Контакт

Економија

(Видео) Битиќи во посета на Крушево: Инвестираме во авантуристички туризам

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, извршија увид на завршните активности поврзани со потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, кој се имплементира во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е ко-финансиран од Европската Унија и Владата, со техничка помош од канцеларијата на Светска Банка во нашата земја.

За време на посетата на Крушево, вицепремиерот и градоначалникот Христоски реализираа обиколка на реновираната спортска сала, вештачкиот карпест ѕид за искачување и на дел од обележените велосипедски патеки.

Христоски и директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак информираа и за останатите активности извршени во рамките на потпроектот како што се новите сувенирници на локацијата Гумење и за опремувањето и спроведената обука на спасувачката служба.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека оние посетители кои сакаат подобро да се запознаат со природата на Крушево, сега ќе можат да го истражуваат овој крај многу полесно, со новите обележани велосипедски и пешачки патеки, каде се поставени и информативни табли и знаци кои ќе им помогнат на посетителите полесно да се ориентираат во околината.

„Имаме навистина голем туристички потенцијал кој треба само да се поддржи. Крушево со својата историја и уникатност е навистина интересна дестинација, која сега благодарение на овој проект добива нови интересни содржини. Вкупниот буџет за потпроектот изнесува 45.939.080,00 денари, од кои 39.737.304,00 денари се обезбедени од Европската Унија и Владата, а 6.201.776,00 денари беа инвестирани од страна на Општина Крушево. Ова е еден од 57-те проекти низ целата држава, кои имаат за цел да го зголемат учеството на туризмот во локалниот економски развој”, изјави Битиќи.

За време на обиколката, во разговор со вицепремиерот, градоначалникот на Крушево укажа на тоа дека љубителите на адреналинот веќе го препознаваат Крушево како врвна дестинација за туризам, поради погодната клима и атрактивните предели кои отвораат многу можности за уникатни приказни и авантури.

Со новата инвестиција од Проектот за локална и регионална конкурентност, опциите за адреналински туризам дополнително се зголемуваат, а од Општината сметаат дека тоа ќе придонесе и кон привлекување на повеќе туристи во овој регион.

„Овој проект, кој општината го реализираше во соработка со Владата, преку проектната единица на Проектот за локална и регионална конкурентност, а со поддршка од Европската Унија, овозможи Крушево да добие мултифункционална спортска сала, која беше оставена на забот на времето, која ќе може да се користи за повеќе спортови и за повеќе намени, со комплетен систем на греење и ладење и други пропратни содржини. Во рамките на проектот поставени се и сувенирници на локацијата Гумење, каде општината изгради и пешачки патеки. Обележени се и велосипедски патеки со вкупна должина од 42 километри, кои ќе придонесат за дополнително привлекување на спортски екипи кои се занимаваат со планински велосипедизам“, подвлече градоначалникот Христоски.

Економија

Халк осигурување АД Скопје втора година по ред ја поддржува кампањата за подигнување на свесноста за ракот на дојка

Објавено пред

Уште во далечната 1985 година октомври е прогласен за месец на свесноста за ракот на дојката. Во текот на овој месец се организираат различни настани и мотивациски кампањи што помагаат во борбата.

Светските статистики покажаа дека секоја една од девет жени може да заболи од рак на дојка. Но, ако ракот на дојка се открие навреме, повеќето жени имаат поголеми шанси успешно да се излекуваат и кај повеќето од нив ракот нема да се повтори по лекувањето.

Моментално најдобрата опција за откривање на раната фаза на ракот, кој не може да се открие со допир, е мамографското снимање. Мамограмите се, всушност, рендгенски снимки со мала доза рендгенски зраци на женските дојки и се изведуваат кај жени што немаат симптоми на рак на дојка. Најчесто, овој тип прегледи се препорачуваат по 40-тата година и, секако, тука е прегледот што го препорачуваат лекарите со самонапипување на дојките, при што сугерираат обраќање кон надлежниот лекар ако се забележи каква било промена.

Во светски рамки, овој месец е поддржан од многу институции и компании во светот, што е од голема корист за оние што се борат, но и за сите други што на каков било начин треба да бидат информирани и запознаени со оваа состојба на женското тело.

Халк осигурување АД Скопје важи за компанија што се стреми за еднаквост на половите и втора година по ред ја поддржува кампањата со продуктот „Доброволно приватно здравствено осигурување на Халк осигурување АД Скопје“, а, меѓу другото, има покритие за целокупниот процес на лекување на ракот на дојка, и тоа од моментот на детекција и дијагностицирање, односно сите потребни дијагностички постапки, второ мислење до хируршка интервенција, како и радиотерапија и лекови.

За жал, бројките покажуваат дека освен кај повозрасната женска популација, оваа болест сè почесто се појавува и кај помладата женска популација и, реално, сè повеќе психички влијае врз нив. За таа цел, во своето покритие, „Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк осигурување АД Скопје“ има и покритие за психијатриски услуги во случај на дијагностицирано малигно заболување, кое на некој начин би им помогнало на нашите осигуреници полесно да ја прифатат новонастанатата ситуација во која се наоѓаат.

Овој начин на подигнување на свеста во општеството е поддржан во светски рамки, како и задолжителната ехо-проверка по 30-тата година. Здравјето е дел од културата, погрижете се секогаш да ви биде на прво место. Направете ја и вие вашата проверка!

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Од денеска АНХОЧ почнува со преднарачка на најновиот Huawei Nova 9!

Објавено пред

Во екот на фантастичните телефони од висока средна класа, Nova 9 не само што е во чекор со нив, туку е еден чекор и понапред.

Станува збор за најновиот телефон на Huawei кој ексклузивно може да го преднарачате во Анхоч, а како подарок ги добивате популарните Huawei FreeBuds 4.

Сите љубители на премиум и модерни смартфони може да направат преднарачка на овој убавец во сите продажни салони на АНХОЧ низ цела Македонија или онлајн на https://bit.ly/3aVQTva

Не пропуштајте! Преднарачките на Nova 9 со ГРАТИС Huawei FreeBuds 4 започнуваат ВЕДНАШ и траат до 31.10.2021!

Целата рецензија за Huawei Nova 9 може да ја прочитате ТУКА!

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Девет компании доставиле понуди за јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј

Објавено пред

На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој појасни дека овие економски оператори дале пет понуди за јаглен за РЕК Битола и 8 понуди за РЕК Осломеј.

„Во прва фаза утврдено е дека за Осломеј понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, а понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понуди.

За РЕК Битола понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК Битола и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет“, рече генералниот директор на АД ЕСМ.

На повикот пристигнале понуди за јаглен од три македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.

Ковачевски нагласи дека сега следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и потоа одлука за избор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Свет4 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион18 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија20 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ20 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија23 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија24 часа

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа1 ден

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ1 ден

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет1 ден

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет1 ден

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет2 дена

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија2 дена

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ2 дена

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија2 дена

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија2 дена

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Досие