Контакт

Економија

(Видео) Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави повисоки плати и пензии

Објавено пред

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас најави повисоки плати и пензии, како и намалување на даноците во наредните месеци и години, додека земјата се бори да спроведе реформи и зад себе да го остави осумгодишниот период за решавање на последиците од должничката криза.

„Ние сме решени да исполниме договор со кредитори”, рече Ципрас, на отворањето на Меѓунродниот саемот кој беше во сенка на протестите на илјадници Грци кои излегоа на улиците на Солун во знак на протест против владините мерки за штедење и високата стапка на невработеност.

Според Ципрас грчкиот бруто-домашен производ (БДП) треба да се зголеми за 2,5 отсто оваа година, а невработеноста, посочи тој од 27,5 отсто пред четири години, паднала на 19,1 проценти. Ципрас најави и дека невработеноста ќе падне за дополнителни 10% во наредните пет години.

Ципрас на саемот беше домаќин на американскиот министер за трговија Вилбур Рос, како и голем број на странски бизнисмени. Рос во своето обраќање на саемот рече дека американските компании се подготвени да инвестираат во Грција. И грчките медиумите, исто така известуваат дека американските компании веќе покажале интерес за превземање на две грчки бродоградилишта.

Грција, на 20 август успешно го заврши третиот и последен круг од програмата за финансиски спас на земјата, и со тоа се стави крај на осугодишниот период во кој со помош на меѓународните кредитори се реваше должничката криза и земјата се задржа во еврозоната.

Економија

До 2030 година гасот ќе биде втор најголем извор на енергија

Објавено пред

Се очекува дека до 2030 година природниот гас ќе го замени јагленот и ќе стане втор најголем светски извор на енергија по нафтата поради глобалните напори да се намали загадувањето на воздухот и да се зголеми употребата на течен природен гас, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), a пренесува агенцијата „Танјуг“.

ИЕА, со седиште во Париз, во извештајот „Перспективи за светската енергетика 2018“ наведува дека побарувачката за енергија ќе се зголеми повеќе од една четвртина меѓу 2017 и 2040 година под претпоставка дека ќе се подобри енергетската ефикасност, а без таквите подобрувања, побарувачката ќе се удвои, пренесува „Ројтерс“.

Глобалната побарувачка за гас, според процените на ИЕА, би се зголемувала 1,6 отсто годишно до 2040 година и би била 45 отсто повисока од денес.

Ваквите процени се базираат на документот од ИЕА, „Ново политичко сценарио“, кој ги зема предвид законодавството и политиките за намалување на штетните емисии, како и борбата против климатските промени, но исто така поаѓа од претпоставката за поголема енергетска ефикасност во користењето гориво, енергетска ефикасност на објектите и други фактори.

Прикажи повеќе...

Економија

Расте цената на нафтата на меѓународните пазари

Објавено пред

Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголемија и сега се над 71 американски долар кога Саудиска Арабија објави дека глобалната понуда би требало да се намали за еден милион барели дневно.

На пазарот во Лондон цените за барел пораснаа 1,08 долар во однос на претходното затворање и изнесуваат 71,26 долар.

На американскиот пазар беа тргувани барели по 74 центи повисока цена, односно по 60,93 долари.

Саудискиот министер за енергија рече дека глобалното производство треба да се намали за еден милион барели дневно во однос на нивото во октомври со цел повторно да се воспостави рамнотежа на пазарот и да се избегне несакана акумулација на резервите.

Според официјалните податоци, производството на Саудиска Арабија, Русија и Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми во претходните три месеци за 1,05 милион барели на ден.

Затоа Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ќе мора да го приспособи производството, кое изнесува околу 33,3 милиони барели дневно.

Цените на нафтата паднаа во октомври околу 20 отсто поради брзиот раст на глобалната понуда и заканите за намалување на побарувачката, особено од страна на корисници, како што се Индија, Индонезија и Кина, чии валути ослабеа во однос на доларот, и поради намалување на нивната куповна моќ.

ОПЕК соопшти дека цената на барел од референтната кошница на сурова нафта во петокот изнесуваше 68,89 долари, што значи дека паднала 1,79 долар во однос на претходниот ден.

Прикажи повеќе...

Економија

Министрите за земјоделство од регионот во Струга ќе договараат соработка за економски раст и просперитет

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, годинава се домаќини на дванаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, што ќе се одржи на 15 ноември во Струга.

Како што информираат од Министерството, на конференцијата ќе учествуваат ресорните министри од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Албанија, државни секретари од Србија, Хрватска, Унгарија, претстваници од министерствата од Германија, Чешка, како и претставници од Европската комисија, Организацијата за храна и земјоделство и ГИЗ.

„Во рамките на настанот министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ) и шефовите на делегациите ќе разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ, процесот на регионална соработка и значењето на процесот на евроинтеграција за земјите од Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Се додава и дека присутните на конференцијата ќе усвојат збир на цели за земјоделството и руралниот развој, кои треба да се постигнат во согласност со Европската Унија во форма на декларација што ќе ја потпишат на конференцијата.

„Декларацијата од Струга 2018 за регионална соработка за одржлив развој и економски просперитет во Југоисточна Европа претставува новоуправувана рамка во конципирањето еден насочен пристап кон земјоделството и руралниот развој и ја насочува визијата за регионална соработка во однос на заедничкиот економски раст и просперитет во регионот“, појаснуваат од Министерството за земјоделство.

Прикажи повеќе...

Најново

Истражувања1 час

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија2 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток2 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија3 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија3 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток4 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија6 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет6 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија6 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа6 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет7 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија8 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија9 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија9 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија17 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија22 часа

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ24 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија1 ден

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија1 ден

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет1 ден

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Досие