Контакт

Економија

(Видео) Автопатот Миладиновци – Штип официјално пуштен во употреба

Објавено пред

Иако веќе неколку недели возачите го користат автопатот Миладиновци – Штип, денеска Владата организира свечена церемонија за негово официјално пуштање во употреба.

„Треба да бидеме горди бидејќи завршивме со изградба на еден импозантен капитален проект, а тоа е автопатот Миладиновци-Штип. Со тоа граѓаните добија безбеден автопат со што ќе го скратат патувањето за триесетина минути, а воедно создадовме услови за поефикасен и побрз транспорт на стоки и услуги што е важен предуслов за инвеститорите да ја мапираат нашата земја како стабилна бизнис дестинација“, истакна премиерот, Зоран Заев, на церемонијата по повод пуштање во употреба на автопатот.

Тој во своето обраќање потенцираше дека ова автопатско решение е од огромно значење, посебно за источниот регион на земјата со што се овозможува побрз превоз на стоки и патници, а од друга страна заради рамномерниот регионален развој, отворање на нови фабрики и нови вработувања.

„Ова модерно автопатско решение е лицето на новата модерна Северна Македонија која продолжува да се гради, поврзува и интегрира. Нашата цел е да ги овозможиме сите потребни услови, меѓу кои квалитетна инфраструктура и владеење на правото за домашните и странските инвеститори да почувствуваат сигурност и да се одлучат за нови инвестиции и да отвораат нови фабрики во кои ќе се вработат многу наши граѓани. Поврзувањето на нашата земја внатрешно помеѓу градовите, селата и населените места со квалитетна патна инфраструктура, и надворешно кон соседните земји останува да биде наш високо рангиран приоритет“, рече Заев.

Додаде дека во следниот период, преку ЈП за државни патишта ќе бидат засадени 600 илјади садници долж автопатот.

„Овој автопат останува во посед на идните генерации. Патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. 10% како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90% од сите даночни плаќачи, со што ќе го враќаме кредитот којшто е поволен за вакви инфраструктурни проекти“, рече премиерот Заев.

Вкупната должина на автопатот Миладиновци-Штип изнесува 47 километри. Има седум клучки, а вкупната инвестицијата е 177,3 милиони евра.

„Најголемите активности за изградба беа извршени во текот на 2018 година, во реализацијата на проектот беа вклучени повеќе од 350 градежни машини, 850 лица како инженерски и технички персонал, од кои најголемиот дел беа од нашата земја, а 55 лица од Кина. Што се однесува до финансиската реализација, можам со гордост да информирам дека првично вредноста на договорот изнесуваше 226,7 милиони евра, но Јавното претпријатие за државни патишта со домаќинско и правилно работење успеа да направи заштеда од 44 милиони евра, односно изградба на автопатот не чинеше 177,3 милиони што е показател за успешно завршен проект“, истакна директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Руиџун Џанг, претставникот од компанијата „Синохидро“ потенцираше дека компанијата ја користела својата напредна технологија и ресурси и во соработка со партнерите од Северна Македонија успешно го завршила овој проект, кој ќе стане симбол на партнерството меѓу Северна Македонија и Кина.

Економија

Бектеши: Отварањето на „Поинт ретаил парк“ е доказ за еднаквиот третман на инвеститорите

Објавено пред

Отварањето на „Поинт ретаил парк“ е доказ за еднаквиот третман на инвеститоритеи ќе ја зголеми атрактивноста на земјата како шопинг дестинација, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши кој присуствуваше на свеченото отварање на првиот ритеил парк во Македонија – Поинт ретаил парк.

Вкупната инвестиција на компанијата Али Тобако во овој шопинг центар кој што се наоѓа во општината Бутел изнесува девет милиони евра, а ќе бидат отворени 200 нови работни места. Министерот Бектеши истакна дека оваа инвестиција е уште еден доказ за одличните услови и еднаквиот третман кои ги добија домашните инвеститори во земјава со Законот за поддршка на инвестициите, што беше едно од основните барања на бизнис заедницата во изминатиот период.

