Контакт

Економија

(Видео) Антовски: Евтина тарифа – последната евтина лага на СДСМ

Објавено пред

Под директива на СДСМ во август 2017 година Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за домаќинствата и малите потрошувачи овозможи да користат евтина тарифа во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота, како и навечер и во недела. Но, сето ова кратко траеше. Откако во 2020 ја зголемија цената на струјата за 7,4 %, па во 2021 летото за уште дополнителни 12,5 %, сега се случи нов ценовен шок. Имаме дополнително зголемување за 9,5 %, па и укинување на дневната евтина тарифа, истакна на денешната прес-конференција Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Марко Бислимоски, истакна Антовски, во изјавите на телевизиите убедуваше дека сегашното укинување на евтината тарифа не треба да се политизира, дека сето тоа не е политичка одлука.

„Исто така, во неговите интервјуа нѐ убедува дека евтината тарифа ја има само во некои бивши југословенски републики, ја нема во Европа, па затоа треба да се укине. Истиот човек кој едно зборуваше во 2017 година, сосема друго зборува во 2021 година“, рече Антовски.

Смета дека со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот народот ќе остане со уште поплиток џеб.

„Народот треба да знае дека зголемувањето на струјата кај домаќинствата и малите потрошувачи од 9,5 % не е точно. Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот цената на електричната енергија дополнително се зголемува за 5 до 6 %, што значи дека вкупното поскапување ќе биде од речиси 15 %. Поради недомаќинското работење на власта, останавме без домашно производство на електрична енергија. Доколку навреме се справувавме со енергетската криза и ако државните енергетски компании работеа одговорно, ваков ценовен шок немаше да доживеат граѓаните. Ако ЕЛЕМ навреме копаше јаглен и не ги испразнеше акумулациите, ќе имавме домашно производство на електрична енергија по цена од три до четирипати поевтина од увозната“, додаде Антовски.

Оценува дека со тоа немаше да се дојде до мизерна состојба, во која Република Македонија се соочува со уништени енергетски компании доведени пред банкрот, без домашно производство на електрична енергија и осиромашени граѓани, кои едвај врзуваат крај со крај.

Капак на сѐ, вели Антовски, во новата година имаме и 14 % поскапо парно греење.

„Ова е честитката на пионот Ковачевски и на заевизмот за Новата 2022 година, ако успееме да преживееме финансиски“, додаде тој.

Економија

Потпишани нови 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во 20 општини

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска потпиша нови 900 договори за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. Овие договори се за двата јавни повици објавени во август 2021 година за површини во Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Велес, Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип.

Министерот Николовски посочи дека договорите на апликантите ќе им бидат доделени на терен и дека праксата започната во периодот 2017-2019 година на неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци, ќе продолжи и во наредниот период.

Во периодот 2017-2019 година се стави акцент на зголемување на обработливите површини преку правична распределба на државната земја. Се склучија 700 договори за доделување државно земјоделско земјиште во закуп, се искористија 4.000 хектари државно земјоделско земјиште во закуп за до 3 и над 3 хектари, се склучија 35 договори за површина од 124 хектари за производство на добиточна храна. За прв пат се објави инвестициски оглас и се потпишаа 17 договори за изградба на винарници, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри, со вкупна инвестиција од 11 милиони евра, а воедно се склучија договори за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција. Преку измени на Законот за земјоделското земјиште се ослободија од плаќање на закупнина младите земјоделци до 40 години во првите три години од закупот.

Прикажи повеќе...

Економија

Кузеска: Пензиите продолжуваат да растат

Објавено пред

Пензиите продолжуваат да растат, го штитиме економскиот стандард на граѓаните, рече на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека растот на пензиите ќе продолжи и оваа година. Рече дека покрај законското усогласување кое редовно се исплаќа два пати во годината, за јануари и јули, се прават последните подготовки за посебно, дополнително зголемување на пензиите.

„Тоа значи дека околу 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања, што е особено важно ако се земе предвид енергетската криза и последиците од неа врз животниот стандард на граѓаните. Фондот за пензионско осигурување е во стабилна финансиска состојба и подготвен да издржи дополнително зголемување на пензиите“, изјави Кузеска.

Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време.

Кузеска додаде дека и покрај енергетската криза економијата е стабилна, а тоа го покажува и податокот за раст на просечната плата, која во ноември 2021 година изнесува 29.130 денари, односно е за 5.6 отсто повисока од истиот месец од 2020 година.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕСМ го презеде управувањето со БЕГ и топланата Скопје Север

Објавено пред

По донесувањето на одлуката од страна на Владата и одобрување на текстот на договорите, ЕСМ од денеска влезе во привремено управување на Друштвото за производство на топлинска енергија Балкан енерџи и на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода АД Скопје Север во стечај.

ЕСМ потпиша три договори за деловно-техничка соработка со трите правни субјекти на Балкан Енерџи, (Производство, Дистрибуција и Снабдување). Договорот предвидува влегување на АД ЕСМ во раководењето на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје преку назначување прокуристи, лица вработени во АД ЕСМ, чиј потпис ќе биде врзан со потписот на управителите на друштвото Балкан енерџи. Сите одлуки, договори и плаќања ќе се реализираат со два потписи, односно без согласност на прокуристот од АД ЕСМ, Балкан енерџи нема да смее да врши исплати и да склучува договори.

Средствата кои АД ЕСМ ќе ги добие од Владата за справување со кризата со снабдување со топлинска енергија, ќе ги уплатува повремено, во потребни износи, на наменската сметка која Балкан енерџи ќе ја отвори согласно договорот и од која исплатите ќе се вршат со врзан потпис.

Средствата од 6 милиони евра кои наменски се одредени од Владата за справување со кризата со топлинска енергија, согласно договорот ќе бидат искористени за набавка на гас за производство на топлинска енергија во Балкан енерџи, за набавка на топлинската енергија која се презема од производителот ТЕ-ТО и за други трошоци исклучиво поврзани со производниот процес.

Балкан енерџи секојдневно ќе ги префрла на наменската сметка и сите свои приливи кои му пристигаат на неговите други сметки.

Додека трае договорот за деловно-техничка соработка, Балкан енерџи ќе ги врши исплатите кон трети лица исклучиво преку наменската сметка и со согласност и врзан потпис од прокуристот.

Балкан енерџи гарантира за вложените средства добиени од страна на државата, со меница потпишана од основачот на Балкан енерџи. Враќањето на средствата кон АД ЕСМ ќе се реализира во 2023г, по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за определување на трошоците за грејната сезона.

ЕСМ ќе поднесува месечни финансиски извештаи до Владата за потрошените средства наменети за справување со кризата со топлинска енергија и извештаи за комплетното работење на привременото управување.

Владата го задолжи АД ЕСМ да ја преземе обврската за кризно менаџирање со снабдувањето со парно греење во градот Скопје со оглед на тоа што АД ЕСМ е најголема државна енергетска компанија и преку неа може да се управува со средства од државниот буџет. АД ЕСМ, исто така поседува свој систем за снабдување со топлинска енергија на еден дел од Скопје, и оттука располага со ресурси и кадри за да го преземе менаџирањето на целокупното снабдување на градот.

Целта на воведувањето на кризното менаџирање со снабдувањето со топлинска енергија е да се овозможи парно греење до крајот на грејната сезона, со оглед на тоа што снабдувачите се изјаснија дека немаат средства за набавка на гас за призводство на топлина по екстремниот скок на цената на гасот. Влегувањето на АД ЕСМ и на државата во снабдувањето со гас овозможи да се спречи дополнителено продлабочување на кризата со снабдување и со електрична енергија, со оглед на тоа што во недостиг на парно греење граѓаните би се префрлиле на греење на струја, а со тоа би дошло до енормно зголемување на потрошувачката на електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион5 часа

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија5 часа

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија6 часа

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија8 часа

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет8 часа

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија9 часа

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет9 часа

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија10 часа

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија24 часа

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија1 ден

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија1 ден

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион1 ден

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет1 ден

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ1 ден

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија1 ден

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет1 ден

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Досие