Контакт

Економија

Бочварски: Го развиваме Дојранскиот Регион, почнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран

Објавено пред

Вложуваме преку 30 милиони денари за подобрување на локалната патна мрежа во Дојран, обезбедуваме регионален раст и развој и подигнување на туристичкиот потенцијал на Дојранскиот Регион, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска беше во работна посета на општина Дојран.

dobivaj vesti na viber

Бочварски оствари средба со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, со кого го потпишаа договорот за реконструкција на три локални патишта во Дојран, за чија инвестиција обезбедени се средства од централната власт преку Проектот за поврзување на локални улици и патишта.

„Денеска заедно со градоначалникот Ангов го потпишавме договорот за реконструкција на три локални патишта кои општина Дојран ги означи како приоритетни и тоа во населените места Црничани, Николиќ и Фурка. Преку Министерството за транспорт и врски за овие 3 локални патишта обезбедивме речиси 26 милиони денари. Постапката за избор на изведувач е завршена, изведувачот е спремен со механизација да почне со градежни активности во секој момент. Го развиваме Дојран и околината, го подобруваме квалитетот за живот на граѓаните, но најважно од сè го подобруваме и туристичкиот потенцијал на целиот регион“, изјави Бочварски.

Во рамки на посетата Бочварски и Ангов извршија увид и во реконструкција на водоводниот систем во населеното место Фурка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

Објавено пред

Економско-енергетскиот совет донел одлука дека на 15 октомври почнува грејната сезона во Скопје и парно ќе има бидејќи е почната постапка за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски по што побара институциите да дадат зелено светло за ЕСМ да работи со топланите. Над 70.000 компании со промет до 2 милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија, со помала цена од берзанската.

dobivaj vesti na viber

„Преговорите со ‘Адора’ и ЕСМ се одвиваат. ЕСМ ќе го преземе затоплувањето на градот Скопје. Врз основа на Законот за енергетиката топланите ќе бидат ставени во функција. Државата ќе ги земе под закуп“, изјави Ковачевски.

Дополнително, на регулиран пазар ќе бидат основните и средните училишта, без разлика што тие се под ингеренции на општините. Во јавните здравствени установи ќе има струја по поволна цена, помала од берзанската.

„Заврши времето на изобилство со електрична енергија. Сега е време за штедење за да имаме електрична енергија. Сакам да им укажам на Собранието и на пратениците од сите партии да се охрабриме и да се обединиме за граѓаните, па пред седницата да се изгласаат финансиските средствата од ЕБРД за справување со енергетската криза по поволна каматна стапка, измените на Законот за нафтата и нафтените деривати. Ова не е време за политички поени, туку на разум. Ова е прв сет на мерки. Се грижиме за ранливите категории граѓани за кои ќе има дополнителен сет на мерки“, рече Ковачевски.

Тој упати апел за штедење струја. Според него, заштедените пари ќе го подобрат квалитетот на животот.

Прикажи повеќе...

Економија

И поглаварот на МПЦ повика на штедење на електричната енергија

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска оставри средба со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан.

На средбата се разговараше за енергетската криза што ја зафати не само Македонија туку и цела Европа, како и за мерките што презема Владата со цел полесно справување, соопштија од прес-центарот на Министерството за економија.

Бектеши го информира поглаварот на МПЦ за мерките и препораките на Владата за штедење електрична енергија за институциите, домаќинствата и за бизнисот.

„Ситуацијата со енергетската криза со која се соочуваме е сериозна и апелираме до сите граѓани да придонесат секој на свој начин полесно да го пребродиме периодот што следува. За нас, важна е поддршката од верските заедници во државата сѐ со цел да се подигне свеста кај граѓаните во овој тежок период што следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со тоа да ѝ помогнеме на државата. Доколку има недостиг на електрична енергија, ќе треба да се купи од надвор по многу повисока цена, а тоа повторно ќе биде на трошок на сите граѓани“, рече министерот Бектеши.

