Контакт

Економија

Буџетот за поддршка на иновациите на компаниите ќе се зголеми 12 пати 

Објавено пред

Владата го донесе новиот текст на одлуката за давање согласност на „Програмата за измени и дополнувања на среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“.

Со предложените измени се предвидува проширување на буџетот на планираните јавни повици за технолошки развој од планот за економски раст, како и проширување на буџетот за финансирање проекти во рамките на тековниот повик за комерцијализација на иновации. Со овие измени директно или индиректно се таргетирани помеѓу 170-200 компании (во зависност од буџетите и конечната одлука на Комитетот за одобрување кофинансирање) од пристигнатите 487 апликации.

Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании е малку над 87 милиони евра, од кои 67 отсто или над 58 милиони евра се побарано учество на Фондот, а 33 отсто или околу 29 милиони евра се сопствени средства, кои апликантите планираат да ги вложат во домашната економија. Иницијално предвидениот буџет за овој јавен повик е 5 милиони евра, со што аплицираниот износ се надминува речиси 12 пати.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Алијанса за Албанците: Финансиската поддршка за бизнисите да се користи за точно дефинирани цели

Објавено пред

Владата троши повеќе енергија на толкување отколку на содржината на мерките и помошта што можат да им ја дадат на граѓаните, изјави денеска Илире Даути, претседателка на Економскиот оддел на Алијанса за Албанците.

„Во овој поглед, не само бројот на претпријатија што се здобиле со правото на финансиска поддршка за исплата на плата во износ од 14.500 денари е само 24% од вкупниот број на мали и средни микро претпријатија во нашата земја, туку и тие што добија поддршка не можат да го користат истото за својата намена. Ова се случува затоа што парите за финансиска поддршка им беа издадени на многу деловни субјекти во сметки што не ги користеле долго време, во овој случај тие акумулирале долг во име на банкарската провизија. Поради оваа небрежност при трансферот на средства, многу семејни бизниси беа уште повеќе оштетени затоа што наместо со тие пари да ги исплатат платите, тие завршија за исплаќање на банкарската провизија.
Секако, мора да се почитува принципот на ликвидност, но во ова време кога многу семејни бизниси ризикуваат да го прекинат нивниот бизнис, сметаме дека треба да има толеранција и разбирање“, рече Даути.

Алијансата за Албанците апелира до владата, во пресрет на апликацијата за иста мерка за месец мај, што сега на почетокот на јуни се очекува апликациите да се прават, владата да биде претпазлива во детали кои за последица го имаат разрешувањето на работниците или дури и затворање на многу семејни бизниси.

„Ние бараме во формуларите за аплицирање компаниите да имаат можност сами да избираат на кој начин да бидат префрлени финансиските средства од владините мерки. Бидејќи Алијансата за Албанците реагираше на апликациите за април за нивно одложување на крајниот рок за пријавување и Управата за јавни приходи премолчено го прифати овој предлог, повикуваме повторно да се разгледа нашето барање, за поддршката за бизнисите, иако не е доволна, може да се користи за прецизно дефинирани цели“, изјави Даути.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Во декември велеа дека буџетот е ликвиден за сега да се задолжат 870 милиони евра

Објавено пред

Во декември велеа дека буџетот е ликвиден за сега да се задолжат 870 милиони евра, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

„Иако Спасовски и Владата тврдеа дека тие воделе сметка и дека сега немало потреба од никакви мерки, буџетот бил ликвиден, една недела подоцна видовме како излегоа со апокалиптични сценарија дека ни се подготвува банкрот. Два три месеци потоа, ние денеска зборуваме за 700 милиони евра бруто износ којшто владата го обезбеди преку еврообврзница, а до нас стигаат информации дека истата за само два дена е препродадена и дека тој што ја препродал отприлика некаде 0,45, 0,5 процентни поени остварил профит или тоа е некаде околу 21 милион евра на сметка на граѓаните“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека истовремено добил и информација дека од страна на Европската комисија е обезбеден заем од 160 или 180 милиони евра, а дел од тој заем ќе пристигне во втората половина на јули месец, останатиот дел од заемот е врзан за структурните реформи.

„Јас би зборувал за 80-тина милиони евра коишто би стигнале до јули месец. Сето ова е помалку од оние една милијарда и педесет коишто и се потребни на Македонија за до крајот на годината да нема проблеми со ликвидност, односно тоа се средства кои што и се потребни на нашата држава, од први мај до 31-ви декември за да го покрие буџетскиот дефицит по основ на планираниот дефицит и по основ на оние помали примања кои што ќе стигаат во буџетот во периодот кој што следи, но истовремено задолжување поради раздолжување. Тука не се опфатени мерките од Ковид 2, Ковид 3 програмата кои што дополнително ќе го оптоварат буџетот“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека за да се одржи макро-економската стабилност и да нема кратење на платите и пензиите,  ќе бидат потребни барем од 350 до 400 милиони евра за до крајот на годината.

Прикажи повеќе...

Економија

Препораки од НБРМ во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита

Објавено пред

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи грижа за заштита на јавното здравје, НБРМ апелира:

-При посета на филијалите и експозитурите на банките, корисниците на парична помош од социјална и детска заштита коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, од следниот месец, паричната помош од социјална/детска заштита ќе им биде достапна без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина.

-При посетата на филијала/експозитура да се реализираат и другите банкарски услуги за коишто корисникот на паричната помош смета дека во овој период е потребно физичко присуство, со цел да не мора неколкукратно да ја посетува банката во краток период.

-Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитна картичка и од вторник, 2 јуни 2020 година, ќе располагаат со средствата, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите. Со тоа ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на корисниците коишто во моментот не поседуваат дебитна картичка. Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.

-При посета на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба и слично).

-Да се почитуваат насоките за задолжителна дистанца од другите лица, пред и во објектите на банките.

-Да се почитуваат насоките за дезинфекција на рацете при влез во објектите на банките.

Од НБРМ потсетуваат дека според веќе објавениот распоред, исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, за корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка ќе се спроведе во три групи, по азбучен ред, според првата буква од презимето:

· во вторник, 2 јуни – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
· во среда, 3 јуни – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
· во четврток, 4 јуни – П Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Оттука апелираат за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица пред филијалите и експозитурите на банките да биде помала, во корист на здравјето.

И при оваа исплата, Народната банка ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија9 часа

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија10 часа

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија11 час

Спасовски бара избори пред есен, поради најавите на СЗО за втор бран на коронавирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност посочи дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните...

Македонија12 часа

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Македонија12 часа

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по...

Македонија14 часа

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет14 часа

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија15 часа

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Македонија16 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија16 часа

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија16 часа

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија16 часа

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет1 ден

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија1 ден

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион1 ден

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија1 ден

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија1 ден

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Досие