Контакт

Економија

Бесими и Наумов: Грант до 15.000 евра за нови вработувања и успешност преку „Ковид 4“

Објавено пред

До 15.000 евра грант-средства за фирмите од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, кои ќе ја користат новата бескаматна линија „Ковид 4“, доколку вработат нови работници и ги зголемат приходите годинава. Денес министерот за финансии, Фатмир Бесими, и директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов, ги презентираа условите на бескаматна линија од петтиот пакет-мерки, за која ќе може да се аплицира по објавување на јавниот повик кон крајот на мај.

За мерката се издвоени вкупно 615 милиони денари или 10 милиони евра од буџетот, кои ќе се пласираат преку Развојната банка. Висината на поединечните кредити ќе изнесува од 3.000 до 30.000 евра. Мерката има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството, но и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите.

„Условите за оваа линија се направени така да ги наградуваат успешноста во работењето на фирмите, инвестициите и проширувањето на капацитетите. ‘Ковид 4’ линијата, предвидува грантови за успешност во случај доколку фирмите ги зголемат вкупните приходи во 2021 година за најмалку 10% споредено со 2020 година – тогаш ќе имаат право да побараат грант од 30% од кредитот, или во случај доколку го зголемат бројот на вработени во 2021 година за најмалку 5% – тогаш ќе можат да побараат грант од 20%. Доколку, пак, се исполнат и првиот и вториот услов, кредитокорисникот може да оствари право на грант од 50%. Вкупната сума на грантот може да биде од 600 евра – минимален износ, до 15.000 евра – максимален износ. Фирмите ќе можат да поднесат барање за грант-средства до банката, во моментот кога ќе отплатат 40% од кредитот“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Директорот на Развојната банка, Кире Наумов, информираше дека ,,Ковид 4” е наменета за микро, малите и средни трговски друштва до 250 вработени од дејностите туризам, угостителство, ивент индустрија и транспорт, приватните здравствени установи, трговците поединци и занаетчиите, кои можат да докажат пад на приходите од најмалку 30% и имаат капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит.

„Износот на кредит кој ќе може да го користи одреден субјект ќе зависи од бројот на вработените во месец јануари, февруари или март 2021 година и падот на приходите во 2020 година, во однос на 2019 година. Субјектите кои имаат пад на приходи помеѓу 30 и 50 проценти, ќе може да користат кредит по 15.200 денари по вработен, додека субјектите кои имаат пад на приходи повеќе од 50 проценти ќе може да користат кредит по вработен од 22.000 денари. Така на пример, субјект со 20 вработени, кој претпоставуваме има пад на приходите од 35%, ќе може да користи кредит: 15.200 денари по 20 вработени по 3 месеци = 912.000 денари (или 14.830 евра). Доколку овој субјект има пад на приходите од 60%, тоа е пад повеќе од 50%, тогаш ќе може да користи кредит најмноигу до 1.320.000 денари (или 21.460 евра) пресметан како 22.000 по 20 вработени по 3 месеци“, рече Наумов.

Корисниците на „Ковид 4“ не можат истовремено да ја користат мерката Финансиска поддршка за исплата на плати од Петтиот пакет, како и корисниците на „Ковид 3“ линијата. Корисниците на „Ковид 1“ и „Ковид 2“, можат да бидат корисници на „Ковид 4“, доколку ги измириле сите достасани обврски по основ на претходните кредити.

Исто така, сите потенцијални корисници на ,,Ковид 4” кредитната линија, треба навремено да ги завршат обврските за пријавување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици при Централниот регистар.

Рокот на отплата на кредитите од оваа бескаматна линија е до 42 месеци со грејс период од 12 месеци, додека отплатата на кредитот ќе се врши квартално по 10% од главнината.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски: Поради неспособноста на Владата ќе има пак поскапување на струјата, под итно да го намалат ДДВ од 18% на 5%

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува повторно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, поради како што вели слабото работење на енергетските компании во државата. Тој обасни дека пред се станува збор за ЕВН и МЕПСО.

