Контакт

Економија

Британскиот данок на јаглерод диоксид почнува на 4 ноември, но под еден услов

Објавено пред

Британската емисија на јаглерод диоксид (CO2) од електрани и фабрики ќе почне да се применува на 4 ноември, но само ако земјата ја напушти ЕУ на 31 октомври без договор, објави британската влада денес.

Данокот, кој е утврден на ниво од 16 фунти за тон за 2019 година, ќе ги замени надоместоците кои моментно се во сила во рамките на Европскиот систем за тргување со емисии (ЕТС), кој Велика Британија автоматски ќе го напушти во случај на сценарио на брегзит без договор, објави „Ројтерс“.

Велика Британија е втор најголем емитер на гасови со ефект на стаклена градина во Европа, а нејзината индустрија е меѓу најголемите купувачи на лиценци во аеропскиот ЕТС, кој на електраните и фабриките им наплатува за секој тон на CO2 што го испуштаат.

Ако Британија ја напушти ЕУ со договор, тогаш, како што беше најавено, ќе остане во ЕТС до крајот на сегашната фаза на трговија со емисии до крајот на 2020 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Заев: Децентрализацијата не е само документ, туку инструмент за реална промена за подобар живот на граѓаните

Објавено пред

Заложбата на Владата за зајакнување на локалните самоуправи и префрлањето на дополнителни надлежности од централно на локално ниво е од особена важност кога зборуваме за ефикасна и ефективна поддршка при обезбедување услуги и подобрување на квалитетот на живот на секој поединец на локално ниво, истакна премиерот Зоран Заев на конференцијата за децентрализација, која денеска се одржа во Скопје.

„Ние како Влада се заложивме за брзо и ефикасно усвојување и имплементирање на 17-те глобални стратешки цели кои опфаќаат различни аспекти од социјалниот и економскиот сфера, како и животната средина. При тоа, поддршката и стратешкото партнерство со нашите пријатели од ЕУ и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) е од исклучителна важност. И понатаму, со здружени сили ќе работиме споделувајќи исти цели и визии.

Владата на Република Северна Македонија е цврсто определена да го одржи континуираниот рамномерен регионален развој и квалитетен живот за сите наши граѓани, во оваа наша убава земја, без разлика дали живеат во град, село или мало населено место.

Оваа Влада го откочи процесот на децентрализација и го отвори дијалогот за подобрување на системот на локалната самоуправа зашто е уверена дека нема локален развој и демократија без вистинска децентрализација.

Процесот што беше поттикнат со Охридскиот рамковен договор и со Уставните амандмани во 2001 година успешно беше заокружен во 2005 со пренесувањето на многу суштински надлежности на општините. Ова беше една од нашите успешни приказни којашто беше позитивно оценета и од меѓународната заедница. Децентрализацијата на власта беше еден од клучните, суштински придонеси за обезбедување на кандидатскиот статус земјата за членство во Европската Унија.

За жал, токму кога требаше процесот на децентрализација да се развива и постојано да се подобрува, да ги покаже придобивките со развој на општините демократизација на општеството, претходната Влада целосно го тргна од својата политичка агенда.

Наместо рамномерен развој на целата територија на државата, побрз развој на општините и на планските региони, на врвот на Агендата беше ставен проектот Скопје 2014. За сметка на централното градско подрачје во Скопје и потрошени 800 милиони евра на нефункционални објекти, целосно беа запоставени општините коишто продуцираа огромни долгови.

Новите градоначалници на почетокот на својот мандат се соочија со огромни долгови и нефункционални општини. Владата, свесна за потребите на граѓаните беше ставена во ситуација да интервенира со 50 милиони евра за санирање на 51% од евидентираниот долг на општините. Оваа година, во јуни Владата и ЗЕЛС го отворија дијалогот за продлабочување на процесот на децентрализација.

Во таа насока, денеска можам да соопштам дека средствата за рамномерен регионален развој за 2020 година само преку Бирото за регионален развој, во однос на 2017 година, се зголемени за над 100% или од 3,5 на 8 милиони евра. На една од последните седници на Владата утврдивме дека 30-те милиони евра што ТАВ требаше да ги вложи во карго аеродром, ќе бидат пренаменети за локални патишта, водоводи и канализации во локалните заедници ширум земјата.

