Контакт

Економија

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Објавено пред

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација.
Ваква одлука донесе Бундестагот, пренесува „Капитал“.

dobivaj vesti na viber

Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашањето колку работодавци воопшто ќе може да исплатат бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавци, Рајнер Дулгер, рече дека не сите компании се во состојба да се изложат на таков трошок.

Веќе за време на пандемијата постоеше можност да се плати премија без данок. Сепак, не се знае колку фирми исплатиле и за какви суми се работи.

Предуслов за даночно ослободување е парите да се исплаќаат покрај редовната плата. Дополнително, работодавецот мора да наведе дека се работи за паушален износ, кој е поврзан со поскапувањата. Во случај на корисници на социјална помош премијата не треба да се смета како приход.

Економија

ЕСМ: Во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври

Објавено пред

ЕСМ соопшти дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на „ЕСМ – Снабдување со топлина“ од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“.

dobivaj vesti na viber

„’ЕСМ- Снабдување со топлина’ во законска постапка ја презеде целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје.

Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга во согласност со Законот за енергетиката, како и одлуката за давање лиценца за вршење дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото ‘ЕСМ – Снабдување со топлина’ ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување континуитет, односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес.

‘ЕСМ – Снабдување со топлина’ во иднина ќе биде контролор на личните податоци на потрошувачите и ќе ги обработува во согласност со важечките законски прописи и Законот за заштита на личните податоци за што потрошувачите на топлинска енергија – субјектите на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на личните податоци во однос на обработката на нивните лични податоци“, велат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Германската стопанска делегација во ТИРЗ, Деспотовски им презентира можности за инвестиции

Објавено пред

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, оствари средба со германска стопанска делегација, која го придружува германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер, кој е во официјална посета на земјата. Деспотовски ги презентира новиот концепт за поттикнување инвестиции и можностите за германски инвеститори со фокус на зелени технологии, обновливи извори на енергија и напредни технологии.

dobivaj vesti na viber

„Германија е водечки партнер и најголем инвеститор во технолошко-развојни зони. Најголемата од основањето на зоните со речиси 200 милиони евра е инвестицијата на германската фармацевтска компанија ‘Гересхајмер“. Верувам дека во следниот период уште германски компании ќе станат дел од нашето семејство“, изјави Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ нагласи дека предноста на Северна Македонија како мала земја е тоа што ги препознава потребите на инвеститорите и нуди флексибилниот пристап. Тој исто така посочи дека клучен адут во привлекувањето странски инвестиции во контекст на глобалните случувања е стабилноста гарантирана со членството во НАТО, како и предвидливата деловна клима, пристап до квалитетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги. На средбата се разговараше за конкретни можности за соработка и размена на искуствата во однос на инвестициските активности во двете земји.

Стопанската делегација, во чиј состав се претставници на повеќе германски компании, државни институции и банки, е предводена од Штефан Венцел, парламентарен државен секретар од Сојузното министерство за економија и клима, и д-р Јоханес Шојбе, советник и раководител на секторот економија во кабинетот на германскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Талески: Откупот на тутун почна со 30 отсто повисока цена од ланската

Објавено пред

Откупот на годинешниот тутун почна со 30 отсто повисока цена од лани, што само го потврдува она што го кажуваат и самите тутунари: Владата на СДСМ е вистинскиот партнер на земјоделците, изјави пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талески.

dobivaj vesti na viber

„261 денар за килограм е просечната откупна цена на годинешниот тутун за разлика од ланскиот кога неговата цена изнесуваше 200 денари. Тоа е историски највисока цена на тутунот во изминатите 10 години.

Ако згора на тоа се додаде дека во споредба со лани, годинава имаме поголем број склучени договори и се очекува да бидат откупени 21.000 тони тутун, што е 10 отсто повеќе од лани, тогаш нема дилема дека ова ќе биде една од најдобрите и најдоходовни реколти. Ќе потсетиме и на тоа дека токму Владата предводена од СДСМ ги зголеми субвенциите за килограм предаден тутун, и тоа на 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Дека достоинството на тутунарот ни е најважно, потврдуваме со фактот дека субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно. Нема да му дозволиме на Мицкоски да го врати назад времето кога неговата криминална партија ги уценуваше и злоупотребуваше тутунарите за партиски цели“, додаде Талески.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Државна вечера во чест на Штајнмаер, Пендаровски наздрави за заедничка европска иднина

Дозволете ми со оваа крената чаша да ве повикам да наздравиме во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска...

Свет4 часа

Катар за првпат призна: Стотици работници загинаа при работа за Светското првенство во фудбал

Шефот на Светското првенство во Катар, Хасан Ал-Тавади за првпат потврди дека стотици работници – мигранти загинале за време на...

Свет5 часа

Заедничка изјава на министрите на НАТО во Букурешт: Решени сме да ја зголемиме помошта за Украина

НАТО ќе ја зголеми помошта за Украина, не само со воена опрема, туку и за обновување на критичната инфраструктура и...

Македонија6 часа

Штајнмаер во Собранието: Вие решавате како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и во иднина

Германскиот претседател, Штајнмаер, во обраќањето во парламентот за време на денешната посета во Скопје ја реафирмираше германската поддршка за членството...

Македонија7 часа

(Интервју) Ленин Јовановски: Од Арсовска зависи дали в петок Скопје ќе биде блокирано

„Арсовска е маќеа на цело Скопје“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“, во интервју за „Макфакс“. Од градоначалничката на Скопје,...

Македонија11 часа

Почина доктор Јовица Угриновски

По долго и тешко боледување, утрово почина доктор Јовица Угриновски. Веста ја објавија од болницата „Неуромедика“.   View this post...

Македонија11 часа

Дискриминирачки е 10.000 денари повисока плата да имаат вработени во министерства и секретаријати, предупреди Комисијата

Неоправдано е административците вработени во министерства и секретаријати да имаат 10.000 денари повисока плата од другите административци вработени до институциите,...

Свет12 часа

Русија планира гасна унија со две соседни земји

Русија разговара за потенцијална гасна унија со Казахстан и Узбекистан со цел да го зголеми снабдувањето со гас меѓу трите...

Македонија12 часа

Претседателката на Судскиот совет поднесе оставка

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, поднесе оставка од функцијата. „Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на...

Европа12 часа

Столтенберг: Ќе ја браниме секоја педа од нашата територија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Букурешт изјави дека воената алијанса е подготвена да ја брани секоја педа...

Свет13 часа

Папата Франциско ги навреди Русите, Захарова бурно реагира

Папата Франциско изјави дека најсурови меѓу руската армија во Украина се Чеченците, Бурјатите и другите „што не се дел од...

Свет13 часа

Унгарија, поради скапата струја, затвора стадиони, библиотеки, театри и базени

Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во...

Македонија14 часа

МОН: Испорачан дел од новите печатени учебници за основно образование

Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и за петто одделение во основното...

Свет14 часа

Британскиот премиер: Заврши златната доба на односите со Кина

Британскиот премиер Риши Сунак синоќа изјави дека т.н. златна ера на односите со Кина заврши со оценување дека таа земја...

Свет14 часа

Кличко: Нема да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ, ќе поставиме новогодишни елки во Киев

Киев планира да постави новогодишни елки, без светилки, во оштетениот град и покрај нападите на руската инфраструктура, кои оставија делови...

Европа1 ден

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар...

Економија1 ден

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува...

Европа1 ден

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече...

Топ1 ден

Приведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје

Ноќеска по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје. Имено, според полицијата, денеска...

Европа1 ден

Вучиќ од Норвешка: Ситуацијата на Косово врие, Курти се повикува на силата на западните земји

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв....