Контакт

Економија

(Видео) Андреевски: Мерките на Владата обезбедуваат развој на енергетиката и пониски сметки за граѓаните

Објавено пред

Во изборната програма 2016 на СДСМ главен столб беше да вратиме повеќе пари кај граѓаните. Тоа во изминативе две години го правиме постојано и на различни начини, вели Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

„Веќе е реализирана мерката за враќање на евтината тарифа за елелектрична енергија која беше укината во 2012 година, а преку која денес се враќаат околу 15 милиони евра кај граѓаните. Денес, со мерката за намалувањето на ДДВ од 18 на 5% исто така се одвојуваат одредени средства, повторно кај граѓаните.

За просечен стан чија сметка изнесувала 2.000 денари, трошокот за парно ќе се намали за:

· 1.800 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на БЕГ,
· 3000 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на Скопје Север и
· 3.240 денари за потрошувачите приклучени на системот на Енергетика во Гази Баба.

Во наредниот месец, пред почетокот на грејната сезона ќе следат дополнителни мерки кои ќе ги реализираме, заедно со Владата на Република Северна Македонија за повеќе пари назад кај граѓаните, а вооедно и ќе придонесеме за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и да обезбедуваме повеќе пари кон граѓаните“ истакна Андреевски.

Економија

Просечната плата во Хрватска 880 евра

Објавено пред

Просечната исплатена нето-плата по вработен во Хрватска во декември минатата година била 6.559 куни или околу 880 евра, што претставува зголемување за 3,3 проценти на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено со ноември 2019 година, просечната исплатена нето-плата е зголемена за 0,5 проценти.

Највисока просечна нето-плата за декември 2019 година е исплатена во воздушниот сообраќај, во износ од 11.793 куни (приближно 1.583 евра), додека најниската од 4.209 куни или приближно 565 евра е исплатена во секторот производство на кожа и сродни производи.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Китев: Со „Мој ДДВ“ вратени се 8 милиони и 567 илјади евра кај граѓаните

Објавено пред

Преку мерката „Мој ДДВ“ кај граѓаните вратени се 8 милиони и 567 илјади евра, остварени преку скенирање фискални сметки во периодот од 1 јули 2019 до 31 јануари 2020 година. Ова го изјави Бетијане Китев, пратеник на СДСМ.

Тој посочи дека само досега преку Управата за јавни приходи над 6 милиони евра се исплатени кај над 325 илјади граѓани.

„Преку мерката ‘Мој ДДВ’ првпат директно од буџетот кај граѓаните се враќа дел од платениот данок на додадена вредност. Оваа револуционерна мерка е препознаена и поддржана од граѓаните. Им ги враќа парите назад на граѓаните и ја намалува сивата економија. Резултати покажуваат успешна реализација и во делот на наплатата на ‘Мој ДДВ’. Во 2019 година наплатата на ДДВ од 52 милијарди денари е 5,7 отсто повисока во однос на 2018 година. По воведувањето ‘Мој ДДВ’, наплатата споредена со јули-декември 2019 со периодот јули-декември 2018 година покажува зголемување во просек од 11,2 отсто“, рече Китев.

Додаде дека со повратот на 15 отсто од платеното ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината во секое домаќинство.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Со Законот за енергетската ефикасност до нови инвестиции во енергетски ефикасно осветление во општините

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, присуствуваше на потпишување договори за јавно- приватно партнерство по ЕСКО-модел за јавно осветление помеѓу општините Македонска Каменица и Чешиново-Облешево како корисници и ЕСКО-компанијата „Македонски телеком“ АД Скопје. Овој проект е дел од регионална програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор, преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за што е обезбедена финансиска поддршка од инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан.

„Со новиот Закон за енергетската ефикасност, кој од вчера официјално влегува во сила, нашата држава во целост ги имплементира соодветните прописи за енергетска ефикасност на Европската Унија. Уште поважно, новиот закон ќе овозможи реализација на потребните инвестиции и мерки во областа на енергетска ефикасност следејќи ги позитивните примери од земјите на ЕУ и регионот, каде што енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа како за граѓаните така и за економијата воопшто. Меѓу другото, законот ќе овозможи реализација на долгорочни договори за енергетски услуги од страна на друштва даватели на енергетски услуги – ЕСКО. Со ова законско решение се прецизираат одредбите и модел-договорите, кои овозможуваат реализација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност, како за ефикасно осветление така и за други вложувања во енергетска опрема и инсталации, каде што, меѓу другото, опфатени се и реконструкции на згради“, истакна Бектеши по потпишување на договорите.

Координаторот на проектот, Здравко Стефковски, истакна дека ЕСКО-компаниите се дефинирани со новиот Закон за енергетската ефикасност, кој веќе е донесен и вчера стапи во сила.

„ЕСКО-компаниите ја носат целокупната инвестиција на висококвалитетна ЛЕД-технологија за улично осветление, а крајниот корисник, во овој случај општините, финансиски не учествуваат. Крајниот корисник, Општината, ја враќа инвестицијата на ЕСКО-компанијата исклучиво преку заштедата на енергија. Во тендерската постапка Општината ја избира онаа ЕСКО компанија која има уредна документација според тендерската документација и ќе понуди најголемата нето-финансиска добивка за Општината. Времето на враќање на инвестицијата изнесува во просек шест години, а понудениот животен век на светилките е 100.000 работни часа. За времетраење на договорот целокупното одржување на опремата, која е предмет на договорот, потпаѓа под ЕСКО-компанијата. По завршување на договорот, целокупната заштеда на енергија и опремата остануваат на крајниот корисник, т.е. Општината. Ако се земе предвид дека системот за улично осветление во просек работи 4.200 работни часа годишно, во тој случај светилките би требало да работат околу 23 години“, потенцира Стефановски.

Градоначалниците на општините Македонска Каменица и Чешиново-Облешево, Соња Стаменковска и Горанчо Крстев, им се заблагодарија на Министерството за економија и ЕБРД за можноста да учествуваат во ваков проект и да може да инвестираат во енергетски ефикасна инфраструктура во своите општини.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ7 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија8 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија9 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ10 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија10 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија11 час

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија11 час

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија12 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет12 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија14 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија14 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија14 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија15 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија15 часа

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет16 часа

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет16 часа

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион17 часа

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион17 часа

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет17 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Досие