Контакт

Економија

(Видео) Димковски: Постигната највисока просечна откупна цена за тутунот во последните шест години

Објавено пред

Речиси 80 отсто од планираниот откуп на тутун е веќе завршен, а засега е постигната највисока просечна откупна цена во последните шест години, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, кој заедно со директорот на Државниот инспекторат, Зоран Шапуриќ, и со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, беа во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп и на откупниот пункт во с. Мало Коњари, Прилепско.

„До денеска откупени се 20 милиони килограми тутун и постигната е просечна откупна цена од 222,5 денара за килограм. Или вредноста на откупениот тутун е речиси 4,3 милијарди денари, од кои 4,1 милијарди се веќе исплатени од страна на претпријатијата кон тутунопроизводителите. Ова е една доста висока просечна откупна цена. За споредба, во 2018 година просечната откупна цена беше 214,2 денари за килограм, во 2017 беше 217,5 денари за килограм. Ако ги споредиме и претходните години, во 2014 година просечната откупна цена била приближно 118 денари, а во 2015 година просечната откупна цена била 185 денари. Очекуваме оваа цена да биде задржана до крајот на откупот“, изјави министерот Димковски.

Договорената количина за откуп од реколатата 2019 е околу 26 милиони килограми. Досега, речиси 30 отсто од откупената количина тутун е прва класа.
Министерот Димковски посочи дека од оваа година според новиот Закон за тутунот, производи од тутунот и сродните производи се укинуваат евидентните листови, со што драстично ќе се олеснат административните процедедури за тутунопроизводителите, односно договорите ќе ги склучуваат директно со откупните претпријатија.

Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции, што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. На овој начин се мотивираа тутунопроизводителите да произведуваат квалитетен тутун за да постигнат и повисока откупна цена.

Економија

Бектеши: Занаетчиите ќе ги поддржиме со 15 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска оствари работен состанок со претставници од Секцијата на фризери при Занаетчиската комора на Скопје.

На состанокот министерот ги информираше претставниците на фризерските салони за мерките за поддршка на занаетчиите и самостојните вршители на дејност преку Министерството за економија, како и за финансиската поддршка од четвртиот сет мерки коишто ги донесе Владата.

„По донесувањето на ребалансот на буџетот, Министерството за економија од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) ќе објави јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчии при што се предвидува надоместување на 60% од трошоците или максимум 30.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. За оваа намена од буџетот на Министерството за економија се предвидени 15 милиони денари“, информираше министерот Бектеши.

Министерот додаде дека од 1 јануари следната година ДДВ на занаетчиски услуги ќе се намали од 18% на 5%, а овој предлог веќе е доставен до Собранието. На занаетчиите и на самостојните вршители на дејности, како што посочи министерот, и натаму им остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до бескаматните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Досега исплатени 3,2 милијарди денари за обесшетување на штедачите во Еуростандард банка

Објавено пред

Фондот за осигурување депозити информира дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,2 милијарди денари, што претставува речиси 77 % од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

„Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата се врши директно преку Фондот за осигурување депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што тој изготвува потврди за обесштетување депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот. До денес се исплатени речиси 10 милиони денари по основ на обесштетување наследници на депоненти на Еуростандард банка АД Скопје во стечај, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Вицегувернерката Нацевска: Девизните резерви се во исклучително добра кондиција

Објавено пред

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за речиси 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја. Но, не само номиналниот износ, туку и релативните, меѓународно прифатените показатели за оцена на адекватноста, водат кон констатацијата дека нивото на резервите е соодветно и обезбедува заштита на девизниот курс на денарот.

Ова го истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју за австралиското радио СБС.

„Од почетокот на третиот квартал наваму трендовите на девизниот пазар во земјата постојано се подобруваат за што придонесуваат не само сезонските фактори туку главно и подобрите согледувања на граѓаните, кои се јавуваат со зголемена понуда на девизи. Во такви околности девизната ликвидност на банкарскиот систем и натаму се подобрува, со што значително се намали и потребата за интервенции на Народната банка. Во септември и октомври Народната банка е само повремено присутна на девизниот пазар со продажба на девизи на банките поддржувачи, при што износот на интервенциите е најнизок од почетокот на кризата наваму“, посочува Нацевска.

Во интервјуто, покрај на намената на девизните резерви, вицегувернерката се осврнува и на принципите на сигурност, ликвидност и профитабилност по кои токму по овој редослед Народната банка се води при управувањето со девизните резерви. Нацевска напоменува дека кога станува збор за вредноста на домашната валута, нема простор ниту за дилема ниту за компромис – денарот е и ќе остане стабилен.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија13 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија14 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет15 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија17 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија17 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија18 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија19 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија21 час

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија21 час

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет21 час

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија23 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија23 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет24 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија24 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија1 ден

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа1 ден

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија1 ден

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија1 ден

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија2 дена

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Досие