Контакт

Економија

(Видео) Атанасов: Исплатени субвенции од над 27 милиони денари на над 7.000 сточари

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069.000 денари, изјави Зоран Атанасов, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Тој појасни дека станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства.

„Ова се нови успеси во сточарството. Оваа мерка се исплаќа по првпат и беше владино ветување, со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија“, рече Атанасов.

Тој кажа дека зголемена субвенција добиваат сите фармери кои зеле субвенција за директни плаќања за грла говеда, за обележани грла на овци, за грла кози, за женски приплодни грла на маторици и за директни плаќања за презимени пчелини семејства.

Со зголемување на добиточниот фонд во државата, рече Атанасов, се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед, и е важен инпут во развојот на месната и млечната индустрија.

Тој кажа дека од јуни 2017 година досега се исплатени 346,3 милиони евра вкупно за субвенции.

Економија

Повеќе од 200 уапсени во светска операција против перење пари

Објавено пред

Полициите од околу триесет држави во координирана акција фатиле 228 лица и идентификувале илјадници заговорници како дел од масовна операција против перење пари.

Во операцијата од септември до ноември спроведени се повеќе од 1.000 криминалистички истраги, од кои голем дел и натаму се во тек, се вели во соопштение на „Европол“.

„Повеќе од 650 банки, 17 банкарски здруженија и други финансиски институции помогнале да се пријават 7.520 измамнички трансакции спроведени од заговорници. Со ова е спречена вкупна загуба од 12,9 милиони евра“, тврди „Европол“.

Покрај европската полициска канцеларија, операцијата ја поддржале и „Евроџаст“ (европскиот сојуз за судска соработка) и Европската банкарска федерација (FBE). Во нејзини рамки биле идентификувани 3.833 заговорници и 386 лица кои биле задолжени за книжење, од кои 228 се уапсени.

Заговорниците (познати и како „мулиња“) честопати и несакајќи учествуваат во перењето пари со примање и трансфер на пари од незаконски активности, објаснуваат од „Европол“.

Лицата што заработуваат пари од овие „мулиња“ се особено активни на социјалните мрежи каде ги убедуваат своите жртви да отворат банкарски сметки под изговор дека преку нив ќе испраќаат или примаат пари, соопшти „Европол“.

Операцијата била спроведена во 31 земја, вклучително и Германија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, САД и Австралија.

Прикажи повеќе...

Економија

Министерство за финансии: Со издавањето хартии од вредност се враќаат стари долгови и се финансира дефицитот

Објавено пред

Нето-повлекувањето на аукциите е намалено за околу 40%, ако се спореди просекот последниве две години со просекот од 2012 до 2016 година. Бројот на аукции на државни хартии од вредност е намален од 4 на 2 аукции месечно, реагира Министерството за финансии на изјавата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска, дека државата се задолжила за нови 24 милиони евра.

„Со издавањето на државните хартии од вредност се финансираат: прво, стари долгови по основ на претходни аукции кои доспеваат за наплата- денес на пример се вратени 9 милиони евра и второ – финансирање на дефицитот предвиден со буџетот за 2019 година, изгласан од Собранието. Согласно буџетот за 2019 година и одлука на Влада, за финансирање на буџетскиот дефицит од домашни изори, односно преку аукции ќе се повлечат 150 милиони евра. Нето-повлекувањето досега изнесува 134 милиони евра и е под тој планиран износ. За споредба во 2012 година нето-повлекувањето изнесувало 446,7 милиони евра. Истовремено, во однос на претходните години, неколкукратно се намалени каматните стапки на државните хартии од вредност, така што се стеснува долгот кој треба понатаму да се рефинансира“, се вели во реакцијата.

Како резултат на водење на прудентна политика на јавниот долг последниве две и пол години, додаваат од таму, јавниот долг е стабилизиран и е на ниво под 2016 година и за разлика од периодот од 2008 до 2016 година, кога јавниот долг скокна од 23% на 48,8%, сега тој изнесува 47,7%.

Прикажи повеќе...

Економија

Комора на сметководители: Брзите измени на Законите влеваат несигурност кај компаниите и граѓаните

Објавено пред

Честото менување на законската регулатива и ефектите од промените особено во даночните закони врз стопанството, најавата за нова глобална економска криза во 2020 г., како и актуелната состојба во сметководствената дејност, беа во фокус на прес-конференцијата на Комората на сметководители во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Претседателот на Комората на сметководители,  Драган Митковски, истакна дека брзите промени во даночната регулатива го зголемуваат ризикот во работењето и го оневозможуваат ефективното даночно планирање на компаниите. Тие се пречка за водење на бизнисот и предизвикуваат несигурност со што го забавуваат растот на економијата, создаваат незадоволство кај граѓаните и директно влијаат на зголемување на сивата економија.