Средства за локални и за регионални проекти обезбедуваат и други линиски министерства, како Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство и шумарство преку програмата за рурален развој, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование“, порача Заев.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска – Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

Објавено пред

Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија. Истовремено користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност. Ова се дел од темите кои беа дискустирани на средбата помеѓу министерката за финансии, Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд Тао Жанг, кој се одржа во Скопје, а на кој присуствуваше и шефицата на Канцеларијата на Фондот во Виена, Штефани Ебле.

На средбата беа поздравени напорите кои земјата ги прави во покачувањето на фискалната транспарентност, како платформата „Отворени финансии“, која беше пуштена вчера и со која на јавноста и се ставаат на увид сите исплати од трезорот на државата. Исто така, беше изразена поддршка за идеите и мерките во насока на намалување на сивата економија.

Од страна на високите претставници на Меѓународниот монетарен фонд беше истакнато дека Фондот и Република Северна Македонија имаат партнерски однос и дека и тие се отворени и за добивање, а не само за давање на препораки и сугестии.

Меѓународниот монетарен фонд, во завршната изјава од неодамнешната редовна мисија во земјава посочи дека преку реформите за сузбивање на сивата економија ќе се помогне во подобрување на деловната клима во земјата и ќе се заштитат работниците, а исто така ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи. Фондот посочи дека неформалната економија е штетна поради соочување на легалните бизниси со нелојална конкуренција, која не плаќа даноци или не е усогласена со регулативите, додека работниците во неформалниот сектор се лишени од работничките права, а јавните ресурси се намалени.

Согласно последните оценки на ММФ, изгледите за раст на македонската економија се покачени. Се очекува растот дополнително да зајакнува во текот на оваа година, додека преку пониските даноци и повисоките пензии и плати, се очекува да бидат дополнителен стимул за потрошувачката, што ќе резултира со уште посилен раст догодина.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска на средба со вториот човек на ММФ: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

Објавено пред

Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија.  Истовремено користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност. Ова се дел од темите кои беа дискустирани на средбата помеѓу министерката за финансии, Нина Ангеловска, и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Тао Жанг, кој се одржа во Скопје, а на кој присуствуваше и шефицата на Канцеларијата на Фондот во Виена, Штефани Ебле.

На средбата беа поздравени напорите кои земјата ги прави во покачувањето на фискалната транспарентност, како платформата „Отворени финансии“, која беше пуштена вчера и со која на јавноста ѝ се ставаат на увид сите исплати од трезорот на државата. Исто така, беше изразена поддршка за идеите и мерките во насока на намалување на сивата економија.

Од страна на високите претставници на Меѓународниот монетарен фонд беше истакнато дека Фондот и Република Северна Македонија имаат партнерски однос и дека и тие се отворени и за добивање, а не само за давање препораки и сугестии.

Меѓународниот монетарен фонд во завршната изјава од неодамнешната редовна мисија во земјава посочи дека преку реформите за сузбивање на сивата економија ќе се помогне во подобрување на деловната клима во земјата и ќе се заштитат работниците, а исто така ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи. Фондот посочи дека неформалната економија е штетна поради соочување на легалните бизниси со нелојална конкуренција, која не плаќа даноци или не е усогласена со регулативите, додека работниците во неформалниот сектор се лишени од работничките права, а јавните ресурси се намалени.

Согласно последните оценки на ММФ, можностите за раст на македонската економија се покачени. Се очекува растот дополнително да зајакнува во текот на оваа година, додека преку пониските даноци и повисоките пензии и плати, се очекува да бидат дополнителен стимул за потрошувачката, што ќе резултира со уште посилен раст догодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија46 минути

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија2 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија4 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија4 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија4 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет5 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет5 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија5 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија18 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија21 час

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа23 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија1 ден

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија1 ден

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија1 ден

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 ден

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 ден

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија1 ден

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Досие