Контакт

Економија

(Видео) Георгиевска: Буџетот е за економско заздравување и раст

Објавено пред

Во собраниска процедура влегува граѓанскиот буџет за наредната 2022 година. Со одговорно финансирање 2022 година очекуваме да биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции, изјави пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

„Фокусиран на интересот на народот, буџетот за 2022 има четири основни цели: Зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции.

Очекуваме конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе буџетот. Покрај буџетот пред нас, пратениците претстои многу работа, особено во донесувањето на законите кои со месеци па и години се блокирани од страна на опозицијата“, истакна таа.

Според неа, демократскиот блок, преку зголемено, стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ во периодот пред што следи, треба да ги донесе законите кои се во интерес на граѓаните и државата.

„Минимална плата од 18.000 денари, недела неработен ден, отпис на каматите за долгови, Законот за служба во Армијата, како и законските измени кои обезбедуваат трајно вработување на 4.700 наставници во основните и средни училишта, се дел од законите кои опозицијата ги кочи а кои се важни за граѓаните.

Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните, носење на овие закони, но и на други измени и дополнувања на законите кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата“, нагласи Георгиевска.

Таа особено ги посочи предизвиците пред како енергетска криза, пандемијата, продолжување на евро-атланскиот пат на државата.

„Тоа е одговорност на секој пратеник кој добил доверба од граѓаните“, рече Георгиевска.

Економија

Бесими: Дополнителна поддршка за земјоделците преку нов фонд и повеќе средства за зелен развој

Објавено пред

Нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците ќе се формира во 2022 година. Средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедија преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот за 2022 година за кој расправата е во тек во собраниската матична Комисија.

„Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека земјоделството е важен сектор во нашето стопанство и дека има потреба да се интервенира кога на пазарот има пореметување, особено кога цените се на ниво кога земјоделците не можат да ги покријат трошоците“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во рамки на амандманската расправа која почна во собраниската матична Комисија.

Тој потенцира дека со формирањето на Интервентниот фонд во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој во 2022 година ќе се поддржи стандардот на земјоделците.

Ова ќе биде дополнителен инструмент на веќе постоечките субвенции во земјоделството кои инаку во 2020 година и 2021 година беа на највисоко ниво досега. Притоа во 2020 година во услови на пандемија беа исплатен 8,8 миллијарди денари, додека во 2021 година со ребалансот се доделени 8,5 милијарди денари.

Во рамки на расправата министерот истакна дека тренд на зголемување има и кај средствата за зелен развој.

„Во 2021 година првпат во Буџетот воведовме програма за зелен развој која беше планирана на ниво од 685 милиони денари, а во 2022 година средствата се проектирани на 3,6 милијарди денари. Генерално има тренд на зголемување на средства за зелен развој и заштита на животната средина. Така во 2018 година средствата беа на ниво од 980 милиони денари, во 2019 – 1,1 милијарда денари, 2020 – 1,5 милијарди денари, 2021 – 2 милијарди денари и за наредната година во 2022 година се проектирани на 3,6 милијарди денари. Дополнително само за заерозагадување преку нова програа се предвидени 1,7 милијарда денари“.

Министерот упати на тоа дека се обезбедени и средства преку Светската банка за енергетска ефикасност на јавни објекти. Со предвидените 25 милиони евра ќе се подобрува енергетската ефикасност на јавни објекти, меѓу кои и здравствени установи, а проектот опфаќа и замена на начинот на греење на објектите, со цел тие да станат еколошки.

Проектот ќе почне да се реализира од 2022 година, а во тек е поднесување апликации за проекти од општините.

Расправата по поднесените амандмани, која почна вчера, согласно Деловникот трае пет дена. На Предлог-буџетот се поднесени вкупно 223 амандмана.

Прикажи повеќе...

Економија

Соларен парк е првата француска стратешка инвестиција во земјава

Објавено пред

Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW).

Од Владата информираат дека станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија.

Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната 2022 година на локацијата која беше предвидена за карго аеродромот во Штип. Поради движењата на ветровите оваа локација не е погодна за изградба на аеродром, но согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето како и оддалеченоста од преносната мрежа, оваа местоположба има одлични услови за изградба на фотонапонска електрана.

За успешна реализација на инвестицијата, Владата донесе Одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје.

