Контакт

Економија

(Видео) Заев и Георгиева: Успешните реформи и проекти во Македонија отвораат врати за нова значајна соработка

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, кој од денеска престојува во Софија, Република Бугарија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан, денеска имаше средба со извршната директорка на Светска банка, Кристалина Георгиева.

Заев и извршната директорка Георгиева изразија заедничко задоволство од досегашната соработка и аранжмани меѓу Република Македонија и Светска банка, особено во делот на поддршката на банката во финансирањето на инфраструктурните проекти како што е рехабилитацијата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патни правци.

Посебно внимание тие посветија на идните планови за соработка.

Премиерот Заев ја покани Светска банка да земе учество во Инструментот рамка за инвестиции на Западен Балкан (Western Balkans Investments Framework,WBIF), со нагласка на проектите во транспортот и енергетиката.

Во таа насока тој ги елаборираше проектите за енергетска независност и за борба против аерозагадувањето за што е предвидено Владата на РМ, со поддршка на Банката, да формира Фондови за енергетска ефикасност и за борба против загадувањето.

Двајцата се согласија дека во таа насока се добредојдени финансиските аранжмани кои ја препознаваат иднината за енергетска независност со поддршка за нови капацитети за обновливи енергии, особено во делот на фотоволтаичните електрични централи.

Георгиева истакна дека оптимизмот, реформите и развојот на Република Македонија во минатата година се препознаени и изрази подготвеност банката да ги земе предвид и другите проекти како што се иницијативите за трговија и транспорт од стратегијата за поврзување на Западниот Балкан што произлезе од Берлинскиот процес.

На средбата беше искажан заемен интерес Светска банка да ги поддржи проектите поврзани со локалниот економски развој на општините во Република Македонија за поголема финансиска самостојност на општините и за создавање услови за економски раст на локалните самоуправи.

Извршната директорка на Светска банка истакна дека Банката е подготвена, заедно со институциите во земјата да изготви студија за темелна проценка на идентификација на потенцијалите на Република Македонија за економски и општествен раст, која може да биде основа за идната стратегија за раст и за креирање нови работни места.

Економија

Ќе се формира работна група за избор на универзален снабдувач со струја

Објавено пред

Од

Министрите на денешната 69. владина седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата во врска со формирањето работна група што ќе подготви тендерска документација за постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија.

Во овој поглед Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања е обврзан во рок од 7 дена да формира работна група составена од претставници од самиот Кабинет, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Предлог за членови и заменик-членови во работната група до Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев треба да достават Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика.

Потоа, оваа работна група во соработка со Секретаријатот на енергетската заедница во рок од 60 дена треба да ја подготви тендерската документација за спроведување тендерска постапка по пат на јавен повик во согласност со прописите со кои се уредува набавка на јавна услуга за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија и да ја достави до Владата на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Донесена фискалната стратегија за периодот 2019-2021

Објавено пред

Од

На вечерашната владина седница министрите ја прифатија фискалната стратегија за периодот 2019-2021.

„Министрите по предлог на Министерството за финансии ја прифатија фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021. Среднорочната фискална стратегија претставува клучен документ за утврдување на среднорочните фискални цели на Владата на Република Македонија и нивно поврзување со стратешките приоритети на Владата, како и алатка за следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Економија

Четврта конференција за семејни бизниси

Објавено пред

Од

На 19 јуни во организација на бизнис-тренинг центарот Clear View ќе се одржи четвртата по ред конференција „Најголемиот предизвик на семејниот бизнис“.

„Семејните компании се темел на глобалната економија. Тие инвестираат на подолг рок и ја поддржуваат нивната заедница и вработените. Инспирирани од статистиката дека семејните компании при преносот на сопствеништвото на вторaта генерација, за жал, 70% отсто пропаѓаат, ја организираме оваа конфенеренција. За таа цел носиме интернационални експерти на оваа тема, кои ќе им помогнат на македонските бизнисмени и наследници да добијат одговор на голем дел од прашањата што ги измачуваат, ќе пренесат регионални практики и ќе споредат како тоа се прави во овој регион, а како кај нас. Се надеваме дека отворањето на оваа тема, која е од поголем општествен интерест, ќе ги поттикне и другите релеватни фактори на општеството да обратат поголемо внимание на ова горливо прашање на македонската економија“, велат организаторите на конференцијата.

Универзални одговори на овие чувствителни прашања нема и едукацијата се спроведува на најдобриот достапен начин, преку искуства на други што веќе ја направиле оваа транзиција.

Оваа година главните теми и дел од говорниците на конференцијата се:

– Принципот е тој, разликата е во нијансите – Што можеме да научиме од искуствата на земјите од ЕУ кои низ бизнис-трасфер поминуваат стотици години – Мирела Алпеза – Хрватска
– Вака или онака, ќе ве наследат, нека биде под ваши услови! – Како го пренесов водењето на Адижес Институтот на синот – Ичак Адижес – Институт „Адижес“, Санта Барбара
– Големи беа чевлите на тато… морав бргу да пораснам – Моето искуство во превемањето на компанијата од татко ми, основачот – Аднан Мисимовиќ – БиХ
– Пренос на наследство на втората генерација во посттранзициски земји – 10 години искуство со семејни бизниси – Борис Вукиќ – Адижес Southeast Europe
– Панел-дискусија – „Како да се поттикнат основачите да започнат со бизнис-трансфер“

Импресиите од минатите три конференции се одлични:

– Над 350 посетители, сопственици и наследници на семејни бизниси

– 29 панелисти на сцена, истакнати македонски бизнисмени, кои ги споделија своите искуства за процесот на трансфер на нивните бизниси

Корисни содржини на оваа тема може да најдете на блогот за конференцијата. На конференцијата како гости и оваа година ќе бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси. Повеќе детали за конференцијата има на официјалата интернет-страница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Заев го состави списокот: три министерства ќе добијат нови челници

Премиерот Зоран Заев попладнево го испратил предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Според него,...

Македонија6 часа

(Видео) Лазаревски: Го напуштив работното место во МВР за да ги заштитам бомбите

Јас го напуштив моето работно место за да ги заштитам бомбите, таа одлука не беше само моја. Постоеше некаква опасност...

Економија9 часа

(Видео) Менаџментот на „Југохром“ најавува рестартирање на комбинатот во ноември

По средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, менаџментот на „Југохром“ најавува дека до ноември ќе...

Македонија9 часа

(Видео) Функционерите на ДУИ најголеми трошаџии во Владата

Вања Михајлова, експерт за антикорупција, на денешната прес-конференција во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата“ истакна дека...

Македонија9 часа

Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Судот му одреди притвор на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, сè додека не почне да ја издржува затворската казна....

Економија9 часа

(Видео) Тевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека имаа неправедно пониско ниво на минимална плата. Ако го погледнете...

Македонија12 часа

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news12 часа

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава13 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести14 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија15 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија1 ден

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија2 дена

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија2 дена

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет2 дена

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Досие