Контакт

Економија

Бесими: Со реструктуирање на буџетот ќе се направи простор за нови антикризни мерки

Објавено пред

Преку реструктуирање на буџетот ќе се направи простор и за евентуални мерки кои ќе помогнат во надминување на кризата. Секаде каде што може ќе се крати со ребалансот, на кој веќе се работи, пишува во својата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој посочува дека тековната криза е афтершок од пандемијата и како таква би требало да биде послаба од првичниот удар, како и дека основните сценарија на меѓународните финансиски организации за годинава предвидуваат раст за глобалната и домашната економија.

dobivaj vesti na viber

„Во Министерството за финансии веќе се одвиваат консултации со институциите за степенот на реализација на проектите и тековните расходи. Она што со сигурност како министер за финансии можам да го кажам е дека ќе бидеме максимално конзервативни, секаде каде што може – ќе се скрати. На тој начин ќе се направи повеќе простор за нови реакции и мерки, кои со оглед на ситуацијата, најверојатно ќе бидат повторно потребни“, пишува Бесими.

Министерот за финансии посочува дека досегашниот одговор на Владата на тековната криза е еден од најсилните во регионот.

„Од почетокот на кризата, одговорот на Владата изнесуваше 615 милиони евра за мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Оваа сума е меѓу најсилните одговори на кризата во регионот. Хрватска има издвоено околу 635 милиони евра, Грција 500 милиони евра, Словенија и Албанија предвидуваат по околу 200 милиони евра итн. Нашата цел како Влада е да дадеме поддршка на граѓаните, на ранливите категории пред сè да го задржиме здравјето на економијата и да ја надминеме оваа криза, а потоа да се вратиме на патеката и целта кон која се стремиме – повисоки и одржливи стапки на економски раст“, пишува Бесими.

Министерот посочува дека војната во Украина донесе една битна дилема за носителите на политиките. Соочени со кризи, една по друга, а исправени пред предизвикот да не се отстапи од зацртаната амбиција за раст и развој, неизбежно се наметнува триаголникот во остварување на трите цели: справување со кризата, одржување на растот и фискална консолидација.

Економија

Свечено отворање на новата поставка во Музејот на Народната банка посветена на културното наследство претставено на македонските банкноти

Објавено пред

Денеска во Музејот на Народната банка свечено ќе биде отворена изложбата В/редности и вредности, којашто е кураторски обид за селекција, презентација и толкување на културното наследство, претставено на тековното издание на македонските книжни пари, од 1996 година до денес. Изложбата е организирана како дел од активностите со коишто Народната банка ја одбележува 30-годишнината на македонската монетарна самостојност и воведувањето на денарот како национално платежно средство.

dobivaj vesti na viber

Поставката, преку осум микроцелини, секоја посветена на засебна банкнота, го опишува и го толкува културно-историското наследство употребено како предлошка за создавање на нивниот дизајн. Поставката ги вклучува охридската Изида, златниот накит на лихнидските дами, виничката икона, боите на Шарената џамија, македонскиот афион, односно археолошкото, уметничкото, архитектонското и природното наследство на овдешните простори.

Изложбата е поддржана од страна на седум македонски музеи, коишто обезбедувајќи пристап до артефактите, овозможија да бидат претставени пред пошироката јавност како обележја на македонските пари.

На свеченото отворање ќе се обратат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, академик Абдулменаф Беџети и професорот на Архитектонскиот факултет, Митко Хаџи-Пуља.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста од утре, 8 јули, и ќе биде достапна за посетителите следните шест месеци, секој работен ден од 9 до 15 часот. Влезот е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Економија

Лајен: Европа мора да се подготви за целосно прекинување на испораките на руски гас

Објавено пред

Европската Унија мора да се подготви за потенцијално целосно суспендирање на испораките на руски гас, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

dobivaj vesti na viber

„Ова е причината поради која Комисијата работи на вонреден европски план. Во текот на јули ќе го претставиме тој план и потребните инструменти за негова имплементација“, изјави Лајен на седницата на Европскиот парламент во Стразбур.

Таа ја обвини Русија дека ја користи енергијата како оружје, истакнувајќи дека сега 12 земји од Европската Унија се директно погодени од делумно или целосно исклучување на рускиот гас, пренесува „Спутник“.

Шефицата на Европската комисија изјави дека земјите членки на Европската Унија имаат свои национални програми за вонредни состојби, но неопходна е и поширока европска соработка и заеднички акции на сите 27 земји членки.

„Мораме да бидеме сигурни дека во случај на целосно исклучување, гасот ќе продолжи да стигнува онаму каде што е најпотребно. Мораме да бидеме сигурни дека можеме да се потпреме на европската солидарност. И мораме да го заштитиме единствениот пазар, како и индустрискиот синџир на снабдување“, рече Лајен.

Таа исто така истакна дека Европската Унија ја намалила својата зависност од руските енергетски извори.

