Економија
(Видео) Георгиевски: Започнуваме сеопфатна акција во земјоделството
Владата предводена од СДСМ го донесе Националниот план за производство на храна, а институциоте работат посветено на неговото спроведување. Со буџет од 500.000.000 денари, започнуваме една огромна, сеопфатна акција за зеемјоделскиот сектор, со поддршка каква што немало досега, јавна, транспарентна и поддршка која е наменета за сите, изјави на денешната прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Тој додаде дека за прв пат во историјата на политиките за рурален развој, во еден ден објавени се пет јавни повици за финансиска поддршка со различна намена, но со една цел, а тоа е да постигнеме модерно, одржливо и исплатливо домашно производство на храна.
Предвидениот буџет за сите овие мерки изнесува 500.000.000 денари.
Георгиевски истакна дека СДСМ е партија која се борела и ќе се бори за родова еднаквост и за ваше економско зајакнување. Еден од начините за таа заложба беше и мерката 115 од Програмата за рурален развој, специјално наменета за жени носителки на земјоделски стопанства, која е единствена од таков тип во регионот.
Јавниот повик за финансиска поддршка за жените од руралнкте средини е отворен и ги повикуваме сите жени, активни во земјоделството, да ја искористат оваа можност и да набават опрема, со која ќе ја остварат својата идеја за да ги пласираат на пазарот специјалитетите од разни преработки, пчеларски производи, сирења и други млечни производи, како што тоа го сторија 250 жени претходно.
Висината на грантовите по корисничка е 360.000 денари, што значи двојно зголемување на поддршката од порано.
Тој ги повикува сите земјоделци, да се придружат во оваа борба за домашно производство на храна, бидејќи тоа е патриотизам и одговорност кон државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народната банка ‒ домаќин на работилница за зајакнување на капацитетите на ЕСГ, основа на одржливото работење и општествената одговорност
Централната банка беше домаќин на работилница за унапредување на капацитетите поврзани со еколошките, социјалните и управувачките остварувања (ЕСГ). Настанот којшто беше организиран под покровителство на „Инвестицискиот фонд за зелен раст“, во соработка со експерти од „Ернст и Јанг“, имаше за цел да ги зајакне капацитетите на централната банка со знаење и алатки за одржливи практики, во согласност со меѓународните стандарди и регулативи.
На работилницата беа разработени теми поврзани со Политиките за одржливост на централните банки, како и одредени оперативни аспекти поврзани со управувањето со емисиите на стакленички гасови. Во рамките на овие теми беше разгледана Предлог-политиката за одржливост на Народната банка, вклучувајќи ги и активностите за оперативна ефикасност, клучните показатели за успешноста (КПИ), како и целите за одржливост со акцент на транспарентноста. Исто така, беа обработени и стандардите и методологиите за пресметка на емисиите на стакленичките гасови, стратегиите за декарбонизација и техниките за поставување цели.
„Преку оваа работилница, Народната банка цели кон зајакнување на принципите на одржливост, коишто ги опфаќаат еколошкиот интегритет, социјалната еднаквост и економскиот напредок, осигурувајќи се дека одржливите практики се спроведуваат и стратегиски, и оперативно. Со носењето на Среднорочниот план на активностите на Народната банка во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 – 2025 година се дефинираа активностите на Народната банка за активно управување со ризиците од климатските промени и институционално профилирање како одржлива и општествено одговорна институција, додека една од активностите предвидени за спроведување на Среднорочниот план е изработката на Политиката за одржливост на Народната банка заради преземање активности за одржливо работење и градење на капацитетите на вработените во Народната банка во однос на овие прашања“, информираа од НБРМ.
„Инвестицискиот фонд за зелен раст“ е влијателен инвестициски фонд којшто ги ублажува климатските промени и промовира одржлив економски раст, пред сè преку инвестирање во мерки со коишто се намалуваат потрошувачката на енергија, употребата на ресурси и емисиите на CO2. Фондот го насочува ова наменето финансирање кон деловните претпријатија и домаќинствата преку локални финансиски институции и преку директни инвестиции кон подобни проекти и компании. Наменскиот фонд за техничка помош обезбедува знаења и техничка експертиза за да се осигура дека овие инвестиции се успешно спроведени и со високи меѓународни стандарди. Фондот работи на 19 пазари низ Југоисточна Европа, вклучувајќи ги и Турција, Европскиот источен соседски регион и Блискиот Исток и Северна Африка.