„ Мислам дека неминовно е да имаме зголемување на цената на електричната енергија и во насока на тоа во годината која што е кризна јас би сакал да ги советувам властите да ја намалат основицата, односно да го намалат данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5%, со тоа да го ублажат ценовниот шок кој што ќе следи со евентуалното зголемување на електричната енергија. Ние како пратеничка група, размислуваме да предложиме еден таков закон за Парламентот, за тоа што цениме дека на тој начин ќе бидат растеретени сметките за електрична енергија на граѓаните, но истовремено ќе бидат и растеретени и од бизнис заедницата“, појасни Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев од Атина: Американска компанија, која е активна во Грција, ќе инвестира и во Северна Македонија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржа средба со претседателот на Грчко-американската комора, Николаос Бакацелос, и со претставници на компании членки на Комората.

На средбата премиерот Заев бил информиран дека американска компанија за рециклирање пластика е заинтересирана за отворање фабрика во Северна Македонија. Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање, појаснуваат од кабинетот на Заев.

Компаниите изразиле интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори, како и во циркуларната економија во насока на спроведување на зелената агенда, како и во агросекторот.

Премиерот Заев истакна дека Северна Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка за што говорат и податоците за солидна трговска размена со земјите од регионот, како и заедничките проекти во полето на енергетиката.

Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи ги поканија компаниите во земјата да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании.

На состанокот се дискутира и за придобивките од влезот на Северна Македонија во НАТО, што за инвеститорите е јасен и позитивен сигнал бидејќи ги зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања.

Презентирајќи ги можностите за инвестиции, премиерот Заев додаде дека позитивните исчекори што Северна Македонија ги прави за придвижување на интеграциските процеси на земјата се уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи, а еден од начините за остварување на таа цел е токму зголемувањето на регионалната соработка.

На средбата беа истакнати позитивните трендови во земјата, кои даваат сигнал на стабилизирање на економијата, зајакнување на довербата кај инвеститорите како резултат на позитивните движења во економијата, раст на извозот, индустриското производство, внатрешниот промет, како и раст на просечната плата.

Прикажи повеќе...

Економија

„Ризико СМАРТ“ – нов производ на „Триглав осигурување живот“

Објавено пред

Триглав Осигурување Живот ад Скопје, воведе нов производ – Ризико СМАРТ, кој носи инклузивност со покривање на повеќе ризици а наменет е за сите оние кои сакаат целосно да го заштитат своето семејство при настанување на штетен настан по животот на корисникот на полисата.

Овој производ, наменет за лица од 18 до 65 години, го карактеризира флексибилност во поглед на траењето и начините на плаќање, а се согласно потребите на осигуреникот.

Корисници на кредит или лица кои сакаат да уживаат во сигурна иднина на своето семејство или друг корисник на осигурувањето, е вистинската таргет група за која е наменет овој вид на осигурување.

Производот Ризико СМАРТ како и останатите производи од палетата на Триглав Осигурување Живот е со целосно осигурително покритие во случај на смрт од Ковид-19.

За повеќе информации зинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02 5102-201 или на електронската пошта [email protected]

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет4 часа

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија4 часа

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Македонија5 часа

Заев посакува да види судска власт која не е составена по тефтерчиња, за него нема веќе недопорливи

Ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата, охрабрабрување на различно мислење, градење на СДСМ за новото време –...

Свет8 часа

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет8 часа

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет9 часа

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет11 час

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет23 часа

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија1 ден

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија1 ден

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Македонија1 ден

Родителите против дигитализација: Преку референдум ќе ги спасиме нашите деца

Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на...

Македонија1 ден

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат...

Македонија1 ден

Во болниците низ земјава има 536 ковид-пациенти, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 22 лица

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Свет1 ден

Најмалку 12 загинати во воздушнитe напади на Газа, срушена е и џамија

Палестинските власти потврдија дека најмалку 12 лица загинaле денеска во еден од неколкуте воздушни напади на северот на Појасот Газа,...

Македонија2 дена

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија2 дена

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет2 дена

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Досие