Контакт

Економија

Босанец го тужи „Фолксваген“, бара 750 милиони долари отштета

Објавено пред

Босанскиот стопанственик Нијаз Хастор, сопственик на компанијата за производство на автоделови „Превент“, го тужи германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ под обвинение дека ја нарушува слободата на пазарна конкуренција и бара отштета во износ од 750 милиони долари, пренесува порталот „Новац.хр“.

Во тужбата се наведува дека „Фолксваген“ ги уценува малите добавувачи, користејќи ги својата моќ и големина да ги принуди на нефер работни услови и цени на услугите, како она дека на малите добавувачи им се забранува да го продадат својот бизнис на поголемите компании на добавувачи за да остварат подобра преговарачка позиција.

Тужбата поднесена во судот во Детроит се однесува конкретно на седум помали добавувачи на автомобилски делови за „Фолксваген“  во сојузната држава Мичиген, кои со договор се  спречени својот бизнис да ѝ го продадат на друга компанија.

Хастор тврди дека тие договори со помалите добавувачи „Фолксваген“ ги склопува исклучиво за да ја оневозможат неговата компанија „Превент“, која се специјализирала за производство на автонавлаки, во понатамошни аквизации.

„Превент Група“ се развила токму благодарение на преземањето такви помали добавувачи на „Фолксваген“ низ светот.

Судејќи според информациите, Германците добро го познаваат Хастор, со кого соработуваат во последните 20 години. Во последниот судир меѓу „Превент“ и „Фолксваген“ во 2016 година, германските фирми-ќерки на „Превент“, „Кар Трим“ и „ЕС Аутомобилгус“, кои произведуваат кожни навлаки и кутии за менувачот, ја прекинаа испораката за „Фолксваген“, што го запре германското производство на автомобили една недела во најмалку половина од нивните погони.

Прекинот уследи откако „Фолксваген“ не сакал да му исплати на Хастор 58 милиони евра отштета, а потоа „Превент“ и „Фолксваген“ постигнаа нов договор за продолжување на испораката за уште шест години.

 

 

Економија

Економскиот совет го разгледа дополнителниот пакет мерки за справување со економските последици

Објавено пред

Економскиот совет, кој работи на иницијатива на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, денеска го одржа вториот состанок на кој го разгледаа дополнителниот пакетот мерки кој го предлага владата за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што го предизвика коронавирусот.

На состанокот учествуваа и заменикот на претседателот во Владата задолжен за европски прашања и за координација на меѓународната помош, Бујар Османи, министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, техничката заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, како и генералната гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска.

Членовите на економскиот совет, со претставници од стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ), на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници на стопанските комори и на опозицијата, на состанокот ги дадоа своите мислења и понудија дополнителни укажувања, насоките и препораки, како и нови предлози за да се креира ефикасен пакет за да се спречи драматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор, како и врз стандардот на граѓаните.

Премиерот Спасовски на крајот од состанокот се заблагодари за укажувањата, препораките и новите предлози, и истакна дека Владата останува отворена и за дополнителни укажувања до затворањето на пакетот економски мерки кои ќе бидат донесени на една од првите наредни седници.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Објавено пред

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ.

„Во повеќе наврати истакнавме дека располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Потсетуваме дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година“, информираат од НБРМ.

Оттука укажуваат дека единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што тие ја објавуваат на веб-страницата –www.nbrm.mk. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар. На курсната листа којашто е во важност и во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари.

„Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се коментираат девизни курсеви на онлајн-платформи, би сакале да укажеме дека овие онлајн-платформи не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот. Објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување со валути“, велат од НБРМ.

Народната банка оценува дека граѓаните треба да бидат спокојни и гарантираат дека денарот е и ќе остане стабилен.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата: Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за транспорт на примарни производи

Објавено пред

Владата денеска на седница ја разгледа и ја усвои информацијата за регионалните и ЕУ-активности со цел олеснување на транспортот и трговијата на стоки по појавата на пандемијата со Ковид-19 и за прифаќање на заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земјите членки на Европската Унија.

Во согласност со оваа информација, Владата ги задолжи канцеларијата на претседателот на Владата во соработка со Министерство за финансии – Царинската управа, Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за земјоделство и водостопанство и Министерството за транспорт и врски да ги координира активностите поврзани со имплементација на мерките содржани во заедничкиот предлог на Секретаријатот на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА.

Заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земјите членки на Европската Унија има цел да ги олесни трговијата и транспортот на стоки со преземање единствено дополнителни мерки на претпазливост, кои се или кои треба да бидат преземени, за да се обезбеди дека нема да дојде до избувнување на Ковид-19. Царината и другите контроли на стоки во легитимната трговија остануваат под трговските правила на ЦЕФТА и правилата што произлегуваат од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и регионалните партнери.

На оваа седница Владата донесе и уредба со законска сила за изменување на Законот за санацијата и реконструирањето на дел од банките во земјата, која ќе се применува за време на траење на вонредната состојба и која утврдува дека отплатата на главницата на обврзницата за надоместување на селективните кредити на Народната банка на Република Северна Македонија ќе се изврши на 1 април 2021 година.

Продолжувањето на рокот за отплата на обврзницата утврден со оваа уредба е со цел средства од буџетот за 2020 година наменети за отплата на обврзницата да се искористат за справување со последиците што коронавирусот ги има врз економијата во земјата.

Владата денеска ја донесе и уредбата со законска сила за примена на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа за време на вонредна состојба, со која се овозможува активностите за донесување и доставување на годишните сметки на единиците на локалната самоуправа и периодичните финансиски извештаи да бидат одложени за време на траењето на вонредната состојба.

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадената вредност за време на вонредна состојба, со која даночните обврзници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма. Ова е со цел да им се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето хартија со цел намалување на ризикот од ширење на коронавирусот Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа8 часа

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија11 час

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија15 часа

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија15 часа

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет16 часа

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа16 часа

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија17 часа

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија18 часа

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија18 часа

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија19 часа

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија19 часа

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија19 часа

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија1 ден

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија2 дена

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија2 дена

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија2 дена

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет2 дена

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија2 дена

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија2 дена

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Досие