Контакт

Економија

(Видео) Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколта 2019

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерката за финансии, Нина Ангеловска, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство, Николче Бабовски, денеска одржаа прес-конференција во врска со исплатата на субвенциите за тутун од реколта 2019.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 19.050 тутунопроизводители, денеска исплати над 30 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун во регистрирани откупни претпријатија за реколта 2019. Поради вонредната состојба предизвикана од КОВИД-19 и придонес кон заштита на јавното здравје Агенцијата, министерствата за земјоделство, за финансии, за одбрана и за внатрешни работи како и Народната банка подготвија соодветен модел за начинот на подигнување на парите, се со цел да не се создадат дополнителни гужви во сите филијали на банките.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, информира дека субвенциите се веќе исплатени на сметките на корисниците, и апелираше до тутунопроизводителите да се придржуваат кон начинот на подигнување на парите.

„Подигнување на субвенциите за тутунот ќе се одвива во четири последователни денови започнувајќи од 21 април, вторник, заклучно со 24 април, петок. За секој од овие четири денови е направен распоред на исплата според азбучен ред на презимињата на физичките лица тутунопроизводители и на правните лица. Оние тутунари кои сакаат да подигнат готовина од банкомат, ќе можат да го сторат тоа и во понеделник од 16 до 23 часот, за што Министерството за внатрешни работи ќе има список според азбучниот ред“, истакна Димковски.

Можност за вадење готовина од банкоматите корисниците ќе имаат и од вторник до петок до 18 часот и покрај полицискиот час, во договор со Министерството за внатрешни работи кои ќе имаат списоци.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, изјави дека подигнувањето на субвенциите од шалтерите на банките ќе се реализира по азбучен ред.

„Сите корисници на финансиска поддршка за тутунот кои немаат платежни картички а презимињата им почнуваат со буквите: А, Б, В, Г и Д, средствата од шалтер во банката ќе може да ги подигнат во вторник 21 април. На 22 април (среда), се исплаќаат субвенциите за тутун за апликантите на кои презимињата им почнуваат со буквите: Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, и К. На 23 април, (четврток), се исплаќаат субвенциите за тутун за апликантите на кои презимињата им почнуваат со буквите: Л, Љ, М, Н, Њ, О, П, и Р. Во петок се исплаќаат сите корисници на кои презимињата им почнуваат со буквите: С, Т, Ќ У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш“, рече директорот на АФПЗРР, Бабовски.

Министерката за финансии Ангеловска истакна дека средствата се веќе легнати на сметките на корисниците. Таа посочи дека за да се дисперзира ризикот и гужвата, банките во градовите каде се најголем број од корисниците на субвенции за тутунот, ќе работат со продолжено време, односно од 8 часот до 17 часот. Така сите експозитури на НЛБ банка во градовите Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино ќе работат тие денови до 17 часот. Воедно банката нема да наплаќа провизија за вадење средства преку банкомати на други банки. Експозитурите на Стопанска банка ќе работат до 17 часот во Прилеп, Битола, Радовиш и Струмица.

„Ќе апелирам, и во редовни, а посебно во овие услови, плаќањето со картичка е многу побезбедно, отколку плаќањето со банкноти. Потсетете се дека банкнотите поминале низ стотици, илјадници раце, а со картичката ракувате само вие. Ќе споменам и дека веќе се подготвувавме со Народната банка и банките за исплата на пензиите, кои опфаќаат 20 пати повеќе граѓани отколку исплатата на субвенции кај тутунарите. Оваа поголема исплата е планирана за последната недела од април и исто така ќе се систематизира и дисперзира, со цел да се заштити здравјето на граѓаните“, рече Ангеловска.

Тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите две и пол години бележи стабилно и одржливо производство. Тоа се должи на владините политики за оваа гранка, пред сѐ на новиот модел за повисоки субвенции за тутунот, според кој за прва класа субвенцијата е 80 денари за килограм, за втора 70 ден и за трета и дополнителните класи 60 ден за килограм.

Оваа Влада покажа што значи вистинска грижа за целиот сектор земјоделство, преку секоја преземена мерка во интерес на земјоделците. Владата и понатаму ќе продолжи да креира поволна клима и услови за развој на агросекторот.

Економија

Инвестиција од 650 илјади евра за реконструкција на трафостаницата Струмица 2

Објавено пред

„Владата и МЕПСО посветено работат на унапредување и модернизација на капацитетите и преносната мрежа на електрична енергија, преку реконструкција и ревитализација на трафостаниците и водовите, со цел да се обезбеди подобар и постабилен систем на пренос на електрична енергија“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при работната посета на општина Струмица, каде заедно со директорката на А.Д. МЕПСО Ева Шуклева и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски извршија увид во реконструкција на трафостаницата Струмица 2.

Проектот за реконструкција на трафостаница Струмица 2 е со вредност од 650 илјади евра и опфаќа замена на старите прекинувачи во преносната мрежа, кои беа во употреба повеќе од 50 години, со прекинувачи од најновата генерација.

Министерот Бочварски истакна дека со овој проект ќе се зголеми квалитетот на системот и ќе се унапреди преносната мрежа на електрична енергија во Струмичкиот регион.

