Контакт

Економија

Бил Гејтс годинава заработил 16 милијарди долари

Објавено пред

Иако годинава донира над 35 милијарди долари во хуманитарни цели, Бил Гејтс од почетокот на 2019 заработил 16 милијарди, па сега вреди 106 милијарди долари.

„Се работи за едноставна стратегија на инвестирање – над 60 проценти од моето богатство го држам во акции“, рече основачот на „Мајкрософт“ во интервју за „Блумберг“.

Речиси 60 милијарди долари од богатството на Гејтс од понеделник се наоѓа во акции што ги поседува, па благодарение на тоа, објаснува советникот за инвестиции на Гејтс, тој успеал да ја изгради најголемата приватна фондација во светот, без да го намали своето богатство.

Сепак, ова може да се промени доколку во САД се воведат повисоки даноци, што во последните денови го најавуваат светските печатени медиуми на своите насловни страници.

„Се сомневам дека данокот за богатите ќе помине, но јас не сум против. Најблиску до тоа се даноците на недвижностите за кои силно се залагам да се вратат на 55 проценти, односно на нивото што беа пред неколку децении“, рече Гејтс.

Иако е втор најбогат човек во светот (зад сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос), Гејтс е познат како заговорник за повисок данок на приходите на најбогатите Американци и за поголема транспарентност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Министерство за финансии: Преку редовна аукција се сервисираат долгови од пред пет години

Објавено пред

Со денешната аукција на државни хартии од вредност ќе се покријат стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои доспеваат за исплата на 16. и 19. октомври, информираат од Министерството за финансии.

„Ова е редовна аукција, најавена во календарот објавен на веб-страната на Министерството за финансии и нема ново нето задолжување. Станува збор за презапишување на претходно издадени државни обврзници, од кои најголем дел се издадени пред 5 години“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Од таму истакнуваат дека бројот на аукции сега е преполовен во однос на бројот на аукции на претходната влада и е сведен на две месечно.

„Каматните стапки по кои се издаваат државните хартии од вредност сега се најниско историско ниво. Тие се неколкукратно пониски во однос на пред неколку години. И со оваа аукција тие се намалени за дополнителни 10 базни поени. Со ова се намалува трошокот на државата за сервисирање на долгот. Стариот долг со повисока каматна стамка се сервисира со значително пониска каматна стапка со денешната аукција на ДХВ“, објаснуваат од министерството.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Објавено пред

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата. Целта, како што рече тој, е подобрување на животниот стандард на работникот и намалување на сиромаштијата.

„Одиме внимателно со покачувањето на минималната плата. Внимателно ги следиме сите мерки и ќе продолжиме со нив за да може стопанството да ги следи истите. Сите треба да работиме ако сакаме повискои плати и поголема конкурентност. Да бидеме поработлива нација и посветено да работиме“ рече Заев, нагласувајќи дека до крајот на мандатот се надева оти ќе ја постигнат целта – минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари.

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев истакна дека растот на платите е предизвикан од реалната економија во земјата, како и дека нивото на минималната плата е во принцип ниво кое е приближно на нивото во другите земји во регионот.

Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.

Прикажи повеќе...

Економија

„Дојче банк“ давала скапи подароци за кинески функционери за да се наметне како главен играч

Објавено пред

Дојче банк давала скапи подароци за високи кинески функционери во времето кога се обидувала да се наметне како главен играч во кинеската финансиска индустрија, јавија повеќе медиуми.

Германскиот Зидојче Цајтунг и Њујорк Тајмс исто така велат дека банката вработувала деца на кинески политичари односно претставници на економската елита.

Во изјавата на „Дојче банк“ по однос на ова прашање се вели дека станува збор за настани кои датираат од 2002. година и се однесувале на тоа време.

Банката исто така додава, без дополнителни објаснувањa, дека само идентификувала, темелно го испитала и ги известила надлежните органи за одредено однесување.

Неповрзано со првиот случај, банката објави дека до крајот на годината ќе престане да извршува парични трансфери до банките во Малта поради сознанија за можно перење пари во оваа островска земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 минути

Откриена 14-члена криминална група која организирала криумчарење на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и...

Македонија47 минути

Кривични пријави против „Меѓународниот сојуз“, „Томато продукција“ и „БМЈ медиа груп“

Против „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“ и против „БМЈ...

Економија1 час

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија2 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија3 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија3 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора5 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија5 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа5 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион6 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија6 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт17 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија19 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија20 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија20 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ22 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија22 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија22 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија23 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Досие