„Се оддалечуваме од Русија за да се свртиме кон сигурни извори, кои влеваат доверба“, рече таа, наведувајќи дека од март увозот на енергетски производи во Европската Унија од различни земји, со исклучок на Русија, е зголемен за 75 проценти во споредба со претходната година.

Според неа, увозот на течен природен гас од САД во ЕУ е речиси тројно зголемен, додека увозот на гас од Русија е намален за една третина во однос на минатата година.

Прикажи повеќе...

Економија

Цената на горивата не се менува, се намалува само цената на мазутот

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.07.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.7.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,501%, кај дизелот за 1,699%, кај екстра лесното масло за 2,028%  и кај мазутот за 2,898%.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и ќе изнесува 52,649 ден/кг.

Од 7.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95    108,50 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98    110,50 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V)     103,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    102,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                              2,649 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,412%.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Чулев: Оставки на Спасовски и Османи затоа што тргнаа против својот народ

„На вчерашниот протест Оливер Спасовски и неговите партиски пулени, исклучиво раководејќи се од партиски интереси и желба за зачувување на...

Македонија1 час

Приведен 18-годишник кој фрли молотов коктел кон Собранието

Во текот на вчерашното деноноќие приведено е 18-годишно момче кое фрли молотов коктел кон зградата на Собранието, соопшти МВР. Станува...

Свет1 час

Британски медиуми: Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека денеска се очекува официјално соопштение. Тој...

Македонија2 часа

Вечерва нов протест во Скопје – „Ултиматум – НЕ благодарам“

„Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред Влада, преку...

Македонија3 часа

Пендаровски: Неприфатливо е користење и поттикнување насилство во политички цели

Претседателот Стево Пендаровски се огласи по вчерашниот инцидент за време на протестите против францускиот предлог. „Неприфатливо е користење насилство и...

Економија3 часа

Лајен: Европа мора да се подготви за целосно прекинување на испораките на руски гас

Европската Унија мора да се подготви за потенцијално целосно суспендирање на испораките на руски гас, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет4 часа

Војната во Украина во фокусот на самитот на Г20 во Индонезија

Министрите за надворешни работи на Групата 20 (Г20) денеска доаѓаат на Бали, Индонезија, на разговори во кои ќе доминира конфликтот...

Македонија14 часа

Мицкоски: Подолго време добивам информации за моја елиминација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека на денешниот протест при инцидентите кај „Мавровка“ имало намера да се изгуби човечки...

Македонија16 часа

Демонстрантите нападнати со камења и шишиња кај „Мавровка“

Демонстрантите што протестираа против францускиот предлог беа нападнати со стаклени шишиња и камења од група луѓе кај плоштадот Скендербег по...

Спорт16 часа

Ексклузивно интервју со Калин Ивановски: Верувам дека в недела можам да го освојам Вимблдон

Од Лондон, Ненад Живановски Калин Ивановски, осумнаесетгодишниот русокос скопјанец, веќе втора година по ред како единствен ја претставува Македонија на...

Македонија18 часа

Маричиќ: Би можеле да ги завршиме преговорите до крајот на оваа деценија, шансата е сега

Вицепремиерот Бојан Маричиќ е убеден дека Македонија може да влезе во ЕУ ако го прифати францускиот предлог и ги почне...

Регион18 часа

Генчовска: Имаме џентлменски договор со Османи дека протоколите се прецизирани, нема да ги отвораме текстовите

Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза што деновиве се случува Македонија, како што секогаш правиме, изјави бугарската министерката...

Македонија21 час

(Видео) Митрески: Ќе дадеме наши предлог-заклучоци кои ќе се однесуваат на стратешките определби за членството во ЕУ

„Зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално по информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние...

Македонија22 часа

(Видео) Порака со среден прст за францускиот предлог

Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници, испраќајќи порака до политичарите со среден прст. Тој со кацига на главата во...

Македонија23 часа

ДУИ: Се гледа кој е за Европа, а кој е против!

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува антиевропското насилство на улиците на Скопје поттикнато и спроведено од проруските елементи во...

Македонија24 часа

Бибер: Францускиот предлог е катастрофа

Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето, смета експертот за Балканот, Флоријан Бибер. Бибер на Твитер...

Македонија1 ден

Спасовски: Да победи здравиот разум и да не се повтори никогаш веќе 27 април

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово ги посети повредените полицајци, кои беа повредени за време на вчерашниот јавен собир...

Свет1 ден

Украински војници пристигнаа во Велика Британија на обука

Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Валас. Обуката е дел...

Македонија1 ден

Протестите продолжуваат и денеска во 19 часот

Протестите против францускиот предлог продолжуваат и денеска. „Ултиматум, не благодарам“ повикува на масовен и мирен протест вечерва во 19:00 часот....

Македонија1 ден

Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата, 27 април нема да се повтори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право насилството не може...