Контакт

Економија

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Објавено пред

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во светот, за прв пат по повеќе од две години, покажуваат податоците за индексот за милијардери на „Блумберг“.

„Блумберг“ наведува дека е можно за првото место на Гејтс делумно влијание да има и Пентагон, од каде на 25. октомври објавија дека решиле да склучат договор со „Мајкрософт“ вреден 10 милијарди долари.

Акциите на компанијата оттогаш пораснаа за четири проценти, а богатството на Гејтс на 110 милијарди долари.

Акциите на „Амазон  од друга страна, опаднаа за околу два процента, по објавата на Пентагон.

Вкупното богатство на Безос во моментов изнесува 108,7 милијарди долари.

Индексот за милијардери на „Блумберг“, кој го мери богатството на 500 најбогати луѓе, се ажурира по затворањето на американската берза, а Гејтс и минатиот месец кратко се најде на првото место на списокот, откако „Амазон“ за првпат по две години соопшти дека има загуби во профитот.

Економија

Украина сака Германија да управува со нејзините железници во рок од 10 години

Објавено пред

Украина планира своите железници да ги отстапи на „Дојче Бан“ на десетгодишно управување, изјави денеска украинскиот премиер Алексеј Гончарук за време на настанот именуван „украинскиот појадок“ во Давос.

„Да, сакаме да и дадеме на Германија контрола над железницата во период од 10 години“, рече Гончарук, а пренесува хрватски „Индекс“.

Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Дојче Бан“.

Премиерот тогаш рече дека станува збор за логично продолжување на планот за реструктукција на украинските железници, кој претседателот Володимир Зеленски го најави минатиот септември.

Гончарук истакна дека во овој случај не станува збор за изнајмување или продажба на украинските железници.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија во чест на Ајнштајн го искова најмалиот златник во светот

Објавено пред

Швајцарија искова толку мал златник што треба да се погледне од многу блиску за на него да се забележи ликот на физичарот Алберт Ајнштајн, кој се плази кон гледачот, пренесува агенцијата АП.

Швајцарската државна ковачница соопшти дека овој златник, со пречник од 2,96 милиметри, е најмалиот во светот. Тежина на кованата паричка е само 0,063 грама и има номинална вредност на една четвртина од швајцарскиот франк.

Од ковачницата информираат дека ваква паричка од вкупно 999 направени, ќе се продава по цена од 199 франци со специјална лупа, така што сопствениците ќе можат во секое време да го погледнат ликот на познатиот физичар, на аверсот од минијатурниот златник.

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“ со потврдени сертификати за Европската Унија за добра производна пракса

Објавено пред

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Словенија (JAZMP), по извршената инспекција во погоните за производство на лекови на „Алкалоид“ АД Скопје, ги потврди сертификатите за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP). Тие се обновени со важност од 3 години и се однесуваат на погоните за цврсти дозажни форми (таблети и капсули), течни дозажни форми за интерна и екстерна употреба, полуцврсти дозажни форми и погонот за цефалоспорини во согласност со Директивата 2003/94/ЕС и член 111(4) од Директивата 2001/83/ЕС.

Оваа редовна инспекција и проверка на Фармацевтскиот систем за квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје се изврши на сите погони во исто време од страна на словенечката Агенција за лекови и медицински средства во улога на надзорен орган. Ваквите проверки од страна на високи регулаторни авторитети се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на производите на компанијата во Европската Унија и на најстрого регулираните пазари.

„Производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и производи за широка потрошувачка за кои заштитниот знак на ‘Алкалоид’ АД е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, како и хуманата програмско-производна определба насочена првенствено кон крајните корисници, се начелата според кои се води компанијата и ќе остане да се води во секојдневните операции, притоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап што го практикува и спроведува во севкупното свое работење“, соопштија од компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус кој се појави во Кина би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија2 часа

Бојан Јовановски: Не си играјте со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и пет пати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не си играјте со мојот живот, изјави...

Свет2 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија2 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион2 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет3 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија15 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија20 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија20 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ20 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија21 час

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија22 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија23 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија23 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија23 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет24 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет1 ден

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет1 ден

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион1 ден

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Досие