Контакт

Економија

(Видео) Грантови за 65 компании за кофинансирање на нивните проекти

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, на 65 домашни компании им доделија грантови за кофинансирање проекти од вториот инвестициски бран, во рамки на првиот повик од столб 3 од Планот за економски раст.

Посочувајќи дека досега повеќе од 130 компании од Македонија добија грантови за кофинансирање на нивните проекти, премиерот Заев истакна дека тоа е доказ дека Планот за економски раст во изминатата година не само што ја постигна туку и ја надмина зацртаната цел. Премиерот Заев додаде и дека вкупниот износ на нови инвестиции во економијата само со втората група компании за финансирање е 824,828,614,00 денари, и дека со инструментот за поддршка – инструмент за подобрување на иновативноста, вкупно се ангажирани 323 лица, од кои 85 се ново вработени.

„Поддршката за отворање центри за технолошки развој и иновации, којашто за првпат е воведена во Македонија, освен што во голема мера го поттикна технолошкиот развој, ја разбуди и креативноста на компаниите. Истовремено, македонските компании станаа поконкурентни на пазарите во регионот. Планот за економски раст создава економија со здрави и цврсти темели, а придобивките ги чувствуваат граѓаните, стопанството, како и целата земја. И затоа продолжуваме со засилено темпо“, потенцираше премиерот Заев.

Во своето обраќање пред присутните премиерот Заев истакна дека проектираната фискална политика за следната година ќе обезбеди раст на македонската економија, социјална сигурност, а ќе го забрза и нашето пристапување во НАТО и интеграцијата кон Европската Унија.

„И натаму остануваме на нашата определба за раст на поддршката за домашните и странските инвестиции, со буџет повисок за 37% во однос на ребалансот за 2018 година. Предвидуваме 37 отсто повеќе пари за: зголемување на конкурентноста на приватниот сектор – преку мерки за нови инвестициски вложувања, мерки за поддршка на извозот и освојување нови пазари, за поддршка за создавање нови вработувања, за поддршка на малите и средните претпријатија, за странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони и секако за субвенции за иновативната дејност, технолошки развој и истражување“, заклучи премиерот Заев.

Анѓушев нагласи дека продолжува да се остварува визијата на Владата, иновативноста и технолошкиот развој да бидат основа за раст на индустриското производство, продуктивноста и конкурентноста на македонската економија.

„Единствениот начин една економија да биде поконкурентна е компаниите да имаат пристап до современи технологии, да добијат знаења и вештини, тие технологии да ги користат и да поседуваат добри организациски способности. Во првите два сегмента Владата посветено помага на македонските компании и преку мерките од трите столба на Планот за економски раст оваа година обезбедивме финансиски средства за рекордна поддршка на околу 250 компании. Технолошкиот развој е иднината на нашата држава, за индустриски раст и повисоки стапки на БДП. Поттикнуваме зголемена продуктивност и конкурентност на македонските компании, со кои ќе се поттикне раст на извозот, на стапки од над 60% во учество на БДП, а со тоа ќе поттикнеме и побрз и одржлив економски раст“, нагласи Анѓушев.
Вицепремиерот додаде дека во наредните денови во целост ќе бидат исплатени средствата за поддршка на компаниите преку првиот и вториот столб од Планот за економски раст, коишто реализирале инвестиции во 2017 година и коишто поднеле барање за исплата на финансиска поддршка.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, од своја страна посочи дека досегашните резултати покажуваат придвижување на домашната економија, но и дека компаниите се подготвени да вложат и свои средства во иновации и технолошки развој. Како што рече Деспотовски, само во вториот бран компаниите во просек вложиле речиси иста сума сопствени средства како и државата.

„Со третиот столб од планот за економски раст во 2018 година поттикнавме инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 2 милијарди денари. Она што особено радува е фактот што во овие проекти ќе бидат ангажирани над 800 лица со просечна плата од 40 000 денари. Поддршката за сите домашни компании ќе ја продолжиме и во 2019 година“, истакна Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

СДСМ: Мицкоски за две години ја задолжи Македонија со 2,3 милијарди евра

Објавено пред

Од

ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски за само две години ја задолжија Македонија со 2,3 милијарди евра. Вкупниот државен долг веќе достигна 11 милијарди евра, а сега сакаат нови кредити за нови тендери плус уште 260 милиони евра кои ќе ги враќаат нашите деца, велат од СДСМ.

