Контакт

Економија

ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во износ од 24 милиони евра

Објавено пред

Управниот комитет на инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ (Western Balkas Investment Framework – WBIF) донесе одлука на Република Македонија да ѝ одобри три апликации за инфраструктурни проекти во вкупен износ од 24 милиони евра грант (неповратни) средства за техничка помош и инвестиции.

Одобрена е апликација за изградба на Автопат А2 Гостивар – Кичево и тоа за делница Букојчани – Кичево, должина од 12.7 км, како дел од Коридор 8, при што се обезбедени над 20 милиони евра (20.348.000 евра). Вкупните средства за изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево изнесуваат околу 105 милиони евра. Останатите средства ќе се обезбедат од ЕБОР во вид на заем во износ од 79,2 милиони евра и учество на ЈПДП од сопствени средства во износ од 6 милиони евра.

Одобрена е апликација за инвестициски грант за градежни работи за рехабилитација и реконструкција на државен пат А2 делница, делница Крива Паланка – Деве Баир (Граница со Бугарија), како дел од Коридор 8, со што се обезбедени над два и пол милиони евра (2.570.000 евра за инвестиции и 50.400 евра за техничка помош). Со оваа инвестиција се планира рехабилитација и проширување на патната делница во вкупна должина од 13 километри, која е дел од источниот Пан-европски патен коридор 8, па со тоа придобивките од реализацијата на проектот би биле не само од национален, туку и од регионален интерес. Имено, за реализација на овој проект на 20.09.2018 година склучени се договорот за заем и договорот за гаранција, со што од Европската банка за обнова и развој обезбеден е заем во износ од 10 милиони евра, а учеството на ЈПДП од сопствени средства изнесува 1,37 милиони евра.

На крајот, во рамки на 20-от ВБИФ повик одобрена е апликацијата за грант-средства за техничка помош во износ од 1 милион евра за подготовка на Физибилити студија и Студија за влијание на животната средина и социјалните аспекти на проектот ХЕ Чебрен. Со Физибилити студијата ќе се направи детална анализа на целокупната досега изработена техничка документација за објектот и ќе е дефинира оптимално техничко решение кое треба да биде финансиски и економски одржливо, а воедно ќе се разгледа и стратешката оправданост на оваа инвестиција. Паралелено со изработката на Физибилити студијата ќе се изработува и Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, која ќе биде изработена согласно со меѓународните стандарди и конвенции за објекти од ваков тип и согласно со домашната легислатива.

Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF) официјално беше отворен во 2009 година, како заедничка иницијатива на Европската комисија, Банка за развој при Совет на Европа, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и подоцна приклучените Светска банка и Германската развојна банка (KfW). Средствата за WBIF главно доаѓаат од следните извори: Ресурси алоцирани од Регионалниот ИПА-пакет; Грантови што ги доделуваат меѓународните финансиски институции; Грантови што ги доделуваат билатералните донатори преку Заедничкиот фонд за Западен Балкан (European Western Balkans Joint Fund – EWBJF).

Економија

СДСМ: Со повратот на 15 отсто од ДДВ државата првпат враќа пари директно кај граѓаните

Објавено пред

Со повратот на 15 отсто од ДДВ државата првпат враќа пари директно кај граѓаните, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

Со мерката „Мој ДДВ“, нагласува СДСМ, првпат државата им враќа пари на граѓаните, односно за секој денар платен ДДВ, на крајот на годината на граѓанинот му се враќа 15 отсто директно на неговата сметка.

На крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра, велат од владејачката партија.

„Сите досегашни мерки, вклучително и повратот на ДДВ од 15 отсто, имаат една заедничка цел, подобар животен стандард, подобар живот на граѓаните, раст и развој“, додава СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: За 50% зголемени приходите од закуп на државно земјоделско земјиште во 2018 во споредба со 2016 година

Објавено пред

Приходите од закуп на државно земјоделско земјиште се зголемиле за скоро 50% во 2018 година во споредба со 2016 година, соопшти Министерството за земјоделство. Како што се наведува, во 2016 година, по овој основ во Буџетот се слеале 255 милиони денари, а лани скоро 448 милиони денари. Во последните две години е забележан интензивен пораст на приходите по основ на закуп на државно земјоделско земјиште.

„Овој позитивен тренд покажува дека овие две години Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство редовно и навремено врши контрола и наплата на државното земјоделско земјиште што е дадено под закуп. Ова покажува дека државата води грижа и солидно менаџира со распределбата на државното земјоделско земјиште коешто МЗШВ со политиките во изминатите две години го враќа во рацете на вистинските земјоделци.
Финансиските средства прибавени по овој основ се пари кои повторно се враќаат кај земјоделците преку мерките од Програмите за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој.

Во таа насока беше спроведена и ревизија на доделеното државно земјоделско земјиште во изминатите години. МЗШВ преку своите политики успеа да ослободи 10.000 хектари државно земјоделско земјиште кое сега повторно преку огласи и повици се враќа кај земјоделците.

Од 1-ви јули 2017 досега МЗШВ има објавено вкупно 9 огласи за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост (до 3 ха и над 3 ха) при што склучени се вкупно 700 договори за доделување државно земјоделско земјиште. Се става во функција секое неискористено парче земја, а со овие огласи досега се доделни 4.000 хектари државно земјоделско земјиште под закуп за до 3 и над 3 хекатри“ се додава во соопштението од МЗШВ.

Прикажи повеќе...

Економија

Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ до крајот на 2020

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска потпиша декрет со кој руската забрана за увоз на храна од земјите членки на ЕУ се продолжува до крајот на 2020 година, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Русија од 2014 година воведе ембарго за увоз на широк спектар производи од ЕУ и други земји како одговор на меѓународните санкции наметнати врз Москва поради нејзината улога во украинската криза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија2 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија2 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија3 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет5 часа

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет5 часа

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија20 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ21 час

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија21 час

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија24 часа

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија1 ден

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ1 ден

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион1 ден

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион1 ден

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет1 ден

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија2 дена

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ2 дена

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион2 дена

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Досие