Контакт

Економија

(Видео) Заев: 70 милиони евра за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј

Објавено пред

Денес, и официјално се потпишуваат договорите за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати, рече премиерот Заев на потпишувањето на договорите за изградба на електраната помеѓу „Електрани на Северна Македонија“ и партнерите „Фортис енержи електрик“ од Турција и „Солар про“ од Бугарија.

Заев истакна дека станува збор за една од најголемите инвестиции во енергетиката, поточно во обновливите извори за производство на електрична енергија.

„Вредноста на инвестицијата е 70 милиони евра, а ова постапка успешно ја завршивме по пат на јавноприватно партнерство“, рече премиерот.

Тој објасни дека фотонапонската електрана од 100 мегавати е конципирана како две постројки по 50 мегавати, во кои АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер со компанијата „Фортис енержи електрик“ од Турција во едната електрана, а во другата електрана со „Солар про“ од Бугарија.

„Двете компании на јавниот повик имаа најдобри понуди. За возврат, приватните партнери на ЕСМ ќе му исплаќаат надоместок за јавноприватното партнерство во износ соодветен на 18 и на 18,5 % од произведената електрична енергија за час“, посочи Заев и додаде дека заработката на државата според пресметките би се движела до 1,5 милион евра годишно.

Дополнително, рече премиерот, инвеститорите имаат обврска да земат по еден вработен од мегават, односно 100 вработени од „Осломеј“.

Во своето обраќање Заев се осврна и на енергетската транзиција на земјата за која рече дека е развиен сериозен енергетски стратешки план како една од точките на Акција 21 и во интервентниот План за инвестиции 2021-2027.

„Одржливата или зелена енергија е меѓу нашите приоритети. За тоа потврдуваат и резултатите, Северна Македонија е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 % и е во рамките на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто. До 2030 година следува постепено затворање на термоелектраните, на сите три блока во ‘РЕК Битола’ и еден блок на ‘РЕК Осломеј’. Новите инвестиции во фотоволтаици се 1.800 мегавати во државата“, посочи премиерот и додаде дека дел од процесот на енергетската транзиција и спроведувањето на праведна транзиција (just transition) во енергетскиот сектор предвидено е воведување еколошки такси на загадувачите, вклучувајќи ги и нафтените деривати, а во наредните години и еколошка такса на јагленот и производството на електрична енергија од јаглен, во согласност со политиките на Европската Унија и обврските од Парискиот договор.

„Средствата од овие еколошки такси ќе бидат исклучиво наменети за дополнителни проекти за зелена енергија. Донесовме стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, во која се предвидени три сценарија – основно, умерено и зелено. Добивме поттик од невладиниот сектор и од меѓународните организации да го имплементираме зеленото сценарио, што значи поголеми инвестиции во чиста енергија, обновливи извори на енергија, затворање на термоелектраните на јаглен, инвестиции во енергетска ефикасност. Праведната транзиција, меѓу другото, значи и тие што загадуваат да плаќаат пенали, со цел да се обезбедат средства во буџетот за успешно спроведување на праведната транзиција“, заклучи Заев.

Генералниот директор на „Електрани на Северна Македонија“, Васко Ковачевски, истакна дека договорот за јавноприватно партнерство ќе биде во траење од 35 години по што приватниот партнер е обврзан да го пренесе правото на сопственост на фотонапонските електрани на јавниот партнер, односно АД ЕСМ, и да ги предаде во фактичко владение во исправна оперативна и погонска состојба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет5 минути

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија16 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет21 минута

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника46 минути

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет1 час

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет1 час

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет1 час

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски за измените во Законот за јавни набавки: Ќе се спречат намерното уривање и одолговлекување на тендерските постапки

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со зголемувањето на прагот за директни јавни набавки од 5.000 на 10.000 евра, односно од...

Македонија2 часа

(Видео) Владата очекува да ги заврши реформите до декември, дел од законите сè уште се усогласуваат со Брисел

Владата очекува до крајот на декември да ги заврши сите реформи предвидени во Реформската агенда, а дел од клучните закони...