Контакт

Економија

(Видео) Димитриеска Кочоска: Mесто 1,2 милијарди евра помош, во стопанството завршиле само 350 милиони

Објавено пред

„Големата лага во низата на лаги на Зоран Заев ја разобличи Заменикот претседател на владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.Конечно некој имаше доблест да признае дека вкупниот износ на мерките е 350 милиони евра и со тоа се докажа дека 1 милијарда и 200 милиони евра помош за граѓаните и стопанството е само во главата на Зоран Заев и на малкумина негови послушници“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, партијата уште со носењето на вториот ребаланс укажала дека помошта за 2020 година нема да биде поголема од 350 милиони евра, што се докажа како точно.

„Како одговорна опозиција уште на самиот почеток кажавме дека владата треба брзо да реагира и да обезбеди средства со цел да му помогне на стопанството при што потпишав над 1 милијарда евра кредити кои требаше да завршат во стопанството. Власта да не се скрие зад Собранието, парите од еврообврзницата стигнаа во јуни кога се издаде еврообврзницата со најголем износ во историјата на македонската економија. Имаа и вонредна состојба, нели за тоа беше прогласена?

Дали е ова најголемиот доказ дека владата иако ги имаше сите механизми да му помогне на стопанството и населението, во тоа време беше фокусирана како да обезбеди поткуп на гласачи, а стопанството беше во втор план.  На дел од населението му дадоа еднократна помош, но затоа денес тоа исто население има поскап живот, поскапе струјата поскапе лебот, поскапеа сите продукти потребни за преживување, секој ден гледаме по различни општини како се носат одлуки за поскапување на водата. Вака ли го помогнаа населението кое допрва ќе се соочува со потежок живот поради порастот на цените на сите продукти?Лошото за Македонија допрва доаѓа. Буџетот не се поли согласно проекциите, наплатата е помала, фирмите имаат проблем со ликвидност, сега се уште имаат одложени отплати на кредити, но денот кога ќе треба да почнат да враќаат ќе дојде, додаде таа.

Димитриеска Кочоска вели дека треба да се забрани вработување во јавната администрација (онаа која беше преполнета во 2016) се трошат десетици милиони евра за ова. „Се расфрлаат пари за непродуктивни цели. Државата наместо да внимава како троши, троши расипнички.Банките во Македонија се изложени на историски највисоко ниво кон државата од рекордни 450 милиони евра позајмени пари на државата само за 2020  а кон стопанството 250 милиони евра.
И покрај сите пари кои владата ги зема и го зголеми јавниот долг за 1 милијарда евра, за стопанството и населението издвоија 350 милиони евра.И за крај прашувам, ако СДСМ вели дека помошта која што ја дале на стопанството е 1 милијарда и 200 милини евра, а Фатмир Битиќи вели 350 милиои евра каде завршија оние 850 милиони евра?“, додаде таа.

Економија

Исплатени 23,5 милиони евра од кредитната линија „Ковид 3”

Објавено пред

Од бескаматната кредитна линија „Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со 5 март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик, соопшти Развојната банка.

Со други зборови, заклучно вчерашниот ден се исплатени 96,7% од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.

Досега, одобрени се вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.

Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниот и Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.

„Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Заев: Повеќе од 30 проценти од произведената енергија е од обновливи извори

Објавено пред

Триесет проценти од произведената енергија е од обновливи извори на енергија и тука сме блиску до европскиот просек, истакна премиерот Зоран Заев.

„Со инвестиции во обновливи извори на енергија имаме основани причини дека ќе постигнеме повеќе од 50% на севкупното производство на енергија да бидат од обновливи извори на енергија“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање на тема енергетика.

Според него, целосното прилагодување и промена на јагленот како главен извор на производство на енергија со обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во државата.

Заев потсети дека сериозни капацитети и ресурси се насочени кон оваа дејност и, како што додаде, тоа се најголемите инвестициски потенцијали што во моментов се случуваат ќе се случуваат во следните години.

Премиерот Заев објасни дека најбрза инвестиција за најбрз можен начин за раст на БДП е инвестицијата во енергија посебно во обновливите извори на енергија.

„Овде спаѓаат фотоволтаиците, за кои во моментот најмногу се инвестира. Сакам да знаат граѓаните дека тие не одат веќе со фидинг тарифи, ниту со премиум тарифи, туку одат слободни на пазар. Вториот аспект се ветерниците во државата, каде се постави инвестиција вредна преку 500 милиони евра. Издадовме три лиценци за коишто се извадени веќе одобренија за градба, односно 30 мегавати во Богданци, 36 во Свети Николе и во Демир Капија уште 30-тина мегавати, значи некаде околу 100 мегавати се произведуваат само преку ветерници“, рече премиерот.

Заев истакна дека очекува тендерот за Чебрен да биде успешен поради добрите услови кои ги дава државата за обновливи извори на енергија.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Димитриеска-Кочоска: Владата нѐ однесе во банкрот, секое четиричлено семејство е задолжено со 2.400 евра

Објавено пред

Владата нѐ однесе во банкрот, секое четиричлено семејство за една година е задолжено со 2.400 евра плус камати, обвини Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е помината ни една година од првото затворање на економијата и прогласување на пандемијата, а Македонија е задолжена со над 1 милијарда и 150 милиони евра нов нето-долг. Или едно четиричлено семејство има нов долг за една година од речиси 2,400 евра плус камати. Повторувам 2.400 евра плус камати ќе врати едно четиричлено семејство за една година. Секој може да пресмета и да процени колку доби изминатава година, а колку ќе треба да враќа. Затоа што треба да ни е јасно на сите дека тој долг е наш, на сите нас, но и на нашите поколенија и сите заедно ќе го враќаме“, рече таа.

Дека народот е исплашен, додаде Димитриеска-Кочоска, дека нема пари, дека нема доверба во оваа Влада за подобро утре, покажуваат и податоците од Државниот завод за статистика за БДП за 2020 година, кои беа објавени пред некој ден.

„Приватната потрошувачка во 2020 година е намалена 5,6 % на годишно ниво, а само во последното тримесечје на годината 4,3 %. Уште повеќе загрижува податокот за бруто-инвестициите, кои во 2020 година се намалени 10,2 % во однос на 2019 година, а само во последниот квартал од 2020 година – 13 %. Ова јасно покажува дека оваа Влада немаше никакви капитални инвестиции, а приватниот сектор беше значајно погоден од кризата, без изгледи да влезе во инвестиции. Напоменувам, падот на бруто-инвестициите во 2020 година е повисок од оној што го имавме за време на воениот конфликт во 2001 година кога беше 6,1 %“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

Во Србија над 3.000 новозаболени и 20 починати

Според последните информации, во Србија биле регистрирани 3.042 новозаболени лица, а 20 лица починале. Во последните 24 часа биле тестирани...

Европа32 минути

Скандал во Бундестагот: Пратеници оствариле профит од трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет52 минути

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија2 часа

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија2 часа

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија2 часа

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа3 часа

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Македонија5 часа

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од...

Свет6 часа

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката...

Македонија6 часа

Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од...

Свет6 часа

Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија. Сепак,...

Свет18 часа

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Македонија20 часа

Мицкоски од инфективна: Ќе се спасите од мене само ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи од инфективната клиника, каде се лекува од коронавирус. Тој порача дека овој ден...

Топ23 часа

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Македонија23 часа

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани...

Македонија1 ден

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на...

Топ1 ден

Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници...

Македонија1 ден

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена...

Регион1 ден

Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на...

Досие