Контакт

Економија

(Видео) Владин економски тим на средба со германски инвеститори во Франкфурт

Објавено пред

Делегација на Владата предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари работен ручек со претставници на големи германски компании, бизнисмени и стопански комори. На работниот ручек во Франкфурт присуствуваа и министрите за финансии, за економија и за здравство, Драган Тевдовски, Крешник Бектеши и Венко Филипче, како и Александар Младеновски, директор на ДТИРЗ.

Министрите од Владата на компаниите им ги презентираа можностите што ги нуди Македонија за потенцијалните инвеститори од Германија, како и планот за економски раст – новата транспарентна програма, која силно ги поддржува компаниите што сакаат да инвестираат во земјата. Некои од компаниите веќе инвестираат во Македонија, а други, како што рекоа министрите, размислуваат и се пред одлука да почнат свој бизнис во земјата.

„Инвеститорите покажаа интерес за 3 сегменти: државната помош, која оваа Влада ја направи транспарентна и за која Собранието го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Во исто време ги интересираа и стабилноста на државата и владеењето на правото и како ќе најдат млади, паметни и интелигентни луѓе кои ќе работат во нивните компании“, истакна Анѓушев.

Министрите ги уверија компаниите дека во сите сегменти постигнуваме резултати и дека Македонија е посакувана земја за странските инвеститори. „Ги поканивме компаниите да дојдат и да вложуваат во Македонија. Им ги претставивме нашите можности за инвестирање и многу сме задоволни од средбите со нив. Вакви работни посети планираме и во други држави“, потенцира министерот за економија, Крешник Бектеши.

Потенцирајќи дека посетата на економските министри овде во Франкфурт е поради големиот интерес на германските компании својот капитал да го насочат кон Македонија, министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека тоа е така бидејќи Република Македонија се движи во вистинска позитивна насока и има одлична фискална позиција. „Разговаравме на разни теми, од макроекономската стабилност, фискалната позиција и можности за водење бизнис, транспарентноста што ја правиме и што е препознаена од ЕУ, ММФ и Светската банка. Инвеститорите особено се интересираа за понудата на работна сила што ја има во Македонија. Истакнавме дека има можност компаниите да влезат во нашата земја, што ќе придонесе, од една страна, за развој на економијата и ќе се обезбеди пристојни плати“, додаде министерот за финансии, Тевдовски.

Економските министри на компаниите од Германија исто така им укажаа дека Македонија со чекорите што ги презема се етаблира како стабилна земја, отворена кон соседите и кон светот, земја што се гледа во ЕУ и НАТО. Во текот на денешниот ден министрите остварија и кратка средба со претставници на Дојче банк.

Во моментот околу 200 компании со германски капитал работат во Македонија и во нив има над 20 илјади вработени. Во периодот од јануари до март оваа година извозот од Македонија во Германија изнесува 643,2 милиони евра и претставува зголемување од 16 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Економија

Сопствениците на оранжерии се стекнаа со имотен лист за земјиштето

Објавено пред

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно објекти во стопанскиот двор врз основа на јавниот повик од 22.11.2018 година.

Со реализацијата на овој јавен повик сопствениците на оранжерии се стекнаа со можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост.

Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.

„Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството“, велат од Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

Берлин воведе забрана за зголемување на кириите

Објавено пред

Берлинските власти одлучија дека кириите за станови не смеат да се зголемат во наредните пет години со цел да го контролираат вртоглавиот пораст на цените на недвижностите во германската метропола.

Во последниве години е забележано зголемување на цените на становите и на кириите во сите германски градови, а особено во Берлин каде што годишно се доселуваат околу 50.000 нови жители. Во популарните населби како Кројцберг, месечна кирија за стан од 100 квадратни метри, без режиски трошоци, изнесува околу 1.300 евра.

Берлин, управуван од коалицијата на Социјалдемократите, Зелените и Левицата, е прв град кој ќе воведе ограничувања на станарината.

„Постигнат е договор за замрзнување на кириите во рок од пет години“, рече сенаторката за градежништво во Берлин, Катрин Ломпшер.

Ограничувањето ќе се применува ретроактивно од 18 јуни, мерка која е јасно насочена кон спречување на наемниците да ги зголемат цените пред одлуката да стане закон, што најверојатно ќе се случи на почетокот од следната година.

Новото правило се однесува на околу 1,6 милиони станови на слободниот пазар, со исклучок на новите згради и станови субвенционирани од градот.

Новите станари нема да плаќаат повисока кирија од претходните, а сопствениците на станови кои нема да ја почитуваат мерката ќе се соочат со парична казна во висина од половина милион евра.

Сопствениците на станови најавија правни чекори против одлуката на властите во Берлин. Компанијата Deutsche Wohnen, која поседува повеќе од 110.000 станови само во Берлин, смета дека новото правило нема да го подобри пазарот за недвижнини во главниот град.

Прикажи повеќе...

Економија

Анѓушев: Потенцијалот за соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е голем

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска, заедно со премиерот Зоран Заев, учествуваат на инвестициски форум во организација на „Фајненшал Тајмс“ и Европската банка за обнова и развој, кој се одржува во Лондон.

Вицепремиерот на интерактивна сесија презентирал дека потенцијалот за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство е голем, а компаниите од двете земји имаат многу можности да ја зголемат меѓусебната соработка.

„Доколку сакате да бидете инвеститор во Северна Македонија, имате модел кој споредбено со регионот, нуди најмногу поддршка. Ако сакате да најдете производи и да соработувате со компании од Северна Македонија, може да најдете многу квалитетни компании и често ова знам да го кажам, компании со европски квалитет, а ниски цени. Сметам дека ова е важно да се напомене. Токму поради тоа сметам дека минатата година го зголемивме нашиот извоз за 15% годишно“, рекол вицепремиерот, сопштија од Владата.

Анѓушев се осврнал и на реформите во енергетскиот сектор, како и можностите кои се отвораат со донесување на новиот Закон за енергетика, усогласен со европските регулативи и директиви.

„Минатата година, во мај, усвоивме нов Закон за енергетика со кој ги отворивме вратите за обновливи извори на енергија, отворивме простор за фотоволтаици до 300 МW што за нашата мала држава и систем е навистина голема бројка. Исто така, зборуваме за ветерници, електрани на био-гаси био-маса и затоа сите инвеститори се добредојдени да ги истражат овие можности. Што се однесува до фотоволтаиците, нудиме модели со Премија, за ветерници и био-гас нудиме фидин тарифи. Тоа значи дека нудиме голема поддршка и сакаме да постигнеме највисоки нивоа на инсталиран енергетски капацитет во обновливи извори. Се надевам дека, бидејќи во моментов немаме повеќе од 150 MW инсталиран капацитет, ќе успееме да ја зголемиме оваа цифра за трипати во следниве пет години. Затоа, сметам дека ова е вистинско време да се дојде во Северна Македонија, да се истражат можностите за бизнис, без разлика во која насока, дали како инвеститор или како купувач на производи, но и да се разгледаат можностите за инвестирање во енергетскиот сектор“, рекол вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија13 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет13 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ15 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија16 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа17 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија19 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија20 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет20 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион20 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија22 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт23 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет23 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет23 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија24 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 ден

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток2 дена

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија2 дена

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Досие