Архиепископот Стефан, пак, изјави: „Црквата и досега силно апелира до своите верници да покажат грижа за општото добро во овие трудни времиња. На наредната седница на Светиот архијерејски синод, која ќе се одржи следната седмица, се очекува да се состави и официјално, јавно соопштение во кое сите свештени лице ќе бидат повикани на локално ниво, во своите парохии, да им укажуваат на верните чеда на МПЦ за насушноста од штедење зашто само така ќе си помогнеме и себеси, но и на нашата држава во целост“.

Двајцата се согласиле дека е важно во овој период сите рационално да трошат електрична енергија и упатија порака порака дека во оваа криза сите треба да бидеме свесни и да штедиме. Да не се троши струја непотребно, да го разбереме времето во кое живееме затоа што никој не може да ни помогне во кризни времиња ако ние самите не си помагаме.

Прикажи повеќе...

Економија

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите

Објавено пред

Доколку не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите, при што Владата има право да ги стави на располагање сите ресурси на државата, и на јавните претпријатија и на приватните компании, за обезбедување на јавната услуга, изјави денеска советникот за енергетика, Виктор Андонов.

dobivaj vesti na viber

Прашан до каде се преговорите со „Адора“ за топланите „Исток“ и „Запад“, Андонов рече дека Владата нема да потпадне под притисоци или уцени за некои да ја искористат ситуацијата во која се наоѓаме додавајќи дека за да се случи продажба, треба некаква процедура, која не може да се направи во рок од неколку дена.

Тој истакна дека и досега електраните функционираа на закуп, така што интенцијата на Владата е тоа да се заврши до крајот на грејната сезона – ЕСМ да го добие закупот од „Адора“ за електраните како што било досега.

 

На новинарското прашање дали граѓаните може да очекуваат дека со почетокот на грејната сезона ќе имаат парно, Андонов изрази увереност дека на граѓаните ќе им биде испорачана топлинска енергија навреме и дека со оглед на тоа што БЕГ ги врати назад трите лиценци, до крајот на оваа недела ќе се презентира решението за неговиот наследник.

На медиумскиот интерес за договорите со соседна Република Србија за набавка на дополнителни количества гас, тој оцени дека до крајот на грејната сезона топланите ќе потрошат околу 230 милиони нормални кубни метри природен гас и дека можниот договор со нашиот северен сосед е со цел да се обезбеди поповолна цена на енергенти за индустријата, како и поповолни цени на топлинската енергија за граѓаните.

Соработникот за енергетика истакна дека во ваква глобална енергетска криза сите држави преку своите буџети прават напори да дадат целосна поддршка и на граѓаните и на индустријата и дека тоа го прават и преку обезбедување пониски цени на енергентите.

Тој информира дека доколку се финализира договорот со купениот гас од соседна Република Србија, ќе се произведува електрична енергија, од која дел потоа ќе се продава назад во Србија. Тој изрази оптимизам дека овој можен договор ќе профункционира и ќе се обезбеди потребно количество енергенти, а доколку не се обезбеди потребното количество гас, електраните имаат резервна опција да работат и на мазут.

На новинарското прашање како ќе им се помогне на најголемите потрошувачи на електрична енергија, кои се на отворен пазар, Андонов истакна дека решенијата беа презентирани на состанокот на министерот за економија со Стопанската комора за обезбедување прифатлива цена на електричната енергија и истакна дека граѓаните нема да останат без електрична енергија и ќе бидат заштитени заедно со малите потрошувачи. Како што посочи, предвидени се и дополнителни мерки за граѓаните и ранливите категории.

За најавите за почнување со работа на електрана што ќе произведува електрична енергија од мазут, Андонов информира дека сите овие заложби се прават со цел да бидеме што помалку зависни од надвор и да обезбедиме сопствени извори на енергија. Тој истакна дека ЕСМ е задолжено да ги направи сите анализи во овој правец и да презентира до Владата кои се опциите за почнување со работа на ваква електрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

Економско-енергетскиот совет донел одлука дека на 15 октомври почнува грејната сезона во Скопје и парно ќе има бидејќи е почната...