„Отварањето на ваков Ритеил парк ја зголемува атрактивноста на земјата како туристичка и, во случајов, шопинг дестинација, отворајќи можност за зголемување на бројот на туристи, пред сѐ од соседните земји во градот Скопје, кој со скоро 340 илјади домашни и странски туристи минатата година беше најпосетуваната туристичка дестинација во земјата. Од друга страна концептот кој што го нуди овој прв Поинт Ритеил парк кај нас, кој што е развиен во целиот свет, и големиот број на содржини кои ги задоволуваат потребите и вкусовите на различни генерации на граѓани, верувам дека ќе придонесе овој комплекс да се претвори во посакувано место за целото семејство и популарно врталиште во кое ќе можете да ги споите извршувањето на обврските и релаксацијата, а за најмладите и забавата. Оваа инвестиција од девет милиони евра во општината Бутел, на стратешка локација која ги поврзува населбите Центар, Карпош, Бутел и Чаир, каде според најавите на сопственикот ќе бидат отворени над 200 нови работни места, ќе придонесе за локален, регионален,но и развој на националната економија“, истакна министерот Бектеши на свеченото отварање на Поинт ритеил парк.

Според сопственикот Али Ќаили, ова е инвестиција која ќе влијае позитивно на градот Скопје и државата генерално, позиционирајќи ја Македонија како лидер во регионот.

„Многу сме среќни и горди што денеска го отвораме првиот ретаил парк кај нас, кој со својот принцип на работа ќе постави темели на еден поинаков модерен и европски концепт, кој во иднина може да претставува пример и што направивме инвестиција на која сите ќе бидат горди. Поинт ритеил парк е инвестиција која ќе ги отвори вратите за околу 200 лица и која вреди околу девет милиони евра. Сакам на нагласам и дека овде во Поинт ќе можете да видите познати и реномирани домашни и странски брендови и воедно ќе искористам и да им се заблагодарам на сите закупци кои го препознаа нашиот план и ја препознаа нашата инвестиција”, изјави Али Ќаили, сопственик на Поинт ритеил парк.

Според градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, оваа инвестиција ќе ја позиционира Општинaта на едно повисоко ниво.

„Општина Бутел е навистина горда што првиот ритеил парк во Македонија се отвара токму тука. Јас како градоначалник сум особено горд што со оваа инвестиција ќе се влијае на локалниот економски развој на Општината и ќе влијае на нејзина модернизација. Сигурни сме дека оваа инвестиција ќе ги привлече сите граѓани од Скопје и другите градови од регионот да бидат редовни посетители”, изјави градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Во Поинт ритеил парк ќе има голем број познати домашни и странски брендови.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Почна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Балканлар пластик“

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Дирекцијата на ТИР-зоните, Александар Младеновски, го означија почетокот на градба на новата фабрика на компанијата „Балканлар пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1.

Заев образложи дека инвестицијата ќе биде во висина од 8 до 10 милиони евра и во првата фаза ќе има 80 нови вработувања со цел да достигнат 300 нови работни места во последната фаза.

„Оваа инвестиција доаѓа од земја што е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија, а тоа е Република Турција. Сакам да ја искористам пригодата да му се заблагодарам на турскиот народ за ратификацијата на протоколот за наше членство во НАТО, кое беше пред неколку дена. Досега имаме 21 ратификација, со што станува извесно дека во декември Република Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Тоа истовремено значи мотивација и дополнителна позитивна провокација да привлечеме уште многу нови инвестиции, меѓу кои и инвестиции од Турција“, истакна премиерот Заев.

Премиерот посочи дека има евидентен пораст на странските директни инвестиции. Гринфилд-инвестициите пораснале 200 проценти за периодот од јуни 2018 до мај 2019 во споредба со истиот период претходно, што е нотирано во извештајот на „ФДИ маркетс“, специјален сервис на „Фајненшл тајмс“.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, истакна дека производствениот погон на „Балканлар пластик“ е еден од триесетината инвестициски проекти што во моментот се реализираат во земјата, а преку кои се остваруваат плановите на Владата за силна индустријализација на земјата и се создаваат услови за побрз и одржлив раст на економијата.