„Со инвестициите во енергетскиот систем овозможуваме стабилност на енергетскиот сектор, зголемен квалитет на преносот и снабдувањето со електрична енергија, како и поголема безбедност. Покрај реконструкцијата на трафостаницата Струмица 2, веќе е реконструирана и трафостаницата Струмица 1 која се поврзува на трафостаниците Сушица и Валандово, па сè до Бугарија. Ги поздравувам и ги охрабрувам ваквите проекти со кои се отвораат можности за нови инвестиции и се создаваат поволни услови за работа на компаниите“, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорката на А.Д. МЕПСО Ева Шуклева истакна дека главен приоритет на МЕПСО е да обезбеди непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија на сите корисници на преносната мрежа и да овозможи доверливо и сигурно работење на електропреносниот систем.

„Со цел да овозможиме непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија и стабилност на електропреносниот систем, потребни се континуирани инвестиции во опремата на трафостаниците и далеководите. Покрај големите инвестициски проекти за надградба на постоечката и изградба на нова мрежа, А.Д. МЕПСО посветено работи и на одржување и ревитализација на сите електроенергетски објекти, согласно годишните планови. Повод за денешната посета на трафостаница Струмица 2 е замена на постоечките прекинувачи со нови. Новите прекинувачи припаѓаат на најновата генерација и се карактеризираат со способност за најкратко време да го изгаснат електричниот лак што се јавува при манипулација, вклучување и исклучување на прекинувачот. Како медиум за гаснење на прекинувачот користиме SF6 гас кој во пракса, во светски рамки, се покажа како најефикасен. Оваа активност е дел од проектот што А.Д. МЕПСО го финансира со сопствени средства во висина од 650 илјади евра и опфаќа набавка на 31 нови 110kV прекинувачи кои во рок од 2 години ќе бидат монтирани и ставени во функција. Постапката за замена на прекинувачите ја извршуваат наши квалитетни, специјално обучени и сертифицирани стручни кадри“, изјави директорката на А.Д. МЕПСО, Ева Шуклева.

При денешната посета на општина Струмица, министерот Бочварски оствари и работна средба со градоначалникот Коста Јаневски на која разговараа за примената на новиот Закон за урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање.

„На средбата со градоначалникот Јаневски и останатите претставници на општината ги отворивме прашањата за примената на новиот Закон за урбанистичко планирање, а исто така разговаравме и за сите значајни проекти што се реализираат во Струмица и околината меѓу кои и проектот за санација на локални патишта и улици, како и за потребата од нови инвестиции кои дополнително би придонеле за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и би овозможиле локален економски раст“, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Прикажи повеќе...

Економија

Бензините поевтинуваат

Објавено пред

Од вечерва на полноќ цената на бензините се намалува за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар на 59 и 61 денар за литар.

Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 денари и ќе изнесува 26,754 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

Американската амбасадорка Кејт Брнз во работна посета на „Алкалоид“

Објавено пред

Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави предводена од нејзината екселенција амбасадорката Кејт Мери Брнз оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје.

За време на посетата високите дипломатски претставници беа запознаени со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производните операции. Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата.

Акцентот на посетата беше ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави каде ,,Алкалоид АД“ Скопје во 2005 година основаше своја подружница со седиште во Њу Олбани, Охајо. На ваквиот деловен потег му претходеше успешната деловно-техничка соработка   со реномирани компании од САД, трасирани пред повеќе од 5 децении. Во моментов „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.

Од деловните потфати во САД, особена гордост за „Алкалоид“ се пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“. Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, компаниите „Арбон интернационал“ и ,,Свансон“, кои во 2019 година надминаа извоз во САД од 5 милиони американски долари, со тенденција за раст.

Амбасадорката Брнз го истакна своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“, а особено беше фасцинирана од обиколката на производните капацитети на компанијата, како и високото ниво на технолошка опременост и човечкиот капитал кој управува со процесите. На темата човечки капитал, Амбасадорката Брнз особено се интересираше за предизвиците со кои компанијата се соочува при регрутација на нови кадри, нивната обученост, способности и вештини кои се потребни да ги поседуваат поради спецификите на дејноста.

Брнз имаше чест да ги посети и најновите проширени производствени капацитети за чија изградба и опремување компанијата неодамна вложи над 11 милиони евра и чие комплетно пуштање во функција се очекува во претстојниов период.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Регион52 минути

Полициски час во Словенија

Словенија го враќа полицискиот час откако во последните неколку денови е забележан голем пораст на бројот на заболени од коронавирус....

Македонија2 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет4 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа4 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет4 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет5 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет5 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија6 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион6 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа17 часа

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа18 часа

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион19 часа

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Свет20 часа

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer. Бројот на...

Македонија21 час

Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за...

Македонија22 часа

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Ангеловски: За три недели изречени над 12.000 казни за сообраќајни прекршоци

МВР покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени сообраќајни контроли и во другите градови, меѓу кои и Кичево,...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Бигорскиот манастир надживеал империи и држави, денеска го започнува своето второ илјадалетие

Денешниов свечен ден е прекраток, за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на манастирот „Свети Јован Бигорски“,...

Регион1 ден

Во Словенија највисок процент на заразени според бројот на направени тестови

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 726 нови инфекции со коронавирус на 3.765 тестови, објави словенечката влада, што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Aприл 2021 е месецот за спроведување на пописот

Пописот ќе се одржи во април 2021 по сите правила на Еуростат, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, каде...

Досие