Македонија14 часа

Објавени имињата на новите директори на јавните претпријатија во Скопје

Назначени новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје. Со ЈП „Лајка“ назначена е да раководи Радмила Пешева, а со...

Економија14 часа

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите

Доколку не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите, при...

Македонија15 часа

Се засилува потрагата по лицето кое со „голф 4“ падна во реката Вардар кај Желино

Oд раните утрински часови продолжена е потрагата и се засилува по лицето кое со автомобил „голф 4“ падна вчера во...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски нуди план за справување со енергетската криза: Двојно поевтина струја и спречување на инфлацијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со тимот претставници на највисокото раководство на партијата, вклучително и голем дел од градоначалници...

Македонија16 часа

(Интервју) Дејвид Гир: Дали сте подготвени утре да се приклучите кон ЕУ – очигледно не

За пристапување во ЕУ потребни се институции кои се професионални и се базираат на заслуги а не на партиски интереси,...

Регион17 часа

(Видео) Вучиќ: Не се борам ниту за Путин ниту за Бајден, гајле ми е за нив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за ситуацијата во Украина и на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон...

Топ19 часа

71-годишен маж од Битола извршил полов напад врз осумгодишно дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија19 часа

Зеќири сведочеше против Рашковски: Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни

Ексгенералниот секретар во Владата Мухамед Зеќири сведочеше против неговиот претходник во оваа институција Драги Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева го прашуваше...

Македонија19 часа

Рашковски купил систем за биометриска идентификација иако бил предупреден дека истиот е забранет за користење, вели сведок

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски купил систем за биометриска идентификација, за да евидентира работно време на Генералниот секретаријат (пр. со отпечаток...

Свет20 часа

Полскиот премиер за истекувањето на гасоводот Северен тек: Јасно е дека се работи за саботажа

ЕУ ќе ја зајакне заштитата на својата енергетска инфраструктура по инцидентите кои предизвикаа истекување на гасоводот Северен тек, изјави високиот...

Свет20 часа

Меркел предупредува: Сфатете ги сериозно зборовите на Путин

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел повика зборовите на рускиот претседател Владимир Путин да се сфатат сериозно. – Мора сериозно да...

Свет20 часа

Лидерот на Луганската Народна Република денеска ќе побара од Путин прием во Руската Федерација

Лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛПР) во Украина, Леонид Пашечник, најави дека подоцна денеска ќе подготви документ со кој...

Свет21 час

Олаф Шолц: Путин е очаен, прави грешка по грешка

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека рускиот претседател Владимир Путин „прави грешка по грешка“ и дека таквите постапки, како што...

Свет21 час

Медведев: Референдумот заврши, добре дојдовте дома во Русија

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека резултатите од референдумот во Донбас, Запорожје и Керсон се сосема...

Европа22 часа

Полска и Бугарија до своите граѓани: Итно напуштeте ja Русија

Владите на Полска и Бугарија ги повикуваат своите граѓани кои сè уште се во Русија веднаш да ја напуштат земјата....

Европа22 часа

Научниците со предупредување: Oткриен нов вид на коронавирус, ги заобиколува постоечките вакцини

Научниците кои се занимаваат со откривање  нови вируси открија нов вид на коронавирус кај лилјаци што може да предизвика проблеми...

Европа22 часа

Полскиот министер: Одговорот на НАТО на нуклеарен напад во Украина би бил разорен

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау изјави во Вашингтон дека одговорот на НАТО на каква било употреба на нуклеарно...

Европа22 часа

Антонов до Америка: Не поттикнувајте го Киев

Америка се приближува до опасен раб кога зборува за тоа дeка нема да го спречи Киев да користи западно оружје...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, откога на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново осамна објава –...