Економија
Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра.
Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година е развоен и тому затоа се проектирани 52,3 отсто повеќе капитални инвестиции во однос на оваа година.
„Капиталните инвестиции се насочени за инфраструктурни проекти за поврзување внатре во државата, и со регионот но и со Европа и ќе обезбедат побрз економски раст и развој генерално, но и подобри услови за развој на компаниите и бизнисот. Продолжува изградбата на Железничкиот Коридор 8, изградба на клучни автопатски делници, рехабилитација на локалните улици, изградба на социјални станови.
Продолжува гасификацијата на државата, а минатата недела комплетно е завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија до Битола.
Продолжуваат капитални инвестиции во земјоделството со кои се обезбедува пред сѐ, зголемено домашно производство на храна, поддршка за земјоделците како и поддршка за модернизација на земјоделството.
Буџетот предвидува продолжување на имплементацијата на интензивниот инвестициски циклус во енергетскиот сектор кој треба да обезбеди зголемување на вкупниот енергетски потенцијал.
Приоритет во Буџетот исто така е заштитата на животната средина, со изградба на пречистителни станици, канализациони мрежи како и воспоставување на регионален систем за управување со отпад и затворање на депонии во источниот и североисточниот регион.
Капитални инвестиции се предвидени и во здравството за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи како и набавка на медицинска опрема, за образованието, детска заштита и спортот, за реконструкција на студентски домови, опремување и реконструкција на универзитети.
Во време на криза, капиталните инвестиции ќе обезбедат подобра иднина и подобар животен стандард.
Со одговорно менаџирање и реализација, овие капитални инвестиции ќе обезбедат полесна транзиција кон заздравување и развој на економијата, достигнување на што е можно повисок економски развој“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Стандард и Пурс“: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед.
Агенцијата посочува на поволните трендови кај девизните резерви, коишто на крајот на 2022 година достигнаа 3,9 милијарди евра. Како што констатираат од „Стандард и Пурс“, во изминатите месеци цените на енергенсите се стабилизираат, па оттаму не се очекуваат позначајни притисоци врз девизните резерви во текот на годината преку овој канал. Дополнително, според нивните очекувања, резервите ќе продолжат да растат, при очекувано стеснување на дефицитот на тековната сметка и финансиски приливи преку директни инвестиции и одредени должнички текови. Девизниот курс останува стабилен, и промени во курсот на денарот, не се очекуваат.
Од „Стандард и Пурс“ во извештајот за кредитниот рејтинг за земјава, наведуваат дека за разлика од други земји во регионот, врските на финансискиот сектор на домашната економија со Русија се мали, со што изостануваат директни негативни преносни ефекти за домашниот банкарски систем од кризата. Во поглед на банкарскиот сектор, Агенцијата ја потенцира неговата стабилност, во услови кога нефункционалните кредити остануваат ниски, на ниво од 3,2%, додека стапката на капитализираност на банкарскиот сектор е соодветна и стабилна и изнесува 17,7%.
Во рамки на извештајот, се истакнуваат мерките кои Народната банка ги презема, во однос на ликвидноста, промените во каматната политика и во задолжителната резерва, како и макропрудентните мерки. Притоа се нагласува нивната улога за стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања, поддршка на процесот на денаризација на економијата, како и за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем.
Економија
БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

Деновиве е реализирана првата пратка во 2023 година, од 7 возила за одржување на хигиена од БРАКО, кои се испорачани во соседна Грција, во Унгарија и во Обединетото Кралство.
Стручните инженери и техничари од БРАКО, по завршување на колективниот одмор, активно пристапија кон реализација на порачките од странство и комплетираа 5 електрични компактни камиончиња GM 500ze, едно возило GM 636 со најново инсталираниот систем за издувни гасови и едно возило со рачно управување од линијата GM400.
Продолжува големиот интерес на возилата за одржување на хигиена во урбани услови на БРАКО, кои покажуваат одлични перформанси во работата, издржливост и може да се употребуваат во сите временски услови, а воедно придонесуваат за заштита на животната средина.
(ПР)
Економија
Битиќи – Ќира: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на економијата

Владата на Република Северна Македонија го гледа приватниот сектор како свој партнер, затоа со внимание ќе ги слушам сите ваши препораки за подобрување на бизнис-климата, ова го истакна заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на средбата со новото претседателство на Стопанската комора на северозападна Македонија и нејзиниот претседател, Менди Ќира.
На средбата акцентот на бизнисмените на СКСЗМ беше ставен на барањето за зголемување на квотата за работници од странство за што вицепремиерот Битиќи рече дека овој проблем е веќе детектиран од негова страна и дека веќе е почната дискусијата и барањето на соодветниот модалитет со кој ова ќе го постигнеме.
„Либерализацијата на пазарот на труд е потребна за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на економијата. Во следните неколку месеци треба да направиме процена кои се секторите во кои е потребна дополнителна работна сила и да видиме колкава бројка е потребна. Во исто време заедно со приватниот сектор засилено да работиме на реквалификација и доквалификација на домашниот пазар на труд со цел тие да може да бидат поконкурентни и пазарот да може полесно да ги впие“, истакна Битиќи.
На состанокот се разговараше и за идентификацискиот број за граѓаните од „Отворен Балкан“, со што дополнително ќе се олесни движењето на граѓаните помеѓу нашите земји.