Економија
Економскиот факултет домаќин на две значајни меѓународни конференции
Во периодот 13 до 15 ноември, Економски факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде домаќин на две значајни меѓународни конференции.
На 13-ти и 14-ти ноември ќе се одржи 5-та меѓународна научна конференција на катедрите за економска теорија и општа економија (MIKET 2024) под наслов „LESSONS FROM CONTEMPORARY ECONOMIC CRISES FOR ECONOMIC THEORY AND POLICY“. Конференцијата ќе собере реномирани експерти и научници од регионот, кои ќе дискутираат за предизвиците и научените лекции од тековните глобални економски кризи.
На 14-ти и 15-ти ноември, ќе се одржи и 5-та меѓународна научна конференција „ECONOMIC AND BUSINESS TRENDS SHAPING THE FUTURE“ (EBTSF-24). Оваа конференција ќе биде посветена на актуелните економски и бизнис трендови и ќе понуди платформа за размена на знаења меѓу истражувачи, како и професионалци од економската и деловната сфера.
Двете конференции претставуваат извонредна можност за зајакнување на научната и деловната соработка во регионот и пошироко.
Повеќе за конференциите може да се информирате на:
Економија
Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП) – десет години успешна соработка во Македонија
Иновации во тутунската индустрија, производството на брендови на ФМИ за потребите на над девет странски пазари, финансиска консолидација на ТКП, зголемена ефективност и продуктивност се само дел од придобивките од 10 годишното партнерство помеѓу ФМИ и ТКП. Ова партнерство донесе голем број придобивки за локалната заедница и за Македонија, поставувајќи ја земјата на мапата на инвестиции на гигантот во тутунската индустрија. Брендовите кои се произведуваат во ТКП се извезуваат на девет пазари, меѓу кои и земји од ЕУ а во подготовка е уште еден.
„Десетгодишното партнерство меѓу ФМИ и ТКП е пример за позитивното влијание што силните меѓународни соработки можат да го имаат врз економијата и заедницата”, изјави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски додавајќи дека “заедничките напори не само што ги унапредија нашите индустриски капацитети, туку создадоа и нови можности за тутунскиот комбинат кој успеа од загубар да стане профитабилна компанија“.
Соработката на компаниите резултира со позитивни резултати врз економијата, воедно овозможувајќи имплементација на напредни производствени процеси и инвестиции во најсовремена опрема.
„Навистина сме задоволни од постигнатото со ТКП во изминатата деценија. Заедно направивме голема промена во работата на ТКП и поставивме нови стандарди во индустријата во Македонија. Покажавме дека во Македонија имаме вистински партнер и дека оваа соработка ќе се продлабочува. Нашето партнерство е изградено врз меѓусебна почит, споделени вредности и заедничка визија за иновации и напредок”, изјави Иван Костиќ генерален директор на ФМТКП.
За ТКП ова партнерство донесе стабилност на Комбинатот и влијае позитивно на локалната заедница.
„Одбележувањето на десет години соработка со ФМИ е значаен јубилеј за нас,” изјави Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски при посетата на Тутунскиот Комбинат Прилеп. „Ова партнерство ни овозможи да ги подобриме нашите производствени капацитети, да усвоиме најсовремени технологии и да ги подигнеме нашите оперативни стандарди. Благодарни сме за поддршката и со нетрпение очекуваме многу повеќе години заеднички успех.”
„Среќни сме на оваа соработка и се надеваме дека ќе се продлабочи и во следните години и ќе донесе до уште поголеми резултати, за унапредување на работата на комбинатот но и за локалната заедница“, истакна Александар Алексовски, генерален извршен директор на Тутунски комбинат Прилеп.
ПР