Економија
Вашата идеална инвестиција: остануваат уште пет дена за искористување на ексклузивната зимска понуда за станови во Grand View
Остануваат уште пет дена за искористување на ексклузивната зимска понуда на станови во „Grand View“, дел од Новото обележје на градот „Гранд Скопје“. Празничната можност за нов дом во центарот на Скопје со поволни кредитни услови се приближува кон крајот. Донесете ја најважната одлука за вашата иднина до 15 јануари и осигурете го вашето место во „Grand View“ каде што удобноста, стилот и современите стандарди за градба се спојуваат за да создадат дом кој ги надминува сите очекувања.
Со специјалните празнични цени и поволни финансиски решенија, „Grand View“ ви овозможува да живеете на најпрестижната резиденцијална адреса во Скопје. Стекнете се со уникатната привилегија за живот покрај река, со панорамски погледи и други бројни поволности што ги нуди мултифункционалниот комплекс „Гранд Скопје“ чиј модерен дизајн одговара на секојдневните потреби на современиот живот.
Зимската понудата вклучува атрактивни двособни станови по цена од 170.000 € (со вклучен ДДВ). Со специјалната празнична цена од само 2.690 € по метар квадратен, создадете го вашиот нов дом на оваа првокласна локација во центарот на градот.
Трособните станови во „Grand View“, пак, се достапни по промотивна цена од 222.000 € (со вклучен ДДВ) и со опција за плаќање на 6 рати без камата во процес на градба.
„Живеењето во ‘Grand View’ нуди беспрекорна поврзаност со сите потреби на современото живеење што ги нуди самата локација на комплексот, панорамски погледи, живот покрај река, непосреден пристап до зелениот урбан парк инкорпориран во комплексот, како и други разновидни содржини“, велат од „Гранд Скопје“.
Од таму додаваат дека сите станови во „Grand View“ се дизајнирани со посебно внимание. Изобилуваат со просторност, удобност и модерен распоред кој овозможува природно осветлување. Целиот објект се гради според највисоките стандарди за енергетска ефикасност кои придонесуваат за заштита на животната средина, намалени трошоци и одржлив начин на живот.
Специјални кредитни понуди за дом од соништата
Донесете ја најдобрата одлука за вашата иднина и искористете ги празничните поволности за живот во престижен дом.
За сите потенцијални станари на „Grand View“, Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална банка и Тутунска банка креираа специјални кредитни понуди со цел да овозможат лесна и брза постапка за аплицирање, индивидуален пристап за секој купувач и прилагодување на условите според потребите на апликантите.
Искористете ја можноста да станете дел од „Гранд Скопје“ – место каде што функционалноста и урбаниот начин на живеење прават идеален спој. Посетете го салонот на „Гранд Скопје“ во ГТЦ, на првиот кат до киното „Милениум“, или контактирајте го тимот за продажба на телефонските броеви 070 355 351 и 070 233 055, или на e-mail: [email protected] за подетални информации.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година
Министерството за финансии денеска ја исплати Еврообвзницата издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра.
„Денеска во целост ја исплативме Еврообврзницата издадена во 2018 година на износ од 500 милиони евра, а која доспеваше за исплата на 18 јануари 2025 година. Со цел да се обезбедат средства по најниски трошоци за исплата на оваа Еврообврзница, беше потпишан Договор за заем со унгарската Експорт-импорт банка. Условите под кои ги добивме средствата направија заштеди на буџетот по основ на камати и по основ на провизии. Ќе продолжиме со политиките на редовно и навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства по најповолни услови“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека 2025 година ја почнуваме со ликвидни и стабилни јавни финансии кои ќе овозможат редовно и навремено сервисирање на обврските.
Средствата за сервисирање на оваа обврска која доспеавше на 18 јануари 2025 година беа обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка по поволни услови со камата од 3,25%, рок на отплата 15 години, со вклучен грејс период од 3 години.
Земјата досега има издадено 9 еврообврзници, од кои шест се веќе исплатени, а во наредните години доспеаваат за отплата уште 3 еврообврзници издадени во 2020, 2021 и 2023 година во вкупен износ од 1,9 милијарди евра.
Економија
Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто во однос на одлуката од 17 јануари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,747%, кај дизелот за 1,791%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,516% и кај мазутот зголемувањето е за 0,921%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0771%.
Од 21.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,673 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,337 ден/кг и сега ќе изнесува 46,673 ден/кг.
Регулаторна напоменува дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
УЈП со потсетување до даночните обврзници: рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите е до 27 јануари
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави, дека рокот за поднесување е до 27 јануари 2025 година.
До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ-04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1 % од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ-04 пријави, кои треба да се поднесат во преостанатите денови, соопштија од УЈП.
Апелираат граѓани да бидат одговорни даночни обврзници и да ги достават сите потребни документи до сметководителите со цел навремено и точно да се обработат нивните ДДВ-04 пријави за овој даночен период.