„Овој стратешки проект ќе го реализира водечката француска компанија за производство на електрична енергија исклучиво од обновливи извори „Акуо Енерџи“ (Akuo Energy) од Франција. Проценетата инвестиција се очекува да биде околу 270 милиони евра, за која во фаза на подготовка е посебен закон за реализација на оваа инвестиција, кој се очекува да се донесе во првиот квартал на наредната година. Согласно планот, првите количини на електрична енергија ќе протечат во текот на 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производство на електрична енергија е проценето на околу 650 (GWh) гигават часови на годишно ниво, што преставува 16 проценти од годишното производство на електрична енергија од АД „ЕСМ“. Оваа фотонапонска централа ќе ги задоволува потребите на околу 116 илјади домаќинства“, велат од Владата.

„Акуо Енерџи“ основана е во 2007 година и е водечка компанија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија во Франција. Располагаат со портфолио од над 1100 MW на електрани од обновливи извори, главно фотонапонски електрани низ целиот свет. Во моментов, во фаза на проектирање, развој и изградба имаат над 2400 MW во САД, Уругвај, Индонезија, Полска, Португалија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Австралија и во неколку земји во Африка. Во моментот развиваат проекти од над 5 GW од кои 1 GW во соседна Грција.

Прикажи повеќе...

Економија

Центар за стручно образование и обука за зелени иновации ќе се отвори во Скопје до крајот на годината

Објавено пред

До крајот на годината, во рамките на проектот GREENOVET, ќе биде отворен регионален Центар за стручно образование и обука за зелени иновации што ќе биде единствен од ваков вид во регионот, а кој се формира со тесна соработка меѓу бизнис секторот, истражувачите од универзитетските институции и центри, како и стручните училиштата. Паралелно со центарот во Скопје се отвораат и центри во регионите: Штаерска – Австрија, Васа – Финска и во Лерија – Португалија.

Партнерите во проектот ја одржаa втората работилница на која се дискутираше за стратегијата за идниот регионален центар за стручно образование и обука. Проектот Greenovet – European VET Excellence Platform for Green Innovation во чии рамки се формираат овие центри, обединува партнери од четири држави во областа на стручното образование и обука на различни нивоа, локалните претпријатија, секторските здруженија, локалните власти, невладиниот сектор. Проектот ќе го поттикне развојот на стручното образование и обука во областа на зелените иновации низ Европа, со што ќе придонесе за развој на иновативна, инклузивна и одржлива економија.

Во нашата земја носители на проектот се Машински факултет при Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Сојуз на стопански комори, АСУЦ „Боро Петрушевски, Раде Кончар ТЕП и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

„Четирите центри ќе бидат формирани во исто време до крајот на оваа година. Иако овие центри имаат иста цел сепак ќе се имаат посебни стратегии за функционирање бидејќи секоја држава има свои специфики. Но, во секој случај предност на оваа соработка е тоа што имаме интересни и добри искуства кои може да ги размениме со партнерите од другите држави.“, истакна доц. д-р Трајче Велковски од Машинскиот факултет.

Во истражувањето кое беше направено на почетокот на 2021 година во рамките на проектот се детектираат компетенции кои се потребни за развој на зелените иновации. Во групата на најрелеватни вештини кои треба да се развиваат за развој на зелени иновации се дигитални вештини, претприемачки вештини и циркуларна економија, заштита на околината, етичко однесување, превземање на иницијативи, критичко размислување, економска писменост.

Со стратегијата за центрите ќе треба да се воспостави систем за надминување на најголемиот предизвик кој сега постои, а тоа е воспоставување на линк меѓу индустријата и образовните институции.

Недостигот на стручен и квалификуван кадар е голем предизвик со кој се соочува бизнис секторот, не само кај нас туку и пошироко во Европа, бидејќи стручните училишта не се доволно атрактивни за привлекување на поголем број на ученици, и бараат поддршка во следењето на брзорастечките потреби на бизнисите кои динамично се менуваат и прошируваат. Потресот кој го наметна здравствено-економската криза предизвикана од појава и ширење на вирусот Ковид-19 наметна уште поголема потреба за брза адаптација, согласно нови потреби и барања на индустриски и пазарни трендови, а потребата од заштита на животната средина се наметнува како неопходен сегмент кој ќе овозможи раст, развој и одржливост.

Регионалниот Центар за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации ќе нуди различни услуги за различни целни групи од регионот, како: високообразовни институции, понудувачи на стручно образование и обука, индустрии/компании, јавни власти, студенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 часа

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија3 часа

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија3 часа

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет5 часа

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија22 часа

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија23 часа

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија1 ден

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија1 ден

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија1 ден

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија1 ден

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет1 ден

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет1 ден

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија1 ден

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија2 дена

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион2 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија2 дена

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ2 дена

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Популарно2 дена

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето на плејофот за Светското првенство во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешната ждрепка во Цирих...

Досие