„Минатата година од оваа земја забалежани се директни инвестиции во вредност од 36,2 милиони евра, а само во првиот квартал на 2019 година забележани се инвестиции од Турција во вредност од 16,3 милиони евра. Тоа значи дека инвестициите од Турција покажуваат тенденција на раст, со што очекуваме директните инвестиции од Република Турција оваа година да ги надминат ланските вредности. Инвестицијата на „Балканлар пластик“ се очекува да биде околу 7 милиони евра, каде што ќе се вработат околу 300 лица, а важно е што имаат планови да се развиваат и понатаму и да го шират производството во нашата земја. Владата ќе ги поддржува сите инвеститори, странски и домашни, да реализираат нови инвестции затоа што само преку индустријализација на државата може да обезбедиме одржлив раст на економијата на подолг рок. Да извезуваме производи, а не луѓе од државата“, потенцира вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека Бунарџик се менува во позитвна смисла на зборот, се градат нови фабрики и има постојан влез на нови странски директни инвестиции.

„Би сакал да напоменам дека создадовме сосема нова политика за привлекување странски инвестиции сè со цел да обезбедиме нови работни места, а со тоа да придонесеме и за економскиот раст на нашата држава. Освен поддршката што ја дава Владата на Република Северна Македонија, претприемачите се запознаени дека како предуслов истовремено е и политичката стабилност, но и владеењето на правото“, истакна Бектеши.

Директорот на Дирекцијата на ТИР-зоните, Александар Младеновски, посака успешна и навремена изградба на новата фабрика, која ќе произведува пластична амбалажа за повеќе индустрии и ќе отвори нови работни места за младите и со тоа успешно ќе придонесува во севкупниот економски раст и развој.

Менаџерот на „Балканлар пластик“, Ерен Чалишир, се заблагодари на добрата соработка со институциите и Дирекцијата на ТИР-зоните во реализацијата на инвестицискиот проект на компанијата и рече дека оваа нова фабрика ќе донесе нова вредност во економскиот развој на земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

Елези за завршната сметка 2018: Приходите повисоки од лани, буџетскиот дефицит понизок

Објавено пред

Реализираните приходи во државниот буџет во 2018 година се 8,8 милијарди денари повисоки во однос на претходната 2017 година или 5 отсто повисоки, а буџетскиот дефицит е помал од проектираниот и изнесува 1,8 отсто од БДП, рече заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, на комисиската расправа во Собранието за завршната сметка.

Заменик-министерката рече дека реализацијата на приходите во 2018 година била во согласност со очекувањата, а расходите се извршувале редовно и навремено.

„Вкупните приходи на буџетот на Република Северна Македонија се реализираа во износ од 188,5 милијарди денари и тие се наменија за финансирање на расходите реализирани во износ од 200,1 милијарди денари. Остварувањето на приходите и расходите во наведените износи резултира со дефицит на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 11,5 милијарди денари, при што тој бележи помала реализација во однос на планираниот 6,5 милијарди денари и е реализиран на ниво од 1,8 отсто од БДП“, рече Елези.

Таа посочи дека минатата година имало одлична наплата на даночни приходи со 99,9 отсто реализација од проектираното или во споредба со претходната година – наплатата била подобра 9,4 отсто. Таа рече дека приходите од социјалните придонеси биле остварени целосно и обезбедиле редовно финансирање на законските обврски на социјалните фондови.

„Во рамките на вкупните буџетски расходи, тековните расходи се остварија во износ од 187,9 милијарди денари, односно пониска реализација од 2,1 отсто во однос на планот како резултат на строгата контрола на трошењето на овој вид расходи, без притоа да се наруши редовното покривање на сите обврски на државата и непречено остварување на функциите и активностите на буџетските корисници“, рече заменик-министерката.

Елези посочи дека финансирањето на буџетскиот дефицит во 2018 година се реализирало во согласност со целите за прудентно управување со јавниот долг, односно со најнизок можен трошок и развој на ефикасен домашен финансиски пазар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Влада: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска дефинитивно нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија1 час

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час откако почна седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на инспекторот...

Македонија3 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет3 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт4 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија14 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет15 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет17 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ20 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион21 час

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија22 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Досие