„Законите во даночната сфера се менуваат многу често и најчесто по брза постапка и без консултации со стопанството. Како примери би ги посочиле Закон за данок на личен доход, кој беше донесен и покрај нашето предупредување за штетните ефекти од неговата имплементација, за по една година подоцна неговата примена да биде одложена. Дополнително, од јануари стапуваат на сила измените на Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, со кој придонесите растат за 0,5% со што нивниот кумулативен раст од лани е 1%. Имајќи предвид дека ефективната даночна стапка со вклучени придонеси и данок на личен доход е веќе 50% на основа на нето-платата која вработените ја земаат, сметаме дека со ова се става преголем товар на и така кревкото стопанство“, истакна Митковски и додаде дека брзото менување на законите води кон импровизирање, односно многу често се носи законско решение кое е неприменливо во пракса и за чија имплементација нема претходно изградена системска рамка. Не ретко новите закони се неприменливи, бидејќи доаѓа во судир по другата постоечка регулатива, што значи дека истите се носат без соодветна претходна анализа.

Благоја Грозданов, член на Управен одбор на Комората на сметководители, истакна дека предизвик за бизнис-заедницата е и тоа што брзото и постојано менување на законите е тешко за следење.

„Mалите и средни фирми кои очекуваме да бидат двигател на економијата немаат на располагање тим на советници кој постојано ќе ги информира и ќе им помага во примената на новата регулатива. Оваа активност најчесто е оставена на сметководителите. Проблем со законите кои се менуваат често е и тоа што не се прецизни, па отвораат можност за различно толкување и префрлање на надлежностите. Брзото и често менување на законите покажува и дека не постои стратегија за тоа што се сака да се постигне и како да се дојде до тоа, туку одлуки се носат на дневно-политичка основа. Така, иако некои законски измени, како онаа за зголемување на минималната плата, може навидум да изгледаат дека се добри за одредена категорија на граѓани, сепак на долг рок, како што и предупреди и  ММФ во последниот извештај, нема да ја намалат сиромаштијата, туку ќе ја зголемат сивата економија“, истакна Грозданов.

Комората на сметководители дополнително предупреди дека надлежните треба да ја имаат предвид новата глобална економска криза која се заканува во  САД, Европа, но и во нашето соседство. Актуелното забавување на светската и европска економија би можело да доведе до рецесија што ќе значи силен економски удар особено за нефлексибилните и ригидни економии.

„Прогнозите на светски познатите стручњаци се дека таа криза не би требало да биде со размер како онаа во 2008 година, но сепак креаторите на економската политика во земјава треба да ја имаат предвид и оваа опасност и да се размислува во насока на мерки кои ќе го стабилизираат и јакнат приватниот сектор. Владата треба да го зголеми штедењето и да го намали дефицитот на буџетот, непотребните јавни трошоци и задолжувањето во странство, а да донесе мерки за ублажување на ценовниот удар и со индиректни мерки да им помогне на компаниите што имаат намален извоз“, истакна Грозданов.

Комората на сметководители потенцира дека сметководството треба да се издигне на многу повисоко ниво и да се цени трудот на сметководителите кои законски одговараат на потребите и барањата на своите клиенти, а од друга страна, пак, одговараат и на потребите на институциите, поточно на општеството во целина.  Во овој период на годината кога почнуваат активностите за изготвување и поднесување на годишните финансиски извештаи Комората на сметководители апелира дека потребно е овозможување исклучиво право на потпис единствено на лице регистрирано како овластен сметководител, со што покрај одговорноста сметководителите ќе имаат и соодветни права кои произлегуваат од нивните квалификации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Деспотовски: За жал изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура8 минути

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 час

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 час

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 час

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет2 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт2 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа3 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет3 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет3 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион3 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија13 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија17 часа

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија17 часа

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија19 часа

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа20 часа

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Македонија21 час

Уставните судии не ја прифатија иницијативата на Чавков за амнестијата

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го...

Македонија21 час

(Видео) Вилма Русковска: Не очекував повисока казна

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески –...

Македонија23 часа

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и...

Досие