Економија
Битиќи за законот за нефер трговски практики: Собранието работи ефективно до април, верувам дека пратениците ќе се охрабрат и ќе го донесат
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува до почетокот на април пратениците да го изгласаат законот за нефер трговски практики. Законот се очекува да оневозможи моќна компанија да влијае врз другите компании, ќе го уреди начинот на трговија на земјоделски и прехранбени продукти, ќе ги заштити производителите, а со неговата примена, според најавите од минатата година, се очекува и дополнително намалување на цените на производите.
„Собранието работи ефективно до почетокот на април и јас верувам дека пратениците на крајот на мандатот ќе се охтабрат и секако ќе го донесат. Мислам дека тоа не е битно за ниедна влада, тоа е битно за нашите граѓани. Еве уште еден повик во наредните два месеца кога нема да има друг притисок затоа што Владата нема да носи нови закони, да ги поминат сите закони што се останати во собраниска процедура подолго време“, рече Битиќи.
Законот, меѓу другото, предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво, што, според очекувањата на Владата, ќе ги намали цените на земјоделските и прехранбените производи и ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)
Економија
Банкарските системи во регионот имаат капацитет да поддржат забрзана конвергенција, порача Ангеловска-Бежоска на Конференција во Тирана
Во изминативе неколку години имаше доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан, но таа се одвиваше побавно. За нејзиното забрзување од особена важност е справувањето со структурните пречки, за што е важна и поддршката од финансискиот систем. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите од регионот којашто се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Централната банка на Албанија и Асоцијацијата на финансиски институции на Албанија, а на којашто присуствуваше и вицегувернерот Фадил Бајрами. Панел-дискусијата на која учествуваа и гувернерот на Албанија, гувернерот на Косово и вицегувернерот од Црна Гора, ја водеше Пол Томсен, поранешен директор на Одделот за Европа на Меѓународниот монетарен фонд.
Доходовната конвергенција во регионот, од 2019 година па досега, забрза просечно за околу 2,6 п.п., што е значително побавно во споредба со периодот пред глобалната финансиска криза. Сегашното нивото на доходот во регионот и натаму е ниско и изнесува околу 42% од доходот во ЕУ. Причините за бавната конвергенција се главно структурни и можат да се поврзат со трите долгорочни фактори за раст: човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста. Оттаму, забрзувањето на конвергенцијата наметнува потреба од забрзување на структурните реформи, процес којшто е скап и за кој се потребни соодветни извори на финансирање.
Во овој контекст, од голема важност е што банкарскиот систем добро се справи со претходните шокови и успеа да го зајакне својот капацитет за обезбедување соодветна финансиска поддршка за раст на економијата. Кај нас адекватноста на капиталот оствари највисок раст во регионот и е највисока во последните две декади, ликвидноста традиционално е на високо ниво, а квалитетот на кредитното портфолио е значително подобар во однос на претпандемичниот период. Сепак, се очекува натамошно зголемување на степенот на финансиско посредување, но и негово унапредување преку поголема дигитализација. Значаен исчекор кон оваа цел може да биде и членството во Единствената област за плаќање во евра СЕПА, со што нашиот систем ќе биде поинтегриран во европскиот платежен систем, обезбедувајќи бројни придобивки за граѓаните и компаниите.
Економија
СДСМ со амандмани на Буџетот: 20 oтсто повисоки плати за МВР, образованието, здравството, прожарникарите
Опозициската СДСМ смета дека поднесениот Буџет за 2025 година е неразвоен и недомаќински.
Од партијата утрово потсетуваат дека поднесoa повеќе од 200 амандмани, предлагајќи зголемување на платите во полицијата за 20 отсто, во образованието, здравството, јавниот сектор, пожарникарите.
„Тоа значи повеќе пари во џебот на граѓаните, подобар животен стандард, мотивацијата на работниците а ќе овозможи и поквалитетни услуги. Браме поддршка за нивно усвојување од сите пратеници, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, нивните амандмани се конкретен план за Македонија којашто, како што велат, се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард.