Контакт

Економија

(Видео) Владата претстави петгодишен економски план – 12 милијарди евра инвестиции и 156.000 нови работни места

Објавено пред

Економски раст над 5 % годишно, инвестиции во јавниот и приватниот сектор од 12 милијарди евра, нови 156.000 работни места, а истовремено фискална консолидација, односно одржување стабилен јавен долг, се дел од очекуваните ефекти на Планот за забрзан економски раст за периодот 2022-2026 година што денеска го усвои Владата, а на прес-конференција го претставија премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.

dobivaj vesti na viber

Планот за забрзан економски раст го подготви Министерството за финансии во соработка со владините ресори, со амбициозна, но остварлива цел да се поддржи економското закрепнување и забрзаниот раст.

Планот се темели на нов пристап и нуди координирана поддршка за поттикнување на инвестициите на јавниот и приватниот сектор во повеќе приоритетни области, преку детално наведување на расположливите извори на финансирање и инструментите и механизмите за финансирање, со проценка на очекуваните ефекти.

„Клучна цел е креирање нови работни места и поттикнување на растот на економијата во нашата земја, со нови инвестиции, со 5 % раст на бруто-домашниот производ и со одржување на стабилен јавен долг“, рече премиерот Заев.

Осврнувајќи се на трите основни цели на планот, премиерот Заев истакна дека истиот нуди иновативен пристап до капитал за финансирање за забрзување на економскиот раст и кој покрај планираните јавни инвестиции од 4 милијарди евра ќе мобилизира дополнителни инвестиции од страна на приватниот сектор, кои се проценуваат на 8 милијарди евра.

Тој ја потенцира важноста на капиталните инвестиции за економскиот развој, напоменувајќи дека и во услови на пандемија тие не запреа.

„За таа цел“, рече тој, „во функција е КАПЕФ механизмот, со кој се наградуваат буџетските корисници кои имаат висок степен на извршување на капиталните расходи и дека проценките се дека тој може да генерира дополнителни 1,5 милијарди евра капитални расходи во периодот 2022-2026 година“.

Според премиерот, втората цел од Планот за забрзан економски раст веќе почнува да се реализира. БДП во првата половина од годината е 5,6 %, а во вториот квартал беше 13,1 % што е потврда дека економијата се враќа на патеките на раст.

„Неодамна и Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Северна Македонија во 2021 година, од 3,6 на 4,6 %, што ги надминува дури и нашите проценки за раст од 4,1 %. Активноста на приватниот сектор ќе се зголеми, преку воведувањето нови начини за пристап до капитал, инструменти, фондови и извори на финансирање со кои се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции токму од приватниот сектор. Со тоа се делува на зголемување на вкупните инвестиции, на забрзан растот на бруто-домашниот производ и ќе се забрза отворањето нови работни места.

Невработеноста сега е на ниво од 15,9 %, што е најниско ниво во поновата македонска историја. Согласно планот, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %“, рече премиерот Заев и додаде дека важно е да се напомене дека поволните макроекономски случувања ќе ги подобрат јавните финансии, што ќе доведе до фискална одржливост, со намалување на јавниот и јавно гарантираниот долг под 60% од БДП во 2026 година.

„Карактеристика на оваа Влада е домаќинско, отчетно, одговорно и транспарентно работење, а тоа се гледа и во стабилниот буџет како на централно така и на локално ниво. И во услови на пандемија, немаше застој во исплата на плати, пензии, приватниот сектор и најпогодените гранки беа финансиски поддржани, а паралелно ги креиравме и овие крупни долгорочни планови од кои бенефит ќе имаат сегашните и идните генерации“, потенцира премиерот.

Министерот за финансии Бесими истакна дека планот е продолжение на сите мерки што беа преземени за справување со кризата предизвикана од пандемијата од Ковид-19.

„Пандемијата која се појави минатата година предизвика длабока здравствена и социо-економска криза. Создаде потреба да реагираме брзо и навремено зa што дизајниравмe мерки за заштита на здравјето и шест пакети економски мерки во износ од над 1 милијарда евра. Сега пак со Планот за забрзан економски раст продолжуваме понатаму и ќе одговориме на потребите за поддршка на заздравувањето и на повторниот раст на економијата, истовремено обврзувајќи се да спроведеме фискална консолидација на среден рок, односно да го намалиме и буџетскиот дефицит и јавниот долг“, рече министерот Бесими.

Планот за забрзан економски раст е реализација на она што го најавивме во буџетот за 2021 година, односно Стратегијата за заздравување на економијата и забрзан раст или SmartER Growth, Политиките за буџетска консолидација од 2021 до 2025 година и Планот на јавни инвестиции 2021-2025 година.

„Планот е комбинација на традиционални и иновативни инструменти за финансирање. Предложени инструменти преку кои ќе се обезбедува финансирањето на проектите во планот се: механизмот за поголема ефикасност на капиталните расходи, развојната обврзница, проектните обврзници, зелените обврзници, обврзница индексирана на инфлација, јавно-приватните партнерства, управувањето со јавни средства, гарантната шема, Фондот за енергетска ефикасност, Фондот за локален и регионален развој, Фондот за истражување и развој, Фондот за поддршка на мали и средни претпријатија за нивен раст и развој, Стратешкиот зелен инвестициски фонд, Фондот за зголемување финансиски средства, Фондовите за ризичен капитал, и групното финансирање (краундфандинг)“, истакна министерот Бесими.

Планот за забрзан економски раст ќе поддржи инвестициски проекти во јавниот и приватниот сектор, кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, а ќе се концентрирани во повеќе приоритетни области: зелена економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, развој на физичката инфраструктура и човечкиот капитал, како и социјална кохезија.

Министерот истакна дека воспоставена е прецизно дефинирана институционална структура за управување со целиот процес заради негова успешна реализација.

Планот е донесен во интензивна комуникација со меѓународните финансиски институции и други развојни партнери, кои изразија подготвеност да обезбедат финансиска и техничка поддршка. Преку воспоставената СЕФФ платформа (Skopje Economic and Finance Forum, SEFF), после одржаната Прва годишна конференција на Министерството за финансии, планот веќе беше претставен и пред бизнис заедницата, банкарскиот сектор и другите засегнати страни.

Економија

Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2022/2023 година

Објавено пред

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2022/2023 година.

dobivaj vesti na viber

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

– за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година,
– за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година,
– за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и
– за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование по завршување на секој од мерните периоди утврдени со овој закон.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Објавено пред

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот со наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, кој се одржува во Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката посочи дека од историска перспектива во справувањето со оваа инфлациска епизода во светски рамки сведочиме за едно од најсинхронизираните затегнувања на монетарната политика во изминатиот половина век, при што реакцијата на централните банки беше двојно посилна во однос на историскиот просек. Ова е карактеристично и за земјите од регионот, кои реагираа преку разни инструменти во зависност од монетарната стратегија и инструментариумот што го имаат на располагање. Како резултат на реакциите на централните банки и при падот на цените на примарните производи вкупната инфлација значително забавува и од нејзиниот максимум од 14,3 % во 2022 година се сведува на 10 % според последните податоци од април годинава иако базичната инфлација покажува поизразена инерција. Овој тренд се бележи и во македонската економија.

Во однос на идните инфлациски движења во економиите во регионот, како мали и отворени, таа посочи дека тие ќе бидат условени од неколку битни фактори. Првиот е трајноста и големината на надворешните шокови, односно поместувањата на пазарите на примарните производи, врз кои не можеме да влијаеме. Понатаму, важен фактор ќе биде степенот на чувствителност на економиите во регионот на надворешните шокови, што зависи од структурните карактеристики и преземените структурни реформи за ублажување на ранливоста – нешто што не може да се промени за краток рок, но може на среден. На крајот, од исклучителна важност за натамошно одржливо намалување на стапката на инфлација ќе биде водењето претпазливи макроекономски политики и нивната добра координација. Со помош на истрајноста во процесот на фискална консолидација ќе се изгради фискалниот простор, но ќе се обезбеди и поддршка во битката со инфлацијата.

На панел-дискусијата на тема „Одржување на стабилноста на цените и банкарскиот систем во неизвесни времиња“, на која учествуваше гувернерката, се претставија и гувернерите на централната банка на Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и вицегувернерите на Албанија, Словенија и на Србија.

_______

Прикажи повеќе...

Економија

Во тек е етапната исплата на пензиите

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика известува дека етапната исплата на пензиите за мај е во тек.

dobivaj vesti na viber

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.5.2023 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.5.2023 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.5.2023 година (среда) и
За пензии со висина над 18.001 денар, исплата да се изврши на 1.6.2023 година (четврток).

Пензионерите што користат платежна картичка може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, информираат од МТСП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Судски совет му врати на Пендаровски по критиките: Тоа се нивни видувања

Критиките од претседателот Стево Пендаровски, за новоизбраниот претседател на Судски совет, Сашко Георгиев се само негови видувања. Според Георгиев, укажувањата...

Македонија2 часа

Ќе одговара ли и битолчанец за претепувањето на Пендиков, новопечениот Бугарин му открил детали на обвинителот

Новопечениот Бугарин Христијан Пендиков само што дошол во Охрид отишол во Обвинителството за да направи препознавање на второто лице, кое...

Македонија2 часа

(Видео) Излезе од затвор Алими, кој ги предаде клучевите од Собранието на крвавиот четврток, го пречека Зијадин Села

Поранешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, пред затворот во Идризово го пречека поранешниот обебзбедувач во Собранието Абдуљфета Алими,...

Свет3 часа

Зеленски ја претвора Украина во нов Авганистан, вели поранешниот украински премиер

Сè повеќе набљудувачи повлекуваат паралели помеѓу хаосот и уништувањето што го преплавија Авганистан за време на 20-годишната војна и окупација...

Македонија4 часа

Ковачевски – Лајчак: Северна Македонија е докажан фактор на стабилност во регионот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Братислава оствари средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Ковачевски...

Топ4 часа

Загинатиот во сообраќајната несреќа кај Штип има 62 години, двајцата повредени се во болница – МВР со детали за смртоносниот судир

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на експресниот пат Штип – Кочани, при што животот го загуби едно лице. Од МВР...

Македонија4 часа

(Видео) Трипуновски: Млад кромид и пиперки со пестициди пуштени во промет, граѓаните јадат небезбедна храна

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кој има присуство на пестициди, вели претседателот на Комисијата за земјоделство,...

Регион4 часа

(Видео) Москва: Белград има право да врати ограничен број полицајци и војници во Косово

Белград има право да врати ограничен број свои полицајци и војници во Косово, изјави денеска рускиот амбасадор во меѓународните организации...

Македонија5 часа

Битиќи: Зеленчукот поевтини 40 отсто во однос на замрзнатите цени, затоа ги одмрзнуваме

Од четврток зеленчукот нема да има замрзната цена. Мерката за замрзнување на цените донесена за да се спречат големи поскапувања...

Регион5 часа

Вучиќ се сретна со амбасадорите на квинтата: „Се надевам дека ќе успеете да го вразумите Курти да ги повлече своите сили“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со амбасадорите на земјите од квинтата – Соединетите Американски Држави, Велика Британија,...

Македонија7 часа

Пендиков се врати во Охрид, ќе сведочи

Секретарот на згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, утрово се појави во Охрид за да даде исказ пред...

Регион7 часа

НАТО го осуди непровоцираниот напад врз мировните трупи на Косово

НАТО остро го осуди непровоцираниот напад во кој беа повредени најмалку триесетина мировници – иако медиумите шпекулираат со бројка од...

Македонија7 часа

УКИМ денеска избира ректор

На 28 факултети и институти во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска ќе се спроведат избори за...

Свет8 часа

(Видео) Пукање на шеталиште на Флорида: девет лица повредени

Девет лица беа застрелани, меѓу кои и едногодишно дете, за време на судир меѓу две групи на Флорида, соопштија официјални...

Регион8 часа

Курти: Протестите во Косово се под директива на официјален Белград

Претседателот на владата на Косово, Албин Курти, оцени дека на северот од Косово не се одржани организирани мирни собири, туку...

Регион8 часа

На северот од Косово утрово мирно, во општините има зголемено присуството на КФОР

Утрово е мирно на северот од Косово. Во општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ во текот на ноќта немаше инциденти,...

Европа8 часа

(Видео) Гори Москва: напад на главниот град на Русија

Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, на комуникациската платформа „Телеграм“ изјави дека неколку дронови биле соборени додека се приближувале до...

Македонија23 часа

Камења паднале врз турист од Полска на Матка, пренесен е во болница

Денеска е повреден 45-годишен турист од Полска. Бил удрен од еден камен од одронот кај Матка, по што веднаш, со...

Македонија24 часа

(Видео) Не се плаши од Спасовски, но Пендаровски сега не размислува за втор претседателски мандат

Претседателот на државата Стево Пендаровски чиј мандат истекува следната година, во овој момент не размислува за втор мандат. Одговарајќи на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски ќе ги потпише законите за „Бехтел и Енка“, 60-часовна работна недела нема во указите што ги добил

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги потпише предложените измени на законите за олеснување на проектот за „Бехтел и Енка“, кои Собранието...