„Овие пари не се за развој на државата – тие се за нови тендери на организираната криминална група. Не даваме нови задолжувања. Нема да ни ги претворите децата и внуците во должнички робови. Доста е повеќе со ограбуањето на народот. Обвинителството не реагира на аферите со криминални тендери, 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 93 тендери за Матсеф, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека ќе се борат со сите демократски средства да го запреме овој неконтролиран грабеж на граѓаните на Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕУ воведува нови правила за Airbnb и Booking

Објавено пред

Од

Европската Унија од денес воведува нови правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, во обид да воведе поголем ред и транспарентност во сектор кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во бројни туристички дестинации.

Ова е Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која Европскиот парламент и Советот ја усвоија по месеци преговори за правилата за платформи како Airbnb и Booking, и која се применува од денес, 20 мај, во сите земји-членки.

Регулативата воведува обврска за воспоставување единствени системи за дигитална регистрација за домаќините и обврска за платформите редовно да доставуваат податоци за активностите на домаќините до надлежните органи, вклучувајќи го бројот на ноќевања, гостите и регистрациските броеви на сместувачките единици.

Европската комисија ја предложи регулативата во 2022 година како дел од својата стратегија за мали и средни претпријатија и дигиталниот пазар, во време кога многу европски дестинации, особено големи градови како Париз и Барселона, предупредуваа за растечкиот притисок од краткорочните изнајмувања врз достапноста на домувањето и локалните заедници. Во образложението на регулативата се наведува дека еден од клучните проблеми е недостатокот на сигурни и стандардизирани информации за идентитетот на сопственикот на станот, локацијата на сместувањето и времетраењето на изнајмувањето, што го отежнува обликувањето на јавните политики и следењето на пазарот.

Според правилата, кои важат низ цела ЕУ од денес, земјите-членки кои сакаат да пристапат до податоците на платформата мора да воспостават единствена дигитална точка за пристап, додека платформите ќе мора да вршат проверки на регистарскиот број и да ги отстрануваат огласите што не ги исполнуваат пропишаните услови. Податоците ќе им се доставуваат на надлежните органи автоматски, главно на месечна основа.

Холандската пратеничка од редовите на зелените, Ким Ван Спарентак, за време на преговорите се залагаше за поголеми овластувања за националните власти во случаи на неточни или сомнителни податоци, вклучително и можноста за суспендирање на регистарските броеви, како и за побрза примена на регулативата од првично предложената. Европскиот парламент го усвои конечниот текст во февруари 2024 година со 493 гласови „за“, 14 „против“ и 33 „воздржани“.

Прикажи повеќе...

Економија

„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка

Објавено пред

Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот.

Музејското патување низ монетарното минато на нашата земја беше насловено „Без граници, без препреки“, во духот на овогодишната тема на Меѓународниот комитет на музеите „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.

Кустосите од Музејот на Народната банка одржаа настан за учење и паметење за 80 македонски деца што се ученици во Австрија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Данска, Канада и во земјава, коишто можеа интерактивно да се дружат и да дознаат необични факти за нумизматичкото културно наследство на нашата земја.

Возбудливото враќање во минатото заврши со кратко откривање на некои од тајните на изгледот на денешните македонски пари, а потоа и со прогласување на победниците од интерактивниот квиз, известуваат од Народната банка.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт16 минути

Англичаните можат да имаат шест клуба во Лигата на шампионите

Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во...

Забава24 минути

Девет мали навики кои ќе ви помогнат полесно да ослабете

Кога станува збор за губење на тежината – процесот генерално мора да биде одржлив за да биде успешен. Се наоѓаме...

Македонија40 минути

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски...

Забава44 минути

(Фото) Тамара Калиниќ носеше чанта вредна повеќе од 100.000 евра во Кан

Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ избра внимателно стилизирани парчиња за својот престој во Кан, а едно особено ѝ го привлече вниманието....

Македонија53 минути

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме....

Спорт58 минути

Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот...

Македонија1 час

„Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со...

Спорт1 час

Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи. Емери со...

Забава1 час

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен” — точно на неговата прва...