите да ги доближиме до корисниците, односно да ги добиваат од своето место на живеење. Но, ова дополнително значи и отворање нови работни места преку платена работа за давателите на овие услуги“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова претставува нов концепт на работа преку воспоставување нова методологија на финансирање на социјалните услуги, проект што се работи заедно со поддршка на Светската банка, во времетраење од 5 години во вредност од 10,8 милиони евра.

Договори за грантови за развој на социјални услуги денеска потпишаа општините: Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село, Василево и Кисела Вода. На ова претходеше јавен повик од страна на Министерството за труд и социјална политика, на кој аплицираа повеќе општини, 24 од нив ги исполнија условите, а со денешното потпишување на првите осум општини почнува овој процес на соработка.

„Квалитетни социјални услуги и достапност на граѓаните до нив е целта на овој проект. Зборуваме за помош на старите лица во нивниот дом, помош и нега во домот на лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и лица со попреченост и поддржано живеење. За нас секој граѓанин е важен – ранливите категории граѓани, старите лица, лицата со попреченост, но и секој граѓанин кому му е потребна поддршка“, порача Шахпаска.

Министерката информира дека оние општини што не успеаја да аплицираат оваа година ќе ја имаат таа можност тоа да го направат в година.

Прикажи повеќе...

Најново

Наука1 минута

Научниците предупредуваат: Нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не започнал да замрзнува, иако е крај на октомври, што е...

Македонија12 минути

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 тестови, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија43 минути

Фронт 21/42: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

Фронт 21/42 се приклучува кон Манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија1 час

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката...

Македонија2 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион2 часа

Вирусот влезе во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус се појави на снимен во Хрватска на Одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во...

Регион2 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет3 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет3 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа3 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија12 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет15 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа16 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија17 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија21 час

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија22 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа22 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет22 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет23 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Досие