Економија
(Видео) Антовски: Поради неспособната власт на Заев, Македонија е пред енергетски колапс
Поради штетните владини политики, ВМРО-ДПМНЕ долго време укажуваше дека Република Македонија е на прагот на електроенергетски колапс, но власта на Заев во заминување сето ова го прикриваше со единствена цел да не си го загрози сопствениот и онака нарушен рејтинг во избрниот процес што се одвиваше изминатиов период, потенцира на денешната прес-конференција Стевче Антовски, член на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Вистината, како што рече тој, почнала да излегува на виделина веднаш кога завршил вториот круг на локалните избори кога, како што оцени, спротивно на доскорешните лажни убедувања дека ситуацијата е стабилна, наеднаш се донела уредба за прогласување електроенергетска кризна состојба.
„Акумулациите за работа на хидроцентралите се на ниско ниво, особено последниов месец кога се на минимум со вкупна резерва помалку од 10 %. Ваквата состојба се манифестира уште од периодот кога самопрогласените шампиони во енергетиката продаваа вишоци електрична енергија фалејќи се дека заработуваат од продажбата. Но, дали навистина е така потврдува сегашната состојба на празни акумулации и немање резерви електрична енергија тогаш кога е најмногу потребна. РЕК ‘Битола’ се сведе на работа со еден блок со половична моќност и со резерви на јаглен помалку од два дена за работа. Пред само неколку дена се запали изолаторот на енергетскиот трансформатор на Блок 3, па настанаа пожар и хаварија од поголеми размери поради што Блок 3 ќе биде надвор од употреба подолго време. Вчера пукна цевка на котелот во Блок 1, а бидејќи Блок 2 е во ремонт, РЕК ‘Битола’ речиси 24 часа не произведуваше струја воопшто“, рече Антовски.
ВМРО-ДПМНЕ, нагласи тој, отсекогаш е за правилно раководење на комбинатот РЕК „Битола“.
„Наместо да се уништуваше РЕК ‘Битола’ и да се планира негово затворање, доволно беше само да се заменат филтрите и да се реши проблемот со загадувањето. Исто така, наместо да се исцрпуваше комбинатот со партиски вработувања, криминални тендери и недомаќинско работење, ние требаше да градиме други производни капацитети за електрична енергија, а во исто време да се мисли на отворање нови рудници на јаглен во околината на комбинатот токму за вакви тешки времиња. Наместо да увезуваат поскап јаглен, можеа да го реализираат проектот за отворање на рудникот ‘Живојно’. На тој начин ќе ја спасеа домашната кревка економија од пропаст бидејќи во вакви ситуации, како што е сегашната, особено e важно да функционира домашното производство на електрична енергија“, дополни Антовски.
„Тендерите за ископ во РЕК ‘Битола’, кои ги прават со цел да се испумпаат пари од компанијата кај приватници блиски до власта, сега им се вратија како бумеранг. Дебалансите што се случуваат во преносната мрежа, кои ќе ги платиме сите преку буџетот, и новата зголемена цена на електричната енергија, која е неминовна во блиска иднина, се реалност од која нема бегање“, рече тој на прес-конференцијата.
Според него, едно е јасно, Македонија, како што истакна, е клекната на колена, без доволно сопствено производство на електрична енергија.
„Нѐ очекуваат коплас, сиромаштија и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Преносниот систем-оператор (МЕПСО) е пред банкрот со преземање туѓа енергија од европската мрежа за што ќе треба да се платат над 15 милиони евра. Ваков срам за македонската енергетика немало од нејзиното осамостојување до денес. Поради несериознот пристап, сѐ поочигледно е дека во наредниот период ќе се соочуваме со рестрикции и со повторно поскапување на електричната енергија која и онака две години наназад поскапуваше. Одговорност за ваквото расипничко однесување кон енергетиката и државата мора да има“, потенцира членот на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.
Економија
Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“
Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.